Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали ќе си помирен ако им ги свичнеме местата и Миле е КУРВАРОТ? Уште не виде зашто курвата е земена за пример?

И кои се тие нагони овде што моралот не треба да ги потиска?

Зборувавме за универзален морал Ипси, не староеонски новоеонски, дали за вас тоа постои?
Ако воопшто постои универзален морал, истиот не може да оди против природните нагони, во спротивно ќе биде универзален пекол, само името ќе му се вика морал.
Не може со сила да потиснеш нешто кое природата со милиони години еволуција го обликувала. Можеш да се обидеш, но ќе избие на површина кога тогаш, многу веројатно деформирано....
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Проблемот со моралот што го форсираат староеонските религии е што ги игнорира природните нагони и потреби за сметка на идеологии и теологии што се прикажуваат како божји а не може да бидат подалеку од тоа.
Секогаш кога било кој морален или етички кодекс ќе дојде во конфликт со природен нагон, кодексот е тој што треба да се преиспита или смени, а не да се потиснува тоа што природата ни го дала како дел од нас. Тука настануваат проблемите, но вие проблемот наместо во причината, го гледате во последицата.
Силогизмот од муабетов што се наметнува е клучен за Вас како Телема т.е. како се претставувате– немате СВЕСТ дека сте Верници во Собор кои појма немаат што е ДОГМА..., первертирани поими на перверзен ум заглавен во хаос и конфузија. :coffee:

https://youtu.be/reureuPXYMLVCw
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Силогизмот од муабетов што се наметнува е клучен за Вас како Телема т.е. како се претставувате– немате СВЕСТ дека сте Верници во Собор кои појма немаат што е ДОГМА..., первертирани поими на перверзен ум заглавен во хаос и конфузија. :coffee:

https://youtu.be/reureuPXYMLVCw
Просветли ме што е догма.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Просветли ме што е догма.
Вистинската верзија на твојата перверзија. За почеток.:coffee:
Гледам дека си во конфузија, но вреди да се проба или не?! Битно е да не комбинираш со суета за да тргне работата...(y)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.149
Видов зошто е земена, зошто жената е примерот, а не мажот ми е проблемот :)

Не постои универзален морал во однос на сексот (бидејќи примерот е секс како што разбрав јас) и божественото, ниту сега ниту во минатото кој што е поврзан со религиозен авторитет - а нема да постои ниту во иднина :)

Дали ти не ме читаш мене внимателно што дадов одговор? И зошто е потребно религиозен авторитет да ми расправа мене што е морално што не?
Од кога религиозен авторитет кој се темели на догма е пример како прво за морал и етика одозгора ќе додадам?
Посебно старите религии?
НИКОЈ!
Посебно кога се работи за водењето љубов? Тоа да го барам во стариот еон? Во религиите на христијанство и ислам? Таму ме туркаш со муабетот?
Не се мачи - пирамидите ќе ги поместиш полесно отколку мене да ме поместиш и за една јота кон тој сулфур!

Кој фалус фактор е било кој во однос на тоа како јас го обожувам највисокото или било кој друг? :)

Се е неморално за стариот еон во однос на жената! Кој страв од жената, секогаш во некој лош пример даден како таа е онаа што изневерува, таа е онаа што е неспособна, таа е крива за не знам што, јадела од забрането овошје и го зафркнала и мажот... можеби од таму тој страв кај овие... кој знае? :)
Тоа не може повеќе и не постои повеќе... твоите примери се примери повеќе за довербата и разбирањето на двајца партнери, а не за ти што ми расправаш комон сенс, морал не знам ти што...

Еве ќе ти копирам и тука што реков за твојот пример како решение:

Стојна може да прави што сака, исто и Миле... последицата од твојот пример со Стојна (не знам зошто Курва мораше да се додаде на целото тоа) или е ќотек (ќе го јаде Миле стапот со тоа, а и насилството раѓа насилство и не враќа во стариот еон), или развод ако се во брак, или обично разминување и секој си гледа патот во иднина, со поеќе искуство што да прави што не - така некои учат дека секоја акција носи реакција ( не секогаш позитивна).
Можеби и ќе се разберат Миле и Стојна кога ќе си направат муабет... од каде знаеш? :D
Можеби Миле нема проблем жена му да има и други партнери освен него... ако ти имаш, твојата Стојна може да ја нарекуваш курва колку сакаш!

И да додадам истото важи и за Миле... тој не е повеќе „глава во семејството“ и за него да важат други закони! :)

Затоа, гледајте си дворот, обожувајте со распламтени срца и водете љубов како да нема утре! И се ќе ви биде добро...

Љубовта ослободува, нели... не е со ф, бидејќи за мене Љубовта е религија, а не проклет панаѓур од стариот еон, со расипани играчки :D
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Вистинската верзија на твојата перверзија. За почеток.:coffee:
Гледам дека си во конфузија, но вреди да се проба или не?! Битно е да не комбинираш со суета за да тргне работата...(y)
Имаш конкретно прашање, или дај конкретен одговор, или не ми се обраќај.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Имаш конкретно прашање, или дај конкретен одговор, или не ми се обраќај.

Ова е перверзијата на што ти укажав, лесно се воочува вистинската верзија:)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Ова е перверзијата на што ти укажав, лесно се воочува вистинската верзија:)
Останува фактот дека со инка не се става, ти си безнадежен случај....ни дискусија неможеш да водиш на нормален начин. Ми се обрати - ме цитираше за тоа како сум ја разбирал догмата, те прашувам да објасниш што е според тебе, ти ми постираш пост за наводна перверзија што само ти ја гледаш..... Дијалог со тебе е како глувонем и слеп да си муабетат....
 
H

Hyperion VI

Гостин

Ова е перверзијата на што ти укажав, лесно се воочува вистинската верзија:)
Не е затнување муцка,барем кај мене.
не знам за @ПрофаундлиСтупид ?
Не можам за луѓе што сум јадел и пиел на иста маса,до пред некоја година,да користам исти аршин.

Тука Гурџи е многу грешка
(јас сакав да се спријателам со него,ама гледам дека не бива)
А и никој не ми ја затнува муцката со провокации,секако.
Еве си пишувам што си мислам секогаш.

Си имам свои причини зашто сум разочаран од О.Т.О. и Телема воопшто.
Ама не осеќам омраза спрема ниеден член на О.Т.О.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Видов зошто е земена, зошто жената е примерот, а не мажот ми е проблемот :)

Не постои универзален морал во однос на сексот (бидејќи примерот е секс како што разбрав јас) и божественото, ниту сега ниту во минатото кој што е поврзан со религиозен авторитет - а нема да постои ниту во иднина :)

Дали ти не ме читаш мене внимателно што дадов одговор? И зошто е потребно религиозен авторитет да ми расправа мене што е морално што не?
Од кога религиозен авторитет кој се темели на догма е пример како прво за морал и етика одозгора ќе додадам?
Посебно старите религии?
НИКОЈ!
Посебно кога се работи за водењето љубов? Тоа да го барам во стариот еон? Во религиите на христијанство и ислам? Таму ме туркаш со муабетот?
Не се мачи - пирамидите ќе ги поместиш полесно отколку мене да ме поместиш и за една јота кон тој сулфур!

Кој фалус фактор е било кој во однос на тоа како јас го обожувам највисокото или било кој друг? :)

Се е неморално за стариот еон во однос на жената! Кој страв од жената, секогаш во некој лош пример даден како таа е онаа што изневерува, таа е онаа што е неспособна, таа е крива за не знам што, јадела од забрането овошје и го зафркнала и мажот... можеби од таму тој страв кај овие... кој знае? :)
Тоа не може повеќе и не постои повеќе... твоите примери се примери повеќе за довербата и разбирањето на двајца партнери, а не за ти што ми расправаш комон сенс, морал не знам ти што...

Еве ќе ти копирам и тука што реков за твојот пример како решение:

Стојна може да прави што сака, исто и Миле... последицата од твојот пример со Стојна (не знам зошто Курва мораше да се додаде на целото тоа) или е ќотек (ќе го јаде Миле стапот со тоа, а и насилството раѓа насилство и не враќа во стариот еон), или развод ако се во брак, или обично разминување и секој си гледа патот во иднина, со поеќе искуство што да прави што не - така некои учат дека секоја акција носи реакција ( не секогаш позитивна).
Можеби и ќе се разберат Миле и Стојна кога ќе си направат муабет... од каде знаеш? :D
Можеби Миле нема проблем жена му да има и други партнери освен него... ако ти имаш, твојата Стојна може да ја нарекуваш курва колку сакаш!

И да додадам истото важи и за Миле... тој не е повеќе „глава во семејството“ и за него да важат други закони! :)

Затоа, гледајте си дворот, обожувајте со распламтени срца и водете љубов како да нема утре! И се ќе ви биде добро...

Љубовта ослободува, нели... не е со ф, бидејќи за мене Љубовта е религија, а не проклет панаѓур од стариот еон, со расипани играчки :D
Ти Хепта ништо не си прочитал како треба... да ти прераскажам пред спиење.... или прекопирам....

Ипси почна со изјавата.... бла бла бла дека девојките што имаат секс вон брак се курви и слично?

На што јас се заинтересирав кој ви е ставот за брак и сакав да расгледаме ситуација каде жена стварно може да е курва... притоа внимавав и на твоите геј миленици... еве види...
Доколку се во моногамна заедница и пример жената го изневерува мажот ( или обратно ), или едниот во геј брак тоа го прави.... дали тоа се смета за неморално?
Не зборувам за взаемен договор, отворен брак, свингерајство и секоја можна комбинација која се базира на договор и согласност помеѓу партнерите, туку лажење, изневерување, зад грб...

Еве фор д сејк оф д аргјумент да ги разгледаме Миле и Стојна, а може да бидат и Дарјан и Леон или Тина и Ана.

Миле оди на работа, посветени е на фамилијата, Стојна го вика комшијата да ја разработи во спалната која Миле ја купил, Миле не знае дека Стојна практикува фитнес со комшилукот, си ја сака Стојна и не оди по комшиките да го сподели своето семе.

Дали тогаш Миле има право да ја нарече Стојна курва?

Дали проблемот е во Миле што е глуп што очекува Стојна да е посветена на нивното моногамно партнерство?

Зошто е Стојна во брак со Миле?

Дали промискуитетноста на Стојна, нејзината неспособност да си ги контролира нагоните се гледа како нејзина воља? А Миле како некој кој не ја почитува нејзината воља?

Дали Миле треба да ја прифати Стојна и продолжи да си ја сака и само со неа да споделува телесни течности ( кога ќе дојде на ред ), да продолжи да оди на работа, да се враќа дома кај Стојна и пред да си дојде да помине до Тинекс, купи ракиичка краставици патлиџан сиренце, кога ќе стигне дома да не ги прекине Стојна и комшијата во спална туку во кујна да направи салата и откако ќе свршат овие у спална, Миле да го понуди комшијата ракииче и мезе?
Ипси дефлектираш и избегнуваш, правиме муабет дали постојат некои ситуации во кои е оправдано она да биде наречена курва, односно еве неморална.

Значи она самата му кажала на Миле дека ќе биде верна, направиле договор небитно дали на нотар, му дала збор како и он нејзе.

Она го ИЗЛАЖАЛА, не го испочитувала договорот.
Миле ја нарекува КУРВА, а ти се појавуваш и викаш дека Миле не смее така да ја нарече.

Дали постои неморално однесување според вас?
А Ипси со кој евидентно не си синхронизиран го изјави следното...

Во Телемата моралот е субјективен, се базира на чистата волја на поединецот, а не на идеологии и етика што имаат тенденции да ги стави луѓето во калап.
И јас пак прашувам дали постои за вас универзален комн сенс морал заеднички за сите култури... не убивај.. не лажи.... не кради?
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И јас пак прашувам дали постои за вас универзален комн сенс морал заеднички за сите култури... не убивај.. не лажи.... ?
Книга на рамнотежата:

6. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?

11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.

12. Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.

Link
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.149
И јас пак прашувам дали постои за вас универзален комн сенс морал заеднички за сите култури... не убивај.. не лажи.... ?
Да не пролеваш туѓа крв има магиско значење! Ова што расправаш ти за убивање... и ти е само поврзано со некаков си морал...
Тоа што за тебе е морал и етика, во магиска смисла има уште поголема тежина, но тоа навистина нема да расправам со тебе.
Тоа го расправав површно на друга тема, токму за Црните браќа кои одбраа туѓа крв за да се заштитат од смртта! :)

Ахахаа „твоите миленици геј“ :D Nice touch :D

Телема е религија или философија за поединецот, како сакаш. Телема што учи? Учи за мноштвото како да се однесува во однос на божественото и другите или поединецот?
Ако поединецот го научиме дека има апсолутна слобода, но со тоа и апсолутна одговорност за неговите дејствувања (и да заборави еднаш засекогаш да се повикува на божествениот авторитет заради неговото неразбирање на нештата) - тогаш сме постигнале многу.
Свесноста за непрекинатоста на Нуит е свесност за своето постоење во однос на другите! Дали разбираш?
Секој е сам свештеник или свештеничка на Највисокото/највнатрешното!
Би бил свештеник некој на смртта и распаѓањето? НЕ!

Ти сметаш дека моралот го има во христијанството? Во исламот? Во денешниот свет морал за тебе е некој да не лаже и да не краде и да не убива?
Го нема во Телема?
Што знаеш за Телема, сине?

Не може одеднаш сите да ги научиме на тоа, но вака, полека ќе биде - и еден поединец во даден момент да го разбере тоа и да го применува - е добро.

Ви го споделив есејот за должноста... кој го прочита, го прочита - другите свирјакте си!

Зарем религиозниот авторитет во исламот нема да те прогласи за виновен (повикувајќи си дури и на самиот бог во кој што верува, која дрскост) и да те убие за она што на пример Телемит ќе се радува да го прави во животот?
Размисли што би било тоа...
Тоа е моралност? Во однос на убивањето?
Морално е религиозен авторитет да ги витка во убава хартија сите глупости изнапишани за жената колку и зошто е неспособна во однос на божественото?
Некои пак не го ни виткаат во убава хартија сето тоа...

Ако ти и твојата девојка сте согласни да имате други партнери - тоа е морал или неморал? :D
Гледано од тоа која религија ти ја следиш - што би одговорил?
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
6. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?
Значи Миле не треба да и суди на Стојна, тоа шо она не е толку јака ко Миле и паднала на искушението Миле треба да го разбере и никако да не ја нарече КУРВА.

Стојна е КУРВА бе Ипси шо она не раскрстила со Миле пред да го изневери.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Значи Миле не треба да и суди на Стојна, тоа шо она не е толку јака ко Миле и паднала на искушението Миле треба да го разбере и никако да не ја нарече КУРВА.

Стојна е КУРВА бе Ипси шо она не раскрстила со Миле пред да го изневери.
Јас стварно не разбирам што сакаш ти од мене да прочиташ....?! Ти реков дека лажењето не е ок, каков одговор, каков став сакаш од мене? Што се обидуваш да докажеш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom