Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Ниче говорел за трансформација на духот.....камила па лав па дете. Каде е детското у следбениците на Ниче?
Автоматски споено мислење:

Луѓето имаат различен интелектуален и духовен капацитет, не се работи овде за елитизам базиран на привилегии, туку едноставно за прост факт дека мал број луѓе може да ја контемплираат природата на реалноста. Мнозинството или некоже или несака да се замара со такви нешта. Човек треба да или премногу наивен или премногу глуп за да мисли дека секој може да биде гностик, мистик, окултист.....
Ок, се слагам....кои се крајните достигнувања?
Ги знаеш ли ти како некој што не го достигнал врвот?
На кај одат вашите практицирања на отоизмот?
 
Глупости со тој елизитам и проклетото чуство што го имате како тајното е за елитизам само... За секого е... кој рече дека не е?
Дали воопшто ти ме читаше мене низ годините што зборувам? Или тоа што се бара работа тебе ти смета па сега другите се криви...
Ќе размислуваме, ќе читаме книги и „вистина вистина ви велам...“?

Но јас на пример те читам тебе и ми доаѓа мисла дека ти мислиш дека тебе те следува секако се на Земјата... туку така, бидејќи си роден, секако ќе ја постигнеш таа некаква си вистина, знаење, се... не мора ништо да правиш.
Само диши. Дека тебе те следува да знаеш се и да имаш пристап до се - бидејќи си роден на Земјата.
Тоа е погрешна интерпретација на Багавад гита и на целиот њу ејџ зен што се шитка наоколу!
Не оди така. Не одело и нема да оди...

Барем од она што јас имам искуство, така е, а вие ако мислите дека не е така - не знам, секако го одите вашиот пат со вашите размисли.
 
Не постои ,,отоизам" постои ОТО како Ред кој го сочинуваат иницијанти и постои Телема како филозофска и религиозна матрица сочинета од пракси и симболика.
Незнам ти што подразбираш под ,,достигнување на врвот" можеби мислиш на ,,крајното достигнување" познато како Големото Дело или Магнум Опус, има убаво објаснување за него во Магика, книга 4.
 
Ок, чисто колку за да се разбереме го употребив тој поим, небитно.
Буда, Исус....и уште многу го споделиле тоа што го постигнале и многу лесно можеш да го концептуализираш....не сум слушнал кај вас како е. Постои ли начин некој да објасни?
 
Глупости со тој елизитам и проклетото чуство што го имате како тајното е за елитизам само... За секого е... кој рече дека не е?
Дали воопшто ти ме читаше мене низ годините што зборувам? Или тоа што се бара работа тебе ти смета па сега другите се криви...
Ќе размислуваме, ќе читаме книги и „вистина вистина ви велам...“?

Но јас на пример те читам тебе и ми доаѓа мисла дека ти мислиш дека тебе те следува секако се на Земјата... туку така, бидејќи си роден, секако ќе ја постигнеш таа некаква си вистина, знаење, се... не мора ништо да правиш.
Само диши. Дека тебе те следува да знаеш се и да имаш пристап до се - бидејќи си роден на Земјата.
Тоа е погрешна интерпретација на Багавад гита и на целиот њу ејџ зен што се шитка наоколу!
Не оди така. Не одело и нема да оди...

Барем од она што јас имам искуство, така е, а вие ако мислите дека не е така - не знам, секако го одите вашиот пат со вашите размисли.
Абе каква работа кога крајна цел не знаеш????
Не живееме по 1000 год. па да трошам време за се и сешто....btw, треба ли фудбал да играм, шах, пинг понг, да дремам пред ПЦ на кајгана, да дремам на сонце, да пливам, да возам точак.....сите тие работи јас го сакам. Во работа не верувам :D
 
Ок, чисто колку за да се разбереме го употребив тој поим, небитно.
Буда, Исус....и уште многу го споделиле тоа што го постигнале и многу лесно можеш да го концептуализираш....не сум слушнал кај вас како е. Постои ли начин некој да објасни?
Големото Дело или Магнум Опус во суштина е асимилирање на спротивностите, надминување на дуалноста. Макрокосмосот со микрокосмосот, машкото со женското, доброто со злото....
 
Не, јас сум го критикувал тој елитизам кој го поседувате. Секогаш било така, затоа што мислам дека вистината е за секого.

Вистината е за секого но не секој сака да си ги руши постоечките темели а самиот процес на рушење е болен, ментален процес за кој треба убаво да се држиш додека се преиспитуваш и “де-програмираш” грубо кажано од егзотерични работи кои си ги земал здраво за готово целиот живот од друг и да одлучиш кај ти лежи срцето во однос на твојата вистина. Не е баш од тип застанување на свои нозе колку што е градење одново каде стоиш.
 
И пак имаш слободно време иако сето ова го правиш што наброја... и го кажа волшебниот збор што дозволува да се има време за сето тоа, а би можело и за езотерија... што ќе овозможи да смениш мислење за сето ова што е езотерија и окултно како елитизам! :)
Ме разбираш нели?
 
Ок, ама еве крајната цел мене не ме испунува Ипси што ја наброја. Јас сакам да бидам вечен....го нудите ли тоа у програма?
Автоматски споено мислење:

Озбилен сум :)
 
Ок, ама еве крајната цел мене не ме испунува Ипси што ја наброја. Јас сакам да бидам вечен....го нудите ли тоа у програма?
Јас не сум ти понудил ништо... тоа е Опусот на/според @Ipsissimus или како го разбира сето тоа... ако тој смета дека тоа е неговата цел - тука сум да помогнам колку можам :)
Кој рече дека треба моето да те исполни тебе? :D

Ако не си забележал јас не користам такви изјави на форумов... ама реков, ти мене по се изгледа воопшто не си ме читал низ годините што сме расправале тука...
Штета...
 
Јас сакам да бидам вечен....
Не можеш туку така,ќе си седнеш ќе си загрееш столчето,фаќање читање сите 77363'3637+1911-$7-272772 книги од
Отец Кроули,па ќе правиме муабет за вечност .
Плус и по некое гулапче ќе треба да жртвуваш(не мора од најскапите).
И кажување ритуал 'Волја" пред секое јадење,обавезно(кое што не е исто како кажување Оче наш на подмолните рисјани,воопшто),правење Liber Resh(поздрави на сонцето) 4 пати дневно +сите видови на пентаграми и хексаграми.
Скокна ли едно,пак све од почеток.
А башка за јогата на Кроули да не зборам мораш ....
 
И ти мене не си ме читал, и тоа е штета. У глобала сме доста тврдоглави и двајцата.
Ако нема начин да се постигне бесмртност тогаш се е срање у боја. Ништо нема значење, се е ветер и магла.
 
Сега не може да биде с... у боја, па после ништо, па потоа ветер и магла...
Многу кабала бидна во оваа навидум кратка размисла :)
 
Не можеш туку така,ќе си седнеш ќе си загрееш столчето,фаќање читање сите 77363'3637+1911-$7-272772 книги од
Отец Кроули,па ќе правиме муабет за вечност .
Плус и по некое гулапче ќе треба да жртвуваш(не мора од најскапите).
И кажување ритуал 'Волја" пред секое јадење,обавезно(кое што не е исто како кажување Оче наш на подмолните рисјани,воопшто),правење Liber Resh(поздрави на сонцето) 4 пати дневно +сите видови на пентаграми и хексаграми.
Скокна ли едно,пак све од почеток.
А башка за јогата на Кроули да не зборам мораш ....
Слаб сум у стречинг...по се изгледа даст ту даст ќе биде :D
Кај е сега А. Кроули?
Го контактирате ли?
 
И ти мене не си ме читал, и тоа е штета. У глобала сме доста тврдоглави и двајцата.
Ако нема начин да се постигне бесмртност тогаш се е срање у боја. Ништо нема значење, се е ветер и магла.
Првин одредуваш што мора да биде исходот, па дури потоа бараш кој начин ќе го прогласиш за соодветен согласно тоа дали ти дава одговор каков што очекуваш.... Така се бара утеха, не вистина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom