Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Дечки ви текнува на почетокот на минатиот век кога Арсенал цело време завршуваше на четвртото место?
И тоа беше сметано како "haha lele kolku padna ekipava, epten imaat luzerski mentailitet nikad nema da se opravat" ?

И како тоа беше сметано за меме, дека сигурно Арсенал ќе биде четврто место без шанса за титула?

Ви текнува така?

Е, тогаш тие години јас велев дека овој клуб е воден лошо и дека клубов ќе стане нов Арсенал. Нормално, they hated me for saying the truth и беше муабетот "Kako ne be, sea LSh pred godina dena osvoivme, mislish ti taka e toa, eve, go kupija Kosta, go prodoadoa Salah, Lukaku mozda i ne e do tolku dobar se gubi, ok e timov, tamam se igracite, super se Emenalo i Marina, nema shansa nov Arsenal da bideme"

И да потсетам, "станување на нов Арсенал" = екипа што редовно завршува во топ 4

И Челзи стигна до тоа секоја втора сезона да игра во Лига Европа.

Значи не само што не ставме "нов Арсенал" туку станавме екипа што во последниве 6-7 години има завршено на десеттото и петтото место, а оваа година ќе се бори за повторно да игра во Лига Европа.

Ако оваа сезона не завршиме во топ 4, тогаш Челзи ќе има скор од 50-50 во последните 6 сезони од аспект на завршување во топ 4.

А мислите дека ќе се оправат работите во скоро време? Мислите дека магично, во 2025 ќе збориме "Ej lani osvoivme titula, dobro ke bide i godinava da osvoime titula, pa i LSh godinava ili dogodina da osvoime" ?

Или...во 2025 ќе пишеме "А бе добро сега, Кејхил е млад тренер, втора сезона му е ова, не можеме одма од Гери да очекуваме топ 4, може и ЛЕ барем да фатиме. Башка нема пари клубов, еве сега се вратија да го градат стадионот. И ете, му дадоа, главниот стрелец на Шкупи му го донесоа во екипа, не е дека нема поддршка ипак...ајде да почекаме 4-5 сезони со Кејхил, па ако не фатиме некоја серија од топ 4, може да си оди...."
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Брат, пред година ипол освоивме европски трофеј. Каков Арсенал, што зборуваш. :ROFLMAO:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Брат, пред година ипол освоивме европски трофеј. Каков Арсенал, што зборуваш. :ROFLMAO:
Во дуел со Арсенал и тоа! :D

Затоа кажав, Арсенал од почетоците на последната декада. Пошто тогаш беше незамисливо Челзи некогаш да стане како тој Арсенал.

А факт е дека овој Арсенал од последниве години е паднат во споредба со тој Арсенал од почетокот на минатата декада.

Како што тргнало..не би се изненадил да станеме и како моменталниов Арсенал од последниве пар години :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Во дуел со Арсенал и тоа! :D

Затоа кажав, Арсенал од почетоците на последната декада. Пошто тогаш беше незамисливо Челзи некогаш да стане како тој Арсенал.

А факт е дека овој Арсенал од последниве години е паднат во споредба со тој Арсенал од почетокот на минатата декада.

Како што тргнало..не би се изненадил да станеме и како моменталниов Арсенал од последниве пар години :D
Имаа бајги дискутабилни одлуки низ годиниве, тоа не е спорно. Ама кога ќе собереш и одземеш, за две декади клубот е воден и повеќе од добро.
Во најголемата доминација на Јунајтед и сезоната кога Арсенал освојува позлатен трофеј во ПЛ, Челзи прави скок од едно до две нивоа и станува фактор во англискиот фудбал.

Не може тоа да е случајно. Има и други тимови кои преку финансиска инјекција се обиделе да се етаблираат, но не им пошло од рака.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Инаку на денешен ден сме биле четврто место.

И нели, ни прекина банот за трансфери.

А сега сме.. :(
Автоматски споено мислење:

Имаа бајги дискутабилни одлуки низ годиниве, тоа не е спорно. Ама кога ќе собереш и одземеш, за две декади клубот е воден и повеќе од добро.
Добро, тука нема дилема вкупно гледано, јас зборам за од 2013,2014 наваму, од тогаш почнаа проблемиве на клубов.

Е сега може тука и дилема дека пропаднатиот проект со АВБ ептен заеба..ама тоа е ептен "што би било кога би било" тип на муабет и нема ептен поента
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Еве ги ПЛ мечевите на Челзи до трети Февруари (т.е. првиот меч во февруари)

15.01 - @ Fulham
19.01 - @ Leicester
27.01 - vs Wolves
30.01 - vs Burnley
03.02 - @ Spurs

Ако извадиме три победи во ова..ехеее, полна капа

Ако не...можеби и во двоцифрени бројки ќе бидеме на табелата (каде што впрочем сме и сега со Вест Хем) :D
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Не може да се каже дека Челзи е лошо воден кога се збори за успех, ама за краткорочен успех.
Не долгорочно Челзи нема план, барем не до пред Френк.
Најголем проблем по мене беше тоа што не се постави јасен индентитет за тоа како треба да изгледа Челзи во поглед на играта.
Од Анчелоти, Конте, Мурињо до Сари. Сосема различни типови на менаџери кој играат тотално различен фудбал.
И тука настана најголемиот проблем, што играчите ниту напредуваа ниту пак може да ги уклопиш.
За тоа и Канте ни е најдобар фудбалер во последниве неколку години затоа што он може да игра во секој систем, додека
Жоржињо, Мората например не.

Друга ствар е што Челзи ич не се фокусираше на млади фудбалери например побидно беше да се купи Баба Рахман од што да се даде шанса на Бертран или Бакајоко - Чалоба.
Да не зборам како што беа трансфери на Игуан, Фалкао, Едуардо голманот, Кабаљеро итн.
Исто цела вечност им требаше да договорат трансфер.

Е сега од тој поглед пак имаме напредок. Се донесуваат реалтивно млади фудбалери и тоа се договараат брзо, се даде шанса на доста наши млади фудбалери и ете се донесе млад тренер.
Ама тука е и ризикот плус потешко е што Челзи нема костур освен Канте никој друг фудбалер не игра повеќе од 2 сезони, кој заслужува прв тим.
Еве ќе го земам за пример составот кој излезе со Сити кој воедно сметам дека моментално ни е најдобар, добро со Џејмс ин.
Колку натпревари имаме изиграно со таа постава, колку од тие фудбалери играат 2+ год во Челзи, колко од нив пак играат 3+ сезони во пл.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Јас знам дека сите сакаме да знаеме на што сме со Челзи во следните десет или дваесет години, но тоа е малку нереално. Не може сите клубови да се водат по тој најпосакуван и идеализиран модел.

Имаше еден убав текст за тоа како Челзи функционира и кон што се стреми. Она што Челзи годиниве го прави е многу слично на она од Реал Мадрид. Секако, Челзи како помал клуб се угледува на Реал. Краткорочните успеси на клубот не се случајни, тие се краен продукт на замисленото. Челзи сака да донесе тренер, тренерот да освои титула и потоа ако во втората/третата сезона не е способен за повторување на успехот, добива отказ. Па друго дете. Како на фабричка лента.

Шашаво, недопадливо можеби, ама функционира, што би рекол поранешниот претседател. Би убил за Лампардова династија налик Фергусоновата во Челзи, или пак некој полу-Барселона модел. Само и ова не ми пречи. Различни клубови, различни стратегии за успех.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Точно слажам се.

Али проблем е што Челзи нема константан успех и не е на највисоко ниво, џабе ако Мурињо или Конте земале титула прва сезона ако после тоа клубот паѓа на 10 место тренерот добива отказ доаѓа некој друг со сосема различна филозофија за 6 месеци догурува некако до 4 место и на лето пак друг менаџер со сосема различна филозофија на фудбал.
Тука напредок нема, токму ззатоа и дојде Челзи до оваа ситуација, затоа си отиде и Хазард.


Јас не барам династија од Лампард ама ако веќе му се даде шанса на млад и неискусен тренер а сигурен сум дека секој од нив и нас знаеше што значи тоа нека се испоштува проектот до крај, барем ќе знаеме на што сме.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Па како што гледаш, од клубот малку и отстапуваат од праксата. Друг тренер досега ќе леташе во октомври. Го имаат предвид тој аспект.

Мене не ми се допаѓа следното. Еве ти некој ултиматум, победи ги Морекамб, Фулам и Лестер и ќе си добиеш време. Глупости. Ако сте решиле да му дадете отказ, направете го тоа веднаш. Ако не, тогаш оставете го до крајот на сезоната и дадете му ја фамозната ,,трета сезона".
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Не постои понестабилна екипа од Челзи во топ лигиве во последниве 5 сезони:

2015/16: 10 место
2016/17: 1 место
2017/18: 5 место
2018/19: 3 место
2019/20: 4 место

И ако годинава не сме во топ 4, тотално значи дека за тимов еднакви се шансите да освоиме титула, да не бидеме во топ 4 или да бидеме во топ 4 :D

Не памтам тим да има освоено титула, 10 место, петто место, како и трето и четврто во последниве сезони.

Еве, некој ќе каже за Арсенал, ама Арсенал во последниве 5 сезони:

2, 5, 6, 5, 8

Значи, во 4 од пет сезони не се во топ 4.

Ама со Челзи тотално нема ред. Можеби следната сезона ќе бидеме шампиони. Можеби ќе бидеме десетто место годинава. Можеби догодина ќе бидеме трети.

Лотарија е екипава :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Добри сте бе? Ме загрижувате :(

Имаше прес. FRANKIE SAYS RELAX

Рис Џејмс, Канте и Кристенсен се аут за Морекамб. Џејмс ќе започне со тренинзи викендов (јеј), а Канте има мала повреда што се надевам не е нешто пресериозна.

Неколку млади играчи тренирале со сениорската екипа периодов и не е сигурен дали ќе стартуваат со Морекамб или не, ама има шанса за нешто такво.

Запрашан бил и за Кепа и кажал дека работи добро на тренинзи, наш играч е и нема тука што многу да се збори, добро дете е.

Се следат протоколите за вирусот и секако секогаш поостои загриженост и опасност, но сега за сега ниту еден не бил позитивен и ги пофали медицинските лица на клубот

Ја почитува магијата на ФА Купот, а тоа значи дека мора да се почитува и Морекамб.

Притисокот врз неговата работа не е нешто ново бидејќи тој тоа го очекувал уште пред да дојде. Притисокот е дел од работата кога си дел од голема екипа и тоа се подразбира.

Гледа потенцијал во младите играчи што тренирале периодов.

И секако, за крај упати поздрав до Фан Клуб: Челзи на Кајгана форум.

Ете, тоа е, не кажа ништо за тоа кој ќе игра, ваљда ќе извадиме тим со неколку стандардни првотимци, пар младинци+ остало.
 
B

Beginner

Гостин
Добри сте бе? Ме загрижувате :(

Имаше прес. FRANKIE SAYS RELAX

Рис Џејмс, Канте и Кристенсен се аут за Морекамб. Џејмс ќе започне со тренинзи викендов (јеј), а Канте има мала повреда што се надевам не е нешто пресериозна.

Неколку млади играчи тренирале со сениорската екипа периодов и не е сигурен дали ќе стартуваат со Морекамб или не, ама има шанса за нешто такво.

Запрашан бил и за Кепа и кажал дека работи добро на тренинзи, наш играч е и нема тука што многу да се збори, добро дете е.

Се следат протоколите за вирусот и секако секогаш поостои загриженост и опасност, но сега за сега ниту еден не бил позитивен и ги пофали медицинските лица на клубот

Ја почитува магијата на ФА Купот, а тоа значи дека мора да се почитува и Морекамб.

Притисокот врз неговата работа не е нешто ново бидејќи тој тоа го очекувал уште пред да дојде. Притисокот е дел од работата кога си дел од голема екипа и тоа се подразбира.

Гледа потенцијал во младите играчи што тренирале периодов.

И секако, за крај упати поздрав до Фан Клуб: Челзи на Кајгана форум.

Ете, тоа е, не кажа ништо за тоа кој ќе игра, ваљда ќе извадиме тим со неколку стандардни првотимци, пар младинци+ остало.
Ќе пишев утрово за трансфер руморс ама моментално како се вклопуваат тие што се купија летото подобро да си остане на руморс.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ќе биде интересно ФА Купов до кај би стигнале и каков ефект би имал врз тимов:

Ако тепаме утре онда:

15 Јануари - @Фулам
19 Јануари - @Лестер
23 Јануари - ФА Куп
27 Јануари - Вулфс
30 Јануари - Барнли
3 Февруари - @Тотенхем
6 Февруари - @Шефилд
10/11 Февруари - ФА Куп
13 Февруари - Њукасл
20 Февруари - @Саутемптон
23 Февруари - @Атлетико
27 Февруари - Јунајтед

Ќе имаме натпревар на секои 3-4 денови се до крајот на Февруари

После мечот со Јунајтед ќе имаме 2 недели back-to-back без мечеви во средина на неделата

А до сега видовме колку добро се снаоѓа тимов во период од многу мечеви
Автоматски споено мислење:

Нели, ова под претпоставка дека не би изгубиле утре или во следното коло на ФА Купот
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Брееј тимов е небаре играме со Сити :D
Автоматски споено мислење:

Одличен гол!
Автоматски споено мислење:

Јеј
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom