Масоните за прв пат видов дека постојат во реалноста ова лето. Дојде газдата на хотелот едно попладне и ми бара клучеви од најголемата сала за состаноци, едно 400 метра квадратни. Јас зачуден му викам зошто му требаат клучеви кога никој нема да влезе во салата ако има состанок внатре, плус ковид ситуација не е ко нормално време кога сите 5 сали се полни па да буне некој внатре...
И ајде бараме клучеви, уредуваме тоа салата, ама само тој и јас ко директор и никој друг да не знае ми вика. Искрено мислев дека е нешто поврзано со политика бидејќи градоначалникот и неговата партија доаѓаа ептен често на состаноци тој период а овој е поврзан со нив.
Но, некако чудно ми падна целиот тој сет ап кој го направивме, ги затворивме сите завеси океј, ги наместивме масите некако чудно, хм, ај пак нека е океј, после ми бара каде се далинската за сите лед светла во салата, кои не се употребуваат при состаноци никако плус побара еден сад од кујната кој се користи за готвење плус нож. После излеговме и заклучи.
Утре дента идам на работа и ми текна да ја проверам салата. Влегувам и малце морници ме фатија, имаше некој чуден мирис внатре, а на масата на сцената беа оставени ножот и садот кои беа чисти, но приметив дека на подот имаше црвени точки невидливи на лед светлина.
Излегувам вака зачуден и налетувам на шефицата на рецепција, оваа ме прашува шо овака замислен, и ја објаснувам ситуацијата и ми вика, а па не е ништо ново, ова се прави со години, газдата е масон...
После тоа ми светна зошто сакал дискреција, зошто сад, нож... ова од тоа што имав читано за масоните и нивните обреди. Инаку човекот не е ништо лош, нормален е, само бев прилично изненаден од тоа дека е масон и дека тоа што сум читал по книги, го видов до некаде во стварност.