Малку прогнозирање, да ја прокоментирам анкетата на Ж'миц каде води 50%, теле да ставеш ќе има поголем рејтинг они 50% му ставиле, би рекол дека и Грујо има поголем рејтинк во моментов од него, дај нека стават барем пореални бројќи.
На овие избори ќе се уништи едно сојузништво и можно е да падне владата пред изборите или по изборите, незнам како би ќе ги менаџирале ДУИ и БЕСА, БЕСА се малото дете ама носат 4 пратеници и ситуацијата ќе биде како 2017 кога СДССМ ги подржа ДУИ, а АА извиси и излезе од владата.
Можеби се имаат некако договорено, ама не верувам дека ДУИ пред време ќе се откаже од неколку градоначалници, Е тука е единствената енигма на овие избори.
Останатиот дел од градоначалниците ќе биде борба помеѓу ВМРО и СДССМ, Левица би имала шанса само во кумуњарските средини, ако таму ВМРО не кандитира свој кандидат (пр. Центар и Карпош),
Левица ќе собере добар дел од гласовите, ама не верувам дека ќе биде доволно да влезе во втор круг, дали тие гласови ќе бидат пресудни, можеби, ама многу ќе биде корисно да се оди на победа во прв круг, оти во 2 круг се намалува бројот на општини, па власта ќе даде максимум да победи.
Јас кога би бил во ВМРО би играл вака, во општините каде ВМРО лошо стои демек одиме со независен кандидат по мерка на Левица (Центар, Карпош, Куманово, Битола...), а во општините каде добро стои, Левица да нема свој кандидат и да дава подршка против власта.
Градот Скопје да си остане со повеќе партии оти и со подршка на ДУИ, пак ќе има втор круг.
Останатите партии (Интегра) само ќе сметаат и ќе украдат некој советник.