Добив една историја од велешкото подземје.
На сликата се извесен Новица од Белград и Тоше Коцев Кравата, и двајцата покојни.
Новица бил србин дојдено во Велес кај роднина, фактички се криел во Велес, Новица со екипата ограбиле златара или јувелирница во Белград и избегале, па еден заглавил во затвор и лежел неколку години оти пленот не бил најден, од кога дечкото одлежал пребегал во Италија, после неколку години поминати во Велес, Новица тргнал во Италија да се види со другарот и да го поделат пленот, на делбата на пленот Новица кога заминувал овој другар му од позади му пукал во тилот и го убил, другарите на Новица после тоа го одмаздиле за брзо време. Брат му на Новица бил познат пилот во Белград, иначе последните години пред да оди во Италија бил близок со повеќе велешки криминалци и работел како вратар на градскиот базен со дел од нив. Сликава имала и друга верзија, каде се сликани тројца, Новица, Тоше и Горан Ангелов Ќосето, а Новица покасно имал и некои недоразбирања со нив.
Интересно да се нагласи е дека ланците кои ги носат Новица и Тоше на сликата се на Агим Шерифи (може да се провери на постарите слики од Агим и Џељо Ајети, на ланецот со плочка пишув Ролекс, што порано било име на локалите на Беланоца), Агим му ги давал на Горан Ангелов да ги носи зошто еден период биле многу блиски, се спријателиле така што Горан во затворски тепачки бил на страната на Агим. Покасно Агим идел на гости кај него со Ламборџини или Ферари и девојки. Се зборува дека другарството се растурило кога сакале да почнат рекет поход во градот па лихвар од постарите генерации извесен Лазе Николов Чавче, кој исто бил сега покоен, ги повикал на разговор во негова викендица и го нападнал Агим.
Друго изоставено во темава за Горан Ангелов Ќосето т.е. Рамбо како што му бил локален прекар мислам дека нема, наназад има пишувано и за грабежот на банка во Офенбах во близина на Франкфурт, за апсењето на бугарска граница доста години покасно од одлежувањето на казната во Македонија за истото дело, поради грабежот и депортирање во Германија, како и за доаѓањето на Горан Георгиевски Мујо со речиси цела единица Лавови за да му помогнат во тепачка, познато меѓу Лавовите е и дека Горан Мујо го извадил од Идризово порано Горан Ангелов за да го земе во единицата.