Веганизам/Вегетаријанизам

Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
Мислам дека и ти ко и јас си лезбејка.

Туку денес праз со јајца!
Јас па цело време се дефинирам како црешово топче.
Кога нема пица и јас си лупам праз со голем ентузијазам.
П. С. аплоад слика од празот со јајца ај дер ју
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Јас па цело време се дефинирам како црешово топче.
Кога нема пица и јас си лупам праз со голем ентузијазам.
П. С. аплоад слика од празот со јајца ај дер ју

:love:
 
K

Kitsune

Гостин
Тие што се вегани и што досаѓаат постојано за тоа како им било жал за животните а ние што не сме вегани сме лоши. Дали истото го мислите и за лавот, тигарот, волкот, ајкулата и останати месојади животни ?
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Ќе ти одговорам @Kitsune иако прашањето е одговорено веќе неколку пати и не мислам дека не вегани се лоши. :ROFLMAO: Одговарам од аспект, која е разликата. Прво и најважно човекот е омнивор и има избор. Можи со месо, можи и без месо. Но, тоа не е се - можи да расуди дали ќе јади месо или не и то се остава на него да си напрај избор. Лавот пример, е карнивор. Тој ќе умри без месо. Е сега следно многу важно. Лавот, го лови брзо и убива брзо својот плен. Човекот, го чува од бебе прасето за да го убие. Го пренесва, го ограничва во простор, го одделва од мајка му и го убива. На кравата му зема бебето за да го убие и неа ја молзи за млекото. Лично, мене најголемиот проблем ми е со ова. Ова е малтретирање на живо суштество зад кое, барем лично, неќам да застанам.

Не мислам дека вие кои не сте вегани сте лоши. Осеќам потреба пак да нагласам. Ако ете некој тука мисли дека сте лоши, можи поинаку ќе одговори на се. Idk. Ќе видиме. :') Ова е од аспект you do you, иако према мене иднината е cruelty free и одговарам од аспект зошто сега не е. Како и да е сите имаме различен поглед кон неа.

--------

На посветла нота, вчера праев сејтан. Ми излезе душата. Го праев од цело брашно не дирек од глутен. Се наоѓа изолиран глутен кај нас? Немам салам побарано да бидам искрена, после празников дефинитивно ќе барам. Оти ако во нешто сум сигурна е дека не се нафаќам пак од цело брашно да прам сејтан. Не. Не. Зошто реков дека ова ќе е на светла нота? XD

Крај краева најдов еден онлајн сејтан шоп, бар така сфатив од тие 2 минути шо разгледав, па би нарачала.

Праев и овесово млеко, то ми се допадна. 600мл вода, 100г овесни снегулки, лажица јаворов сируп, лажичка ванила екстракт. Блендирано. Исцедено. Ептен ми се допаѓа. Навистина. Ко за прво домашно млеко ми се виде најлесно, па следно ќе прам поинакво. Ова беше додуша и прв рецепт на кој налетав, зато ќе да сум "сентиментална" и морав прво ова. Татко ми не знаеше дека млекото е домашно растително, не купечко и ми даде забелешка е дека меѓу поомилените за во Нескафе. Јас уште не се откажвам од кокосово за во кафе. :')
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Ќе ти одговорам @Kitsune иако прашањето е одговорено веќе неколку пати и не мислам дека не вегани се лоши. :ROFLMAO: Одговарам од аспект, која е разликата. Прво и најважно човекот е омнивор и има избор. Можи со месо, можи и без месо. Но, тоа не е се - можи да расуди дали ќе јади месо или не и то се остава на него да си напрај избор. Лавот пример, е карнивор. Тој ќе умри без месо. Е сега следно многу важно. Лавот, го лови брзо и убива брзо својот плен. Човекот, го чува од бебе прасето за да го убие. Го пренесва, го ограничва во простор, го одделва од мајка му и го убива. На кравата му зема бебето....
А мене па и ова омнивор ми стана сумљиво, исклучи ни ја интелигенцијата и без алатки види шо ние може да уловиме и јадеме... ја риба не мож да фатам ќе ми се лизне од раце, нит зајак нит кокошка мож да фатам, ќе ми избегаат и фатат на кондиција..... дива свиња мене ќе ме убие, а еве и да фатам некое случајно ќе треба директ да го гризам а за тоа не сум способен, можда некој е алал вера али мојте заби не се толко јаки а и додека да дојде до месото ќе се изнајаде вуна перје.

Едини начин е да најдам мрша некоја веќе зајадена од некој волк или слично, арно ама ја кога ќе видам мрша мене ми се гади не ми отвара апетит како кај мојте кучиња (кои бај д веј се омнивори), браво за тој шо би можел.

Мене ми останува без мозок само плодови да кинам, за тоа сум ја гледам единствено способен, башка мислам дека тоа ни е инсталираниот програм од природата, затоа се повеќето плодови со изразита боја, да не привлечат.
Е сега не е секој ко нас, неспособен.

Така да @Kitsune тоа убиец како лав, волк, ајкула во големата слика и природната селекција за разлика од мене тебе те прави способен, да не беше интелигенцијата вакви слабаци ко мене немаше да преживеат.
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
@ПрофаундлиСтупид често мајтап си прајме со еден другар дека ние луѓето сме еволуциски cheaters. :ROFLMAO: Ловот со орудие е исто така лов. Можи не можиш да растргниш нешто со заби, ама можиш, порано да си напрајш, сега да си купиш потребно орудие и да ловиш така.
 
Ама не е мајтап ја исто мислам дека сме читрс, интелигенцијата можда се развила токму ради неспособноста, па сега можеш и орудија.
А други големи читрс се кучињата, денес науката вика дека ние не сме доместифицирале волк, туку дека неспособните за лов волци приметиле дека ние трупаме храна и самите се припитомиле за да ни се бутнат и ние им фрлиме нешто. И крзното им се сменило во флафи ќјут, погледот фацата за да лачиш окситоцин и се грижиш за него.
Мене кучињата многу ми кажуваат за нас...
 
K

Kitsune

Гостин
Ќе ти одговорам @Kitsune иако прашањето е одговорено веќе неколку пати и не мислам дека не вегани се лоши. :ROFLMAO:

Не мислам дека вие кои не сте вегани сте лоши. Осеќам потреба пак да нагласам. Ако ете некој тука мисли дека сте лоши, можи поинаку ќе одговори на се. Idk. Ќе видиме. :') Ова е од аспект you do you, иако према мене иднината е cruelty free и одговарам од аспект зошто сега не е. Како и да е сите имаме различен поглед кон неа.
Не велам дека баш ти велиш дека сме лоши. Но на ФБ кога ќе отидам стално некои страни замараат со тоа веганизмот, како тоа да е апсолутно правилно, како секта се понашаат.

. Е сега следно многу важно. Лавот, го лови брзо и убива брзо својот плен. Човекот, го чува од бебе прасето за да го убие. Го пренесва, го ограничва во простор, го одделва од мајка му и го убива. На кравата му зема бебето за да го убие и неа ја молзи за млекото. Лично, мене најголемиот проблем ми е со ова. Ова е малтретирање на живо суштество зад кое, барем лично, неќам да застанам.
За болдов, ок, те разбирам во целост.

А што правиме со растенијата? И тие се у суштина живи суштества. За нив не ли ви е жал ? Кога веќе сме кај тоа

Така да @Kitsune тоа убиец како лав, волк, ајкула во големата слика и природната селекција за разлика од мене тебе те прави способен, да не беше интелигенцијата вакви слабаци ко мене немаше да преживеат.
Интелигенцијата е клучна и за овие што ги набројав. Џабе му се на тигарот канџите и јаките заби ако не знае како да ги искористи.
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
А што правиме со растенијата? И тие се у суштина живи суштества. За нив не ли ви е жал ? Кога веќе сме кај тоа
Се работи за различен вид на "живо". Разликите се огромни.

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Интелигенцијата е клучна и за овие што ги набројав. Џабе му се на тигарот канџите и јаките заби ако не знае како да ги искористи.
Така е, али сега тебе да ти ја одземам интелигенцијата, да ти оставам толку колку лавот шо има баш ме интересира со ова тело како ќе преживееш, шо ти ќе ловиш.
Ја знам шо ќе праам, како горилите ќе јадам банани овошја и инсекти. И ќе барам места каде нон стоп има нешто такво.
 
K

Kitsune

Гостин
Се работи за различен вид на "живо". Разликите се огромни.

Без разлика, сепак е живо и тоа.

Така е, али сега тебе да ти ја одземам интелигенцијата, да ти оставам толку колку лавот шо има баш ме интересира со ова тело како ќе преживееш, шо ти ќе ловиш.
Ја знам шо ќе праам, како горилите ќе јадам банани овошја и инсекти. И ќе барам места каде нон стоп има нешто такво.
Веројатно и јас би јадел истово што и ти.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Така е, али сега тебе да ти ја одземам интелигенцијата, да ти оставам толку колку лавот шо има баш ме интересира со ова тело како ќе преживееш, шо ти ќе ловиш.
Ја знам шо ќе праам, како горилите ќе јадам банани овошја и инсекти. И ќе барам места каде нон стоп има нешто такво.
Има една анегдота со постанокот на човекот, од мајмуни. Најпаметните се секогаш најгоре по дрвата, што значи од тие најглупите доле настанал човекот :LOL:
Автоматски споено мислење:

Тие што се вегани и што досаѓаат постојано за тоа како им било жал за животните а ние што не сме вегани сме лоши. Дали истото го мислите и за лавот, тигарот, волкот, ајкулата и останати месојади животни ?
Мене ми е жал и за тебе :(
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Без разлика, сепак е живо и тоа.
Како шо реков, разликите се огромни. И ради тие разлики нема етички проблем за растенијата. Ако сакаш да гледаш црно- бело на живо и "живо", то е твое. Ама ... Не е толку едноставно.
 
K

Kitsune

Гостин
Како шо реков, разликите се огромни. И ради тие разлики нема етички проблем за растенијата. Ако сакаш да гледаш црно- бело на живо и "живо", то е твое. Ама ... Не е толку едноставно.
Можеби има разлика, но е контрадикторно малце.

Мене ми е жал и за тебе :(
Оти ?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Затоа што не можеш да разбереш што и да напишам. Можам да ти предложам начин, како да разбереш. Следното прасе у кое ќе уживаш сам купи го и заколи го. Ако го направиш тоа, и нема да имаш грижа на совест и се ќе биде ок со тебе тогаш имаш потполно право да уживаш, затоа што си на исто ниво како лавот и сите тие животни што ги наброја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom