Не глумам познавач на работите тоа е и убавината што ме тера да медитирам и да не се задоволувам со туѓи размисли и одговори и свети книги! Ниту барам практичен доказ од луѓе кој реално не може да се даде! Зошто самиот не можам да го дадам а мислам дека го разбирам за себе, Пример јас честопати се прашувам дали јас на некого му дадов одобрение да ме плукне во егзистенција, дали некој ме праша нешто дали сакам да постојам за да ме умре, пак ме плукне тука во овој живот ако реинкарнација држи вода, и ме става низ исти тешкотии (овој пат па и со некакви попречености дали физички,здравствени, материјални) за да пак ме умре и почне отпочеток со трета комбинација за да јас си стигнам до некој блис некогаш кога сум доволно филтриран и слепо да верувам во процесот каде ниту енлајтмент не е гаранција за прекин на истото. Што е поентата нешто што ме ставило тука да ме тера пак да се анихилирам во него за да го отпочне процесот пак. Ова е хорор сценарио кое ме тера да размислувам на лудотијата во која живееме и ни се дешава и ни е дадена без некој да не праша дали сакаме го земеме даденото и немањето поента на истото, некако заморно ми изгледа процесот, но ипак никој нема одговори ниту ќе има па затоа сме си тука на кајгана да се смееме