Верувам во...

H

Hyperion VI

Гостин
А кој е вашиот став за бракот? Дали е тоа вештачко партнерство бидејќи човекот не е моногамно суштевство, па е сосема нормално да бараме други сексуални партнери?
Зошто воопшто би бил некој во брак?
Тука ќе морам да ги одбранам телемитите,поради тоа што секој од нив го почитува законот
„Прави што ти е волја",
па во согласност со верувањата,
постојат и многу моногамни заедници
(да не речам дека и повеќето што ги познавам живеат во класична брачна заедница).
Секако дека има и исклучоци,но не мислам дека телемитите го сметаат бракот за вештачко партнерство.
(Дури и ако Кроули го има спомнато тоа како размисла во некоја од книгите,не ми текнува која).
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931

Доколку се во моногамна заедница и пример жената го изневерува мажот ( или обратно ), или едниот во геј брак тоа го прави.... дали тоа се смета за неморално?
Не зборувам за взаемен договор, отворен брак, свингерајство и секоја можна комбинација која се базира на договор и согласност помеѓу партнерите, туку лажење, изневерување, зад грб...

Еве фор д сејк оф д аргјумент да ги разгледаме Миле и Стојна, а може да бидат и Дарјан и Леон или Тина и Ана.

Миле оди на работа, посветени е на фамилијата, Стојна го вика комшијата да ја разработи во спалната која Миле ја купил, Миле не знае дека Стојна практикува фитнес со комшилукот, си ја сака Стојна и не оди по комшиките да го сподели своето семе.

Дали тогаш Миле има право да ја нарече Стојна курва?

Дали проблемот е во Миле што е глуп што очекува Стојна да е посветена на нивното моногамно партнерство?

Зошто е Стојна во брак со Миле?

Дали промискуитетноста на Стојна, нејзината неспособност да си ги контролира нагоните се гледа како нејзина воља? А Миле како некој кој не ја почитува нејзината воља?

Дали Миле треба да ја прифати Стојна и продолжи да си ја сака и само со неа да споделува телесни течности ( кога ќе дојде на ред ), да продолжи да оди на работа, да се враќа дома кај Стојна и пред да си дојде да помине до Тинекс, купи ракиичка краставици патлиџан сиренце, кога ќе стигне дома да не ги прекине Стојна и комшијата во спална туку во кујна да направи салата и откако ќе свршат овие у спална, Миле да го понуди комшијата ракииче и мезе?
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
Дали тогаш Миле има право да ја нарече Стојна курва?
Не,во никој случај,ако Миле сѐ осеќа изиграно,тогаш нека си ја препрочита Книгата уште неколку пати.
(еве се извинувам што стварно сум дечкото со пола избричена брада,кај што си ме тагирал :) )

Другото сѐ што го кажа е во склад со Законот и верувањата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А кој е вашиот став за бракот? Дали е тоа вештачко партнерство бидејќи човекот не е моногамно суштевство, па е сосема нормално да бараме други сексуални партнери?
Зошто воопшто би бил некој во брак?
Нашиот став е дека секој сам треба да одлучи дали да биде во брак и какви правила да има во него и што ќе претставува тој за тие луѓе.
За мене е апсурдно и смешно што денес бракот е сведен на бизнис договор, со инволвирање на државата, со права и обврски, со сведоци..... Како на нотар куќа да купуваш....
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.092
Поени од реакции
10.138
Мене ме занима и сакам одговор.
- Дали Стојна е курва, домаќинка или само живее по слободна воља..или е три во едно?

- Дали Миле е теле, глуп, домаќин што ја почитува вољата на својата жена...или и он е три во едно!?

Можно ли е да опстане овој брак?
Всушност овие бракови траат најдолго:pos:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мене ме занима и сакам одговор.
- Дали Стојна е курва, домаќинка или само живее по слободна воља..или е три во едно?

- Дали Миле е теле, глуп, домаќин што ја почитува вољата на својата жена...или и он е три во едно!?

Можно ли е да опстане овој брак?
Всушност овие бракови траат најдолго:pos:
Најди ги Миле и Стојна и прашај ги. Како може друг за нив да знае кој што е во нивните меѓусебни односи?
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Не,во никој случај,ако Миле сѐ осеќа изиграно,тогаш нека си ја препрочита Книгата уште неколку пати.
(еве се извинувам што стварно сум дечкото со пола избричена брада,кај што си ме тагирал :) )

Другото сѐ што го кажа е во склад со Законот и верувањата.
Полубрадата значи имаш увид и во двата света, и книгите на кроули и библијата сега.... не знам дали примети дека ти одбрафф девлиш хенсм мен, а можев пример....
 
H

Hyperion VI

Гостин
Полубрадата значи имаш увид и во двата света, и книгите на кроули и библијата сега.... не знам дали примети дека ти одбрафф девлиш хенсм мен, а можев пример....
Како и да е си ме погодил ептен,затоа и ја спомнав сликата.
Да не идам офтопик :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.092
Поени од реакции
10.138
Најди ги Миле и Стојна и прашај ги. Како може друг за нив да знае кој што е во нивните меѓусебни односи?
А како знаеш дека е апсурдно и смешно за луѓе што стапуваат во брак со сведоци и сите тие процедури!?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А како знаеш дека е апсурдно и смешно за луѓе што стапуваат во брак со сведоци и сите тие процедури!?
Реков дека за мене е апсурдно и смешно, за некој може не е.
Апсурдно ми е, бидејќи бракот според мене нема допирни точки со бизниси и договори, за мене тој треба да биде резултат на усогласеност, привлечност и љубов, а тоа не се постигнува ниту се регулира со документи, сведоци, потврди и потписи...
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Реков дека за мене е апсурдно и смешно, за некој може не е.
Апсурдно ми е, бидејќи бракот според мене нема допирни точки со бизниси и договори, за мене тој треба да биде резултат на усогласеност, привлечност и љубов, а тоа не се постигнува ниту се регулира со документи, сведоци, потврди и потписи...
Ипси дефлектираш и избегнуваш, правиме муабет дали постојат некои ситуации во кои е оправдано она да биде наречена курва, односно еве неморална.

Значи она самата му кажала на Миле дека ќе биде верна, направиле договор небитно дали на нотар, му дала збор како и он нејзе.

Она го ИЗЛАЖАЛА, не го испочитувала договорот.
Миле ја нарекува КУРВА, а ти се појавуваш и викаш дека Миле не смее така да ја нарече.

Дали постои неморално однесување според вас?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.092
Поени од реакции
10.138
Реков дека за мене е апсурдно и смешно, за некој може не е.
Апсурдно ми е, бидејќи бракот според мене нема допирни точки со бизниси и договори, за мене тој треба да биде резултат на усогласеност, привлечност и љубов, а тоа не се постигнува ниту се регулира со документи, сведоци, потврди и потписи...
Мора да се регулира со документи за да се заштитиш кога привлечноста и љубовта ќе почнат да се менуваат, кога ќе ги снема...и оп, да не се најде некој на улица избркан.
Но, брачна заедница е друга тема.
 
H

Hyperion VI

Гостин
Миле ја нарекува КУРВА, а ти се појавуваш и викаш дека Миле не смее така да ја нарече.
Според Liber OZ,еве Ипси или кој и да е ги крши правата на човекот и му се испречува на патот на Миле, со тоа што му противречи на правото на Слободен Говор и му кажува дека не смее така да ја нарече.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom