Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
многу е битно додека го вариш кафето на огин да го промешуваш.

пиес, јас го лајкам тука джонтра, он ми реагира со хаха на обиди за комуникација со женски членови, ццц.
 
Последно уредено:
Спомнате женски муабети и текна ми на неколко случке куде не сам сфатил што е поентата и зашто такој се понашав. С'с колешку требаше да правимо семинарску и ми вика немој да ми пишуеш за семинарску, ја ќе ти гу прату и ќе ти кажу к'д е готова. Причина е што дечко ми е љубоморан. Сакаше да кажу: Е мори колешке па нема дете да правимо него семинарску. Друга ситуација чекам за полагање и убацуе се колешка с'с муабет од нигде за њоњу матку. Како била на преглед и што ву кажале и што сам мислил ја за тој. Па не сам ја гинеколог , па да знам дали добро ти кажал. Не знам можда сакала и ја да проверу. :pos:
И последња ситуација позајми књигу на колешку и требаше ми и јави се да ми гу врати. Два пути ѕвони, први пут не се јави. К'д се јави втор пут и к'д ја кажа за што се јави, она почна да се дере. Вика ми за едну књигу се утепа од ѕвонење, ако га види твој број дечко ми ќе те утепа и тебе и мене. Сакаше да ву кажу па не сам ја крив што дечко ти е дебил, а и ти с'с њега. И други д'н прати ми гу книгу преко таксиста. Какво време дојде књигу да не позајмиш на човека.
 
"Girl you'll be a woman soon" или на нашки "Девојче, ќе станеш жена наскоро".
И сите као, wow безвременски хит, песниште... иако ок, песната е one hit wonder која стекна популарност ради Pulp Fiction.

Нејсе, муабетот ми е дека има нешто инхерентно хејтерско во нас.

Претходната година, ако ништо друго, како популација и македонци барем малце се разбуди она колективното во нас, на моменти бранејќи го она што е наше и што ни припаѓа од историски аспект. Но, за жал, тоа е онака, тотално рудиментирано или orc-level бранење на нашето минато и култура.

Бидејќи сме таму каде што сме, и со тотален респект за претходните генерации кои го дале својот живот за Македонија, мислам дека во 21 век ние се уште даваме големо значење на луѓе стриктно борци (типот кама+револвер а не молив/перо/пердув), локални бандити и есенцијално орки кои стриктно биле фокусирани на бој а не визионерство. Мислиме дека плукање и пцуење на другиот е најголемата форма на патриотизам, споменици, со именување на улици сметаме дека сме достигнале врв. Ни треба една ултимативна идеја, ултимативна вредност филтрирана низ призмата на македонските интелектуалци, писатели, дејци и секако модернизирана и визионерска која ќе ја сфатиме буквално како догма.

Јбг, веројатно поради тоа што сме премногу рудиментирани и боси, генералната популација особено, ни се случува тоа што ни се случува и така лабаво си прифаќаме газење на секое поле.

За да се биде патриот, во екстензивна психолошка смисла на збор, мора да се биде свесен и запознат со општиот пат на оваа држава/регион низ годините, декадите и вековите. Пожелно, дури и нужно е да се знае патот што нашите претходници го поминале претходно за да нашата реалност е таква каква што е.

Од сите форми на уметност во Македонија, ни една не може да се компарира со пишаниот збор (според мое скромно мислење). Таква креативност и oригиналност мислам дека нема во ниедна друга сфера на нашата култура. Македонската литература, во моиве очи како лаик изгледа како нешто толку изворно и оригинално, просто сум импресиониран. Пред се мислам на крајот на 19ти и почеток на 20ти век, времиња кога се сомневам дека имало воопшто саглам библиотека во државава.

Секако, и јас спаѓам во групата на оние што не прочитале доволно македонска литература. Затоа, new year's resolution за 2021 е да го користам слободното време општо за читање на книги, со фокус на домашна литература.

Ете, почнав со Рацин, деновиве пошто празници и повеќе слобода од каменоломење а.к.а штанцање за странци. Бели Мугри ја читав како средношколец, вчера ги прочитав песните онака 2 пати убаво, и морам да кажам дека сум одново импресиониран и скроз нови перспективи гледам за кои до сега не сум бил свесен. Исто така исчитав и по нешто од неговата проза. Можеби е контроверзен, можеби бил македонец/бугар/србин/марсовец/плутонец, ич не ми е гајле... човекот ја отсликува реалноста пред него и доста од неговите би рекол марксистички погледи се прилично релевантни и за нашиве денешни модерни услови во Македонија.

Генерално, моментално сум релативно лош со менаџирање на време и би сакал да се оптимизирам во тој поглед... или можеби преголеми залаци си давам, не знам. Но мора да поработам на тоа поле... подобро планирање, сетирање на помали целички да ги кажам и следење на остварувањето на истите, чекор по чекор... стрпливо и дисциплинирано.

Уште денес и викендов одмор и од понеделник повторно на стари навики и старо темпо.
 
„Што направив јас? – Ништо не напишав. Јас го препишав од се уште ненапишаната крвава историја на Македонија она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонците да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им се одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест“ - Војдан Чернодрински

Денес се навршуваат 70 години од смртта на големиот писател, револуционер, основоположник на македонскиот театар Војдан Поп Георгиев - Чернодрински

Слава му
 
Кајгано, паднав и јас како жртва на дислајкот на темата за вегани. Ај тоа, па имам и интелигенција на лав и тигар. Како тоа да беше малку и трол ме направија. А јас кутриот, Кентаур сум. Брееееј да не ги чепнеш.
Сега ќе направам уште еден тест за интелигенција, за секој случај.
 
Интересен лик Стек, викам ќе поспијам денес малце поише, а под тоа мислев до кај 9, 9 и пол, а ја пупунец у 08:00. Па и времево депресивно корен му ебам, ќе зеам ќе се упропастам од гледање спорт и филмови.

Нејсе, на работа почна многу добро да ми оди и веќе сум тотално етаблиран во работата, а и во фирмата. Мачно беше ептен на почетокот додека научам али сега е топ. Уште месец дена и ќе праам година дена од вработување, а треба да дознаам и дали ќе ми го продолжат договорот, секако се надевам на позитивен исход.

Од другите вести издвојуваме дека денес е еден убав празник, св. Стефан и на некого му е именден. :pipi: Прв пат во животот именденот ќе го поминам без гости ради срањево наречено корона, али тоа е јебига, мора да се почитуваат протоколи, а башка и луѓево не ти ни доаѓаат и да ги викаш. Небитно, нека биде прв и последен пат вака, од следната година се надевам се ќе биде во нормала што се тиче славење.

Останете ми со здравје и чувајте се.

П. С. Ацид, ако праиш маици со натписи со кајгана искази, едноставно мораш да напраиш со моето патентирано Зш? Шчуо Ациде?
 
Отидов ливче да уплатам прв пат после година и кусур... Прв натпревар, најголемиот коефициент, 2.7 за ГГ3+. Да приметев дека толкав коефициент има за таков тип, ќе ја одбегнев. И...влезе уште во 7ма минута.:vozbud: Гарант најмизерното коефициентче ќе ме заебе али нема везе..

Туку друго дојдов да пишам.
Празници, споено од работа до 11ти, па што ќе се прави, пак си ги спуштив Friends да си ги изгледам по 30ти пат. И после толку пати изгледани, нормално скоро сите сцени на памет ги знам, приметувам...скратени сцени!!! Не многу ама чат-пат фали по некоја реплика! А бе ќе си пукнам, меракот ми се еба. Цело време се прашувам сега, дали се скроз различни сцениве и дали е можно помалку смешни да се од „оригиналните“. Репликите се тие ама може послабо одглумени се упм. Јез да изгледав више 4 сезони, ама ќе симнувам од ново, јанза ме јаде!

И така...
 
Кајги...
3 часа едно дете пискаше у авион а родителите абер си немаа, мислам дека уште неколку дена ќе го слушам во ушите.
 
Чувството кога ке си го постигнеш она што си го зацртал пред 5 години, колку и лудо да изгледало во тој момент. Не постои нешто што е недофатливо, прашање е само колку силно го посакуваш, и колку си спремен да жртвуваш за истото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom