Ќе ти одговорам
@Kitsune иако прашањето е одговорено веќе неколку пати и не мислам дека не вегани се лоши.
Одговарам од аспект, која е разликата. Прво и најважно човекот е омнивор и има избор. Можи со месо, можи и без месо. Но, тоа не е се - можи да расуди дали ќе јади месо или не и то се остава на него да си напрај избор. Лавот пример, е карнивор. Тој ќе умри без месо. Е сега следно многу важно. Лавот, го лови брзо и убива брзо својот плен. Човекот, го чува од бебе прасето за да го убие. Го пренесва, го ограничва во простор, го одделва од мајка му и го убива. На кравата му зема бебето за да го убие и неа ја молзи за млекото. Лично, мене најголемиот проблем ми е со ова. Ова е малтретирање на живо суштество зад кое, барем лично, неќам да застанам.
Не мислам дека вие кои не сте вегани сте лоши. Осеќам потреба пак да нагласам. Ако ете некој тука мисли дека сте лоши, можи поинаку ќе одговори на се. Idk. Ќе видиме. :') Ова е од аспект you do you, иако према мене иднината е cruelty free и одговарам од аспект зошто сега не е. Како и да е сите имаме различен поглед кон неа.
--------
На посветла нота, вчера праев сејтан. Ми излезе душата. Го праев од цело брашно не дирек од глутен.
Се наоѓа изолиран глутен кај нас? Немам салам побарано да бидам искрена, после празников дефинитивно ќе барам. Оти ако во нешто сум сигурна е дека не се нафаќам пак од цело брашно да прам сејтан. Не. Не. Зошто реков дека ова ќе е на светла нота? XD
Крај краева најдов еден
онлајн сејтан шоп, бар така сфатив од тие 2 минути шо разгледав, па би нарачала.
Праев и овесово млеко, то ми се допадна. 600мл вода, 100г овесни снегулки, лажица јаворов сируп, лажичка ванила екстракт. Блендирано. Исцедено. Ептен ми се допаѓа. Навистина. Ко за прво домашно млеко ми се виде најлесно, па следно ќе прам поинакво. Ова беше додуша и прв рецепт на кој налетав, зато ќе да сум "сентиментална" и морав прво ова. Татко ми не знаеше дека млекото е домашно растително, не купечко и ми даде забелешка е дека меѓу поомилените за во Нескафе. Јас уште не се откажвам од кокосово за во кафе. :')