Лично ли ти е одбивна Андреа Дворкин или не се слагаш со нејзините ставови, Бок да ја прости! Истиот одговор.
Прашањето ти е оптоварено. Лажна дилема е „Или некој ти е лично одбивен, или не се слагаш со неговите ставови" бидејќи едното не го исклучува другото. „Не се слагаш со неговите ставови", иако валиден исказ, инсинуира дека секој има свој став, па ако некој друг не се слага со истиот, тој самиот е субјективен. Во некоја смисла, ова е точно ако се сложиме на некој епистемиолошки и етички субјективизам. Првото е послаба позиција, фактите не ги боли кур за нашите чувства (со зборовите на твојот Бен Шапиро), па неговите креационистички ставови, како и позиции за чекорите што треба да се превземат за антропогеното глобално затоплување (не тврдам дека он го негира феноменот на антропогено глобално затоплување) не се тачни. Второто (субјективноста на етиката) е посилна позиција, но и тоа наидува на проблеми, причините може да ги видиш во
оваа дискусија.
Го судам поради разни причини; односно немам силни аверзивни чувства кон ликот, но не го почитувам; нормално, не поради неговите гестикулации или фризура (или веѓа!), туку поради неговите етички позиции, политички позиции, дефицитот на емпатија, како и неговите фактографски утки што имаат етички импликации.
Шапиро, на пример, мисли дека животот на еден цивил у Авганистан е помалку вреден од тој на американскиот војник и го поддржува тоа што американските војници убиваат
цивили како колатерала, а и пристрасно го глорифицира Израел во конфликтот со Палестина (и други социолошки позиции што мислам дека му се мрсулави). Поради овој и ред други политички/социолошки/етички ставови, сметам дека е мрсул (дисфемизам за личност со лошо морално поведение според мојот етички код).
Поради слични причини, не ја почитувам покојната Дворкин, на пример, па мислам дека била гнаса (дисфемизам за личност со лошо морално поведение според мојот етички код).