Можеби на некој ќе биде корисен постот за одмрзнување на надворешна единица.
Вчера се позанимавав со замрзната надворешна на Haier Tundra и испадна дека под перката е замрзнато т.е. заради замрзнато луле, туле, куралце или како и да се вика
кое на почеток на сезона не го извадив за слободно да си паѓа водата низ отворот... имаше формирано слој мраз и ако вака продолжеше најверојатно можеше да стигни до перката па да се направи штета.
Претходно, во порака контактирав неколку членови за мислење и на сите им сум благодарен - дел од нив имаа искуство со оваа работа, дел немаа но сепак одвоија време да вратат на порака што навистина ценам.
Го попарив со вода, омекна, па потоа внимателно го искршив мразот со штрафцигер ... лулето одмрзна, го извадив и има сега неколку слободни отвори од кои големиот од лулето исто слободен. Ја уклучив и после 2 часа работа немаше мраз (колку можев да видам без повторно да се пентерам на скала), сега тек утре повторно ќе ја проверам.
Така е кој не слуша паталец,
имаше еден куп постови по темата дека треба да се вади лулето ама ајде де. Научив на потешкиот начин.
Фала ви на издвоеното време за приватните пораки
@ts01 @Strelec @tzlatko @zlatko_ti412 (ве читав двајцата имењаци - златко и златко хаха - на темата кога се расправавте за своите постови не немојте и двата се трудите да придонесите кон сите корисници на клими и тука присутни така да нека не има замерка меѓу вас, непотребно е) и побратимот со иста клима
@aronmacedon - убав остаток од викендот.
п.с. Во однос на потрожувачка на Haier Tundra Green 5.5kw на овие температури, последните 24h има 22kw потрошња (надворешна темп -4/-10), претходните 24h имаше 20kw потрошна (надворешна темп -2 / -8). За неизолиран простор како мојот со еден куп енергетски загуби, СУМ задоволен.