Тешка, тешка тиња се Бугарите. Сто пати нека бидат во ЕУ, ама пак нема да се понапред од нас. Порано се чекаше 10-12 месеци на задолжителна, сега се чека по 19 со тенденција на зголемување. Финална беше 2-3 месеци, сега еве е околу 5, преку родител и повеќе. Положително траеше 2-3 месеци исто, во некои случаи и пократко, сега е 8-9 а до скоро беше и 12. Дојде ли Нова година, не се работи цел месец, не мрда ништо. И тоа што ќе се сработи се објавува со месец два задоцнување во системот. Термини за подигање лист хартија, значи само за подигање, дури после година дена од потпишувањето на указот. Смешки. Еден куп скандали со ДАБЧ МАБЧ без никаква конкретна разрешница. Сега идат избори, може пак нешто да се закочи. 3 години и два месеци откако подадов документи, уште сум на финална, што се вика до пола. Не се тачни значи, бугарска работа...