B
Beginner
Гостин
тајно навивам за веганите оти сум цели 2 недели веган.
Нели имаше тема веган в нон веган би можело таму да се префрли дискусијата а оваа да си остане за рецепти.
Зоки вашето е лицемерие на квадрат, месо не јадете а миленичињата ги раните со месо. Може да спинуваш сеа со досетки како ќе го готвиш кучето али тоа не ти го бели образот тука пред нас. Џабе ти промовираш нешто кога и самиот го релативизираш тоа у овој случај. Животните не јаделе зелено, па ни ти не јадеш, од праисторија човекот е сештојад. Од праисторија го усовршува тоа приготвување на месо за ти да имаш скара лесковачка, најубави кубаси, ќебапи и други специјалитети. Али вие тоа не сфаќате и сакате да прекинете милениумски традиции, прогресивци, ебате прогресивизмот ако тоа е тоа, од нешто убаво и вкусно да се вртам према брокула и салати да ми бидат главно јадење.Полека ме убедувате месце да пробам, посебно @Ron Burgundy многу јако ни ги лепка, сватив и од докторката колку сум лицемерен, и од лавот погоре дека право мушко сам лови, ми се појави јак крејвинг за месо и одлучифф да го приготвам подебелото ми куче, оно најмного ми троши за паштети и виршли....Рецептот и слики ќе приложам у темата за месождери.
Ланолин (во Д витамин, во еден куп кремови за тело и лице), Колаген и желатин (од рскавици и кожа на животни), пчелините производи (пак се мачел инсектот да го произведе и му го зел човекот (мед, прополис, полен)), Карминот (произведен од бубачки), Пепсин (суплементи за дигестија, најчесто се прави од дигестивни органи на животни (свиња)), Липаза (ензим често додаден во суплементи за дигестија - може да се прави и од растенија но во најголем дел од случаи е од јазик на животни), омега 3 (риба, ракчиња), голем дел од амино киселините кои се продаваат како суплементи, Естрогени лекови и анти бејби пилули (произведени најчесто од јајници на крави/кобили), Глицерин (го има речиси во секој крем за тело/сапун, произведен од животински масти), Хијалуронска киселина (скоро секој што земал суплемент за зглобови и лигаменти ја има земано, најчесто се произведува од кикириската на петли/кокошки), глукозамин (најчесто произведен од школки, исто го има во секој суплемент за зглобови и рскавици), хондрионитин (произведен од рскавица на морски животни, најчесто од ајкули), прогестерон (исто најчесто произвеен од животни), стероидите (најчесто пак од животински жлезди), Тирозин (исклучиво од пердуви и крзно на животни)......Па тоа е иронијата на животот.
1. Не јадете месо од морални и етички причини, а кога ќе ви се каже дека ако не сме ние, животните меѓу себе ќе се изедат, вие превртувате очи.
2. Тие што сме имале домашни миленичиња, лицемерни сме биле кон животните. Ама вие дома имате цвеќиња цвеќарница да отворите гарант - лицемерни сте кон растенијата.
3. Чекате вакцина за Ковид 19 (која патем ја тестираат прво на животни).
4. Секој ден пиете по некое апченце. Бруфени, парацетамоли, антибиотици (кои исто така се тестирани на животни).
5. Кремчиња и други козметички препарати кои исто така се тестирани на животни.
6. Ако забележите глушец дома, одма мачорот на помош, ко демек глувците не се животни?!
Само на плескавици подебелотомесо и одлучифф да го приготвам подебелото ми куче
Тебе дома никогаш не ти давале дури растеше?Мачките се карнивори. *shrugs*
Ама те молам, ни на душман паштета и посебна салама не би дала. Ију.
Добро тоа само укажува колку бедна, сиромашна држава сме биле и сеуште сме...Тебе дома никогаш не ти давале дури растеше?
Јас не познавам дете во моја генерација да не е хрането со паштета (и тоа не Аргета, тоа богаташите) и рандом салама.
Рон ова не е мислење, ова е мотивационен говор, ме тргогна и ми ги отвори очите.Зоки вашето е лицемерие на квадрат, месо не јадете а миленичињата ги раните со месо. Може да спинуваш сеа со досетки како ќе го готвиш кучето али тоа не ти го бели образот тука пред нас. Џабе ти промовираш нешто кога и самиот го релативизираш тоа у овој случај. Животните не јаделе зелено, па ни ти не јадеш, од праисторија човекот е сештојад. Од праисторија го усовршува тоа приготвување на месо за ти да имаш скара лесковачка, најубави кубаси, ќебапи и други специјалитети. Али вие тоа не сфаќате и сакате да прекинете милениумски традиции, прогресивци, ебате прогресивизмот ако тоа е тоа, од нешто убаво и вкусно да се вртам према брокула и салати да ми бидат главно јадење.
Чек сега, за тебе и за мене било добро, ама лошо е за мачката/кучето?Добро тоа само укажува колку бедна, сиромашна држава сме биле и сеуште сме...
(Да не ме сфатиш погрешно и јас како сите сум јадел тоа како дете )
Далеку од тоа дека било добро никаде не го напишав тоа. Само заради такви околности морало тоа да се јаде.Чек сега, за тебе и за мене било добро, ама лошо е за мачката/кучето?
Заедно се решаваат, повисоко ниво на свест ќе резултира со љубов, која ќе резултира со нејадење месо, помалку криминал и со грижа за тие што немаат.Постојат луѓе кои буквално умираат од глад, а ние го поминуваме времето жалејќи се за паштети. Криминалот и сиромаштијата се многу поголем проблем од т.н. злоупотреба на животни. Дај прво да ги решиме човечките проблеми, па после животните.