Основањето на Редот на сиромашните витези на Соломоновиот храм За основоположник на овој ред се смета витезот Хуго Де Паен, кој во периодот кога во
години откако завршила Првата крстоносна војна, собрал група од 9 витези кои биле
грижат за безбедноста на многубројните аџии. Од цела Европа, христијаните постојано
Светиот град, но на својот пат честопати биле напаѓани од групи разбојници, одметнати крстоносци и од Сарацените. Така Хуго Де Паен со својата група витези, добил задача лично од првиот Крал на Ерусалим, Балдвин Болоњски, да се грижи за безбедноста на патиштата и животот на аџиите. Хуго и неговите браќа воопшто не се вклопувале во вообичената представа која денес ја имаме за витезите. Името го добиле по местото кое им било доделелно за своја тврдина, место каде некогаш се наоѓал Соломоновиот храм, иако наскорo целиот свет ќе ги запомни под скратеното име Темплари (од англскиот збор temple-храм). Во почетокот немале никакви финансии, носеле облека која им била подарена, па дури и по двајца јавале еден коњ што ќе остане забележано на многу гравури, печати и цртежи во тој период. Сепак, во следните десет години, Темпларите ќе станат голема економска, политичка и воена сила. Иако војувале најчесто на Светата земја, нивното богатство и силна економска моќ била сконцентрирана во Европа.