Верувам во...

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па и ти се трудиш своето да го претставиш како подобро. Уствари на Кроули.....

:coffee:
Овде не се работи за тоа чие убедување е подобро, ако тебе ти е подобро, чувај си го за себе, не им го пикај на другите во нос трубејќи дека ќе ги чека казна и страдање во спротивно.... Но како што реков, не е тоа поентата во случајов, туку обид да се поистовети, да се прикаже кредото во EGC дека било исто по суштина како она на православците, затоа што содржело ,,Верувам" Демек Телемата е Вера, како и сите други.
Е сега дали се работи за интелектуална ограниченост да се разбере што кажавме или само се глуми лудило, си знае само дотичниот.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931

Но и ти веруваш во нешто, пример дека ЕГЦ и Телема се најдобар систем и се идентификуваш со тоа.
И атеистот верува во непостоење на интелигентен дизајн, докази нема.

Единствените што не веруваат се агностиците, може да кажеш и дека се најрационални и искрени со себе, немаат посведочено лично ниту постоење ниту непостоење на повисока интелигенција.

И ти си склон да му веруваш на Кроули дека навистина исканализирал ентитет. Дали ти и Хепта го имате исто така исканализирано?

Па и доживување гносис е исто така дискутабилно... во различни култури различно е сфатено и пренесено....

Друго е прашањето дали верувањето помага?
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.538
Поени од реакции
3.313
Ја колку што сум учел у школо хаос значи нешто лошо,негативно или КАКА кога им се обраќаме на децата кога јадат песок у двор...
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Како што реков, со инка не се става, едноставно толку ти сече. Доволно е граматика да знаеш, за да ти биде јасно дека ,,Верувам" е глагол и дека има различни значења во зависност од контекстот што се користи. Според тебе, испаѓа дека човек е верник и ако рече - Верувам во себе, или ако рече - Верувам дека денес ќе стигнам да одам во парк...итн, итн.
Верник во догма и човек што верува во нешто како во горрнаведениве случаи се дијаметрално спротивни нешта, ама толку си кадарен да разбереш.
Не д'ткај, поимот ,,Вера“ ти го објаснив пред 8 години многу пошироко и подлабоко, сега само ти укажувам во која декаденција си западнат, колку да си ставиш прст на чело. Толку! :coffee:
Автоматски споено мислење:

С'с постапке и одлуке кои ги носу сам на себе сам Бог.
Ете и ти ВЕРУЈЕШ у себе на пример:D
Автоматски споено мислење:

Ама зошто пак дојде да ни кажуваш како твоето верување е исто со сечие друго, а и подобро, како што читам? :)

Не знаеш кој повикуваш да ти ги посети светите места... каде што стапнала нога на Телемит, тоа место е свето, таму боговите на стариот еон немаат моќ повеќе. Сите икони ќе почнат да ви „мироточат“ (плачат) и ќе глумите лудило како „богот се јавил“ и ќе ги лажете мирјаните, а само ние ќе ја знаеме тајната зошто е тоа така! :sneaky:
Гледај си раатот...

Верувај си, терај си магарето и живеј... тоа што не може да се разберете/разбереме тоа што ти го напиша @Ipsissimus е или намерно несакање да се разбере или толку е капацитетот. Иако јас мислам дека е намерно... се ќе направи христијанскиот апологет да ги обвинува другите за да неговиот мрак не е толку црн!
Нели... си кажавме, пробавме да се разбериме, тоа е...

Ти да знаеше за боговите, немаше да паламудиш сега и тука. Оди таму прави метании по црквите, барај Есхатон, Саксафон или било кој грчки збор кој што за тебе носи мудрост и ќе видиш дека се завршува со Телема (кога веќе грчки сакаме толку) од стариот еон!
Почетокот на новото време :love:

Не постои нешто како „Вечност“ кое може да биде окупирано од христијанската догма или било која догма (да не се разбереме погрешно)... да можеше ќе ги немаше евреите, муслиманите, немаше да ве има вас и вашите секти... ќе беше друго, многу подруго... мртво човештво! Радувај се што е така...
Не ја допирај вечноста, ќе ти се налутат оние од истокот, шо праиме после, ќе дојдат на форумов :)

Гледај си ти постот, не греши душа бесцелно со вакви говори навидум мудри, а реално западнат во самољубие, во однос на верувањата и учењата кои ти се туѓи. Господ ќе те казни, како што велите :)
Те пријавив за учество::гик:
,,ТЕГЕТ ЧОРАПА“
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Но и ти веруваш во нешто, пример дека ЕГЦ и Телема се најдобар систем и се идентификуваш со тоа.
И атеистот верува во непостоење на интелигентен дизајн, докази нема.

Единствените што не веруваат се агностиците, може да кажеш и дека се најрационални и искрени со себе, немаат посведочено лично ниту постоење ниту непостоење на повисока интелигенција.

И ти си склон да му веруваш на Кроули дека навистина исканализирал ентитет. Дали ти и Хепта го имате исто така исканализирано?

Па и доживување гносис е исто така дискутабилно... во различни култури различно е сфатено и пренесено....

Друго е прашањето дали верувањето помага?
Не пишувам на кинески бре луѓе! Што е проблемот со вас? Ако кажам дека верувам оти утре ќе биде сончево, тоа значи дека сум верник?! Кликни на линкот, прочитај го постот, мој е,, таму ти се одговорите на прашањата дали му верувам на Кроули и дали поради тоа сум Телемит.
Не д'ткај, поимот ,,Вера“ ти го објаснив пред 8 години многу пошироко и подлабоко, сега само ти укажувам во која декаденција си западнат, колку да си ставиш прст на чело. Толку! :coffee:
Ако треба да чекам ти да ми објаснуваш било што, попрво од мост ќе скокнам.
Со оглед на тоа до кое ниво ви е испран умот, и до кое ниво се е наопаку кај вас, нема поголем комплимент за мене од тоа човек како тебе да смета дека сум западнал во декаденција.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Ако кажам дека верувам оти утре ќе биде сончево, тоа значи дека сум верник?
Да, верник си. Друго е да кажеш проверив метео прогноза викаат сончево ќе биде па им верувам на нив, до сега докажале дека најчесто се во право но оставам простор за грешка.

Или по некој свој систем на докажана причина и последица знаеш дека утре ќе биде сончево бидејќи си го проверил доста пати и работи.

Ти не си уште свесен дека си верник како и сите, веруваш во нешто, демургот, оваа реалност е затвор, сите сме звезди... а докази немаш.

Со оглед на тоа до кое ниво ви е испран умот, и до кое ниво се е наопаку кај вас,
Дали ти сффаќаш дека со ова вреѓаш, демонстрираш елитизам и со тоа високо ниво на егоизам? Од каде ти е потребата за ова? Дали некогаш си се прашал дали и твојот ум е испран?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, верник си. Друго е да кажеш проверив метео прогноза викаат сончево ќе биде па им верувам на нив, до сега докажале дека најчесто се во право но оставам простор за грешка.

Или по некој свој систем на докажана причина и последица знаеш дека утре ќе биде сончево бидејќи си го проверил доста пати и работи.

Ти не си уште свесен дека си верник како и сите, веруваш во нешто, демургот, оваа реалност е затвор, сите сме звезди... а докази немаш.
Мојот став за тоа е дека потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:

  • кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
  • кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.​

    Link
Автоматски споено мислење:

Дали ти сффаќаш дека со ова вреѓаш, демонстрираш елитизам и со тоа високо ниво на егоизам? Од каде ти е потребата за ова? Дали некогаш си се прашал дали и твојот ум е испран?
Вистината за многумина е навреда, неможам ништо околу тоа.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Вистината за многумина е навреда, неможам ништо околу тоа.
Mislam deka imash seriozen problem so logickoto rezoniranje, prestanuvash koga kje se sudrish so neshto shto ne ti odgovara.

Ti ne si OK covek so koj moze da se zivee, jaka im dusha na tvoite bliski.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Mislam deka imash seriozen problem so logickoto rezoniranje, prestanuvash koga kje se sudrish so neshto shto ne ti odgovara.

Ti ne si OK covek so koj moze da se zivee, jaka im dusha na tvoite bliski.
Не знаев дека си и психоаналитичар, сестран човек, нема што.
Еве ти логичко резонирање - Догма е тврдење, став, закон што не смее да се преиспитува, не смее да се сомнева во истиот ниту подлежи на промена. Каде виде кај мене таков пристап кон верувањето? Дали ти воопшто знаеш да направиш разлика што значи догматско верување, и она за кое зборувам во изминативе постови? Дали е догма ако во одредена симболика го препознаам сопственото разбирање за светот и дали така функционираат верниците во христијанството, исламот, јудеизмот?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.236
Поени од реакции
12.228
Па и ти се трудиш своето да го претставиш како подобро. Уствари на Кроули.....

:coffee:
Па така де.
Ја играм играта од спротивната страна... да можеше подобро, ќе имавме подобра дискусија - вака, мора како нив... иако тие имаат вековна пракса, ние сме млади и не го користиме тој метод. :)
Ако веќе никаде не оди дијалогот, барем причина + да се зборува за Телема и новото време...
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Не знаев дека си и психоаналитичар, сестран човек, нема што.
Еве ти логичко резонирање - Догма е тврдење, став, закон што не смее да се преиспитува, не смее да се сомнева во истиот ниту подлежи на промена. Каде виде кај мене таков пристап кон верувањето? Дали ти воопшто знаеш да направиш разлика што значи догматско верување, и она за кое зборувам во изминативе постови? Дали е догма ако во одредена симболика го препознаам сопственото разбирање за светот и дали така функционираат верниците во христијанството, исламот, јудеизмот?
Психоанализа ми е едно од хобијата.

Сакаш да кажеш дека ти не веруваш во гностичките учења за лошиот бог кој не создал кој сите со испран ум мислат дека е добар, а всушност добриот е над овој малиот?

Па така де.
Ја играм играта од спротивната страна... да можеше подобро, ќе имавме подобра дискусија - вака, мора како нив... иако тие имаат вековна пракса, ние сме млади и не го користиме тој метод. :)
Ако веќе никаде не оди дијалогот, барем причина + да се зборува за Телема и новото време...
Браво Хепта, почна да се играш. (y)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Психоанализа ми е едно од хобијата.

Сакаш да кажеш дека ти не веруваш во гностичките учења за лошиот бог кој не создал кој сите со испран ум мислат дека е добар, а всушност добриот е над овој малиот?
Сакам да кажам дека си трол и сеирџија што мисли дека е интересен и дека може да изиграва фраер. Ете малку психоанализа и од мене.
Другата опција е дека едноставно си глуп и не разбираш што зборам цело време.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Сакам да кажам дека си трол и сеирџија што мисли дека е интересен и дека може да изиграва фраер. Ете малку психоанализа и од мене.
Другата опција е дека едноставно си глуп и не разбираш што зборам цело време.
Ипси психоанализата ти е 50% точна, сеирџија и глуп ДА, а да сакав интересен и фраер ќе се понашав како Џонтра. Имам и неразрешени ишјус со мајка ми а за татко ми немам најсјано мислење.

Туку не само што избегаваш кратко и јасно да одговориш, туку и реагираш доста емотивно и покажуваш симптоми на " пресериозно се сффаќа себе".
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Туку не само што избегаваш кратко и јасно да одговориш, туку и реагираш доста емотивно и покажуваш симптоми на " пресериозно се сффаќа себе".
Еве ти кратко и јасно:
Мојот став за тоа е дека потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:

  • кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
  • кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.​

    Link
- Догматски верник - Човек што верува во сведоштво од трета страна не затоа што во него ги гледа сопствените заклучоци, искуства и сознанија, туку најчесто поради страв од закана или надеж за награда (морковче и стапче ефект)
- Гностик, окултист, мистик, езотеричар - Човек што верува во одредена претстава за реалноста, животот, постоењето, не затоа што некој му го наметнал тоа верување, туку затоа што нашол соодветна симболика, модел или систем за неговите субјективни сознанија и начин на размислување.

Ете, се надевам дека ова не е премногу емотивно и доволно кратко и јасно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom