Premier League - Season 2020/2021

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе седи Рашфорд уште многу во клубот, нема дилеми околу тоа мислам. А и нема потреба од муабети за продавање, има уште време да си ги среди негативните аспекти од играта. Сезонава неколку пати себичи во кучни моменти. Денеска да му додадеше на Кавани, Јунајтед многу веројатно ќе си заминеше со 3 поени и огромен буст во евентуалната борба за титула. Друго, мора да научи да финишира технички, а не на сила. Дури не научи тоа, нема да стане world class играч.
 
Глеј го Стоунс, почнал да го разбира фудбалот.
 
Што одиграа денес лошо Марсијал и Погба жити се? Или колку да се пише нешто?

Денес одиграа сосем океј, коректна утакмица.

Околу погба мислам дека се ни е јасно што и каков човек е, колку има покажано на терен за Јунајтед ти сигурно подобро знаеш од мене. Сакаш да ми кажеш дека заслужува да биде во клуб/прва постава? Или после неколку океј, просечни утакмици одма да смениме мислење? 100 милки платен, Погба требаше да има импакт како Бруно кога дојде ама...

Марсијал ми игра топло ладно, Кавани што му е замена има повеќе голови дадено на помалце утакмици (минути). Г+А исто имаат, и двајцата по 5 во лига. Плус е тоа што Кавани кога ќе влезе многу поопасно делуваат сите напади. Едноставно тимот заслужува подобар финишер напред.

А за утакмицава Лук Шо пријатно ме изненади, предобро се снајде дефанзивно. МекТоминеј од секогаш ми бил интересен играч, доста добро се покажа. Цела дефанзива беше баш на место.

Иако сум хејтер на Оле морам да признаам дека ме изненади во дербиво. Заслужија и 3 бода да земат ама јбг.
 
Ќе седи Рашфорд уште многу во клубот, нема дилеми околу тоа мислам. А и нема потреба од муабети за продавање, има уште време да си ги среди негативните аспекти од играта. Сезонава неколку пати себичи во кучни моменти. Денеска да му додадеше на Кавани, Јунајтед многу веројатно ќе си заминеше со 3 поени и огромен буст во евентуалната борба за титула. Друго, мора да научи да финишира технички, а не на сила. Дури не научи тоа, нема да стане world class играч.
Мислам го правевме муабет ова во болдот! Ако за нешто се слагам со Мурџо тоа е дека или те бива или не те бива, толку. Чекајте вие Раш да научи техника на финиш, ќе се начекате.
Автоматски споено мислење:

Што одиграа денес лошо Марсијал и Погба жити се? Или колку да се пише нешто?
Погба денеска ораше, тоа е кај него техника и сила чок, акал јок! Пошто никој нема да сипе 80-100 милки за него, да се надеваме дека ќе продолжи да рине на терен!
Марсијал исто, единствен денес кој правеше нешто во напад, покрај фактот што се враќаше до 30-40 метри од гол!
Утакмицава е едноставно: Ливепрул толку можеше, ние толку знаевме :toe:
 
Последно уредено:
Мислам го правевме муабет ова во болдот! Ако за нешто се слагам со Мурџо тоа е дека или те бива или не те бива, толку. Чекајте вие Раш да научи техника на финиш, ќе се начекате.
Автоматски споено мислење:

Погба денеска ораше, тоа е кај него техника и сила чок, акал јок! Пошто никој нема да сипе 80-100 милки за него, да се надеваме дека ќе продолжи да рине на терен!
Марсијал исто, единствен денес кој правеше нешто во напад, покрај фактот што се враќаше до 30-40 метри од гол!
Утакмицава е едноставно: Ливепрул толку можеше, ние толку знаевме :toe:
Добро, очигледно не е роден финишер, ама колку толку може да го подсреди финишот со работа. Има пак финти кои се учат, во кој случај на која висина да шутира, кој агол да го бара, движење на тело за да го прати голманот на спротивна страна и слично.. :)
 
Мислам дека не е проблемот само во финтите, тоа се вежба и учи! Повеќе е неговата надуеност и лоши одлуки кога треба и со кого да соработува. Во неколку утакмици го изигнорира Гринвуд 100%, како сега Кавани, а тоа е веќе карактер не финтаџиство. Што ли му удри во глава, лани со Марсијал беа супер тандем!
 
Носењето на правилни одлуки е нешто што го прави играчот world class или обичен играч. Рашфорд моментално е во минус во оваа категорија. Кога треба да се ослободи од топка, прави потег плус, кога треба да даде, шутира, кога треба да шутира, солира. Не е можно секоја одлука да му е погрешна.

На сето тоа додај дека има решено да не трча и да игра пресинг, и го имаш можеби најслабиот поединец моментално во Јунајтед. Затоа и сакам да земат саглам играч како замена. Денес остана на терен само заради тоа што Марсијал не беше целосно заздравен.

Со вака лош Рашфорд во прва постава, тешко до титула.
 
Да го донесат Грилиш, па уште да го стават на лево крило а Рашфорд на клупа ради тоа, инстантно ќе му проработи моторчето исто ко на Лук Шо. За Грилиш позиција не е проблем, секаде ќе игра.
 
Денес одиграа сосем океј, коректна утакмица.

Околу погба мислам дека се ни е јасно што и каков човек е, колку има покажано на терен за Јунајтед ти сигурно подобро знаеш од мене. Сакаш да ми кажеш дека заслужува да биде во клуб/прва постава? Или после неколку океј, просечни утакмици одма да смениме мислење? 100 милки платен, Погба требаше да има импакт како Бруно кога дојде ама...

Марсијал ми игра топло ладно, Кавани што му е замена има повеќе голови дадено на помалце утакмици (минути). Г+А исто имаат, и двајцата по 5 во лига. Плус е тоа што Кавани кога ќе влезе многу поопасно делуваат сите напади. Едноставно тимот заслужува подобар финишер напред.

А за утакмицава Лук Шо пријатно ме изненади, предобро се снајде дефанзивно. МекТоминеј од секогаш ми бил интересен играч, доста добро се покажа. Цела дефанзива беше баш на место.

Иако сум хејтер на Оле морам да признаам дека ме изненади во дербиво. Заслужија и 3 бода да земат ама јбг.
Погба ќе си оди во Јувентус на лето, тоа и пилците на гранка го знаат. Периодов ја имс кренато играта пошо му треба за лични услови, нека игра зошто е во интерес на двете страни. Од летово натака ќе се изгуби како и да е.
 
Носењето на правилни одлуки е нешто што го прави играчот world class или обичен играч. Рашфорд моментално е во минус во оваа категорија. Кога треба да се ослободи од топка, прави потег плус, кога треба да даде, шутира, кога треба да шутира, солира. Не е можно секоја одлука да му е погрешна.

На сето тоа додај дека има решено да не трча и да игра пресинг, и го имаш можеби најслабиот поединец моментално во Јунајтед. Затоа и сакам да земат саглам играч како замена. Денес остана на терен само заради тоа што Марсијал не беше целосно заздравен.

Со вака лош Рашфорд во прва постава, тешко до титула.
Реално и Марсијал тука има голем проблем, кога е носење одлуки во прашање барем. Ама кај него има напредок последните година дена во движење без топка и изнудување фаули. Знае да се намести на фаул и да извади жолт картон или пенал (на страна 2-3 срамни обиди што имаше за глумење во 16ник :D).

Како и да е, додавањата не му се најјака страна. Знае да закасни со пас или да го прати во грешна насока. Исто знае да направи вишак потег во 16ник, што страшно ме вади од такт.
 
Погба ќе си оди во Јувентус на лето, тоа и пилците на гранка го знаат. Периодов ја имс кренато играта пошо му треба за лични услови, нека игра зошто е во интерес на двете страни. Од летово натака ќе се изгуби како и да е.
Мислиш ќе истурат 80+ милиони, плус маржата на Риола? Некако чисто се сомневам!
 
Не мислам дека ќе истурат ништо, туку мислам како што пишав - дека ќе си оди во Јувентус. 27047382 милиони на година до истек на договор, тенко тоа
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom