- Член од
- 11 април 2018
- Мислења
- 210
- Поени од реакции
- 61
Добро груба цифра е 2000 ден, вероватно 1800-2000, беа потрошени околу 400 кв.Да де, зимите 2011 и 2017 беа поладни...
Ама во Скопје, цели 2-3 дена да било толку длабок минус шанси нема..... Може два-три дена навечер да паднало толку ниско по неколку часа....
Како што се сеќавам јас, еве од Прилеп сум, имаше 2-3 недели јануари кога стегнуваше со подлабоки минуси.... ама тоа -20 -25 беше само во постудените градови (Битола, Берово, Крушево...) и тоа само навечер..... преку ден беше доста поблаго иако сепак постојано во минус.
Прилеп што памтам во 2011 најниска -22С беше на временска прогноза објавена... во Битола до -26 и врлаа тенџериња со врела вода правеа филмски ефекти Битолчани... а во Прилеп не можеше оти потопло беше
Мрзнењето на кондензираната вода во тацната мислам зависи од многу околности, едно од работењето на самата клима, друго од поставеноста на надворешната единица кон југ и дали воопшто ја фаќа сонце.... или пак строг север и нонстоп северко провев во некоја осојница...
Греачот на тацна како што сваќам повеќе го ставаат како некоја удобност отколку помош во работата при екстремни минусни температури.
Од 0 до -15 ако ти мрзне тацната, као прифатливо е кај не-нордик климите...
Кај Нордикот и на -25 да ти мрзне кондензираната вода во тацната да не мрзнеш и ти надвор греачот ќе ја топи.... ама нема никаква врска со капацитетот колкава топлина може да даде самата клима на толку ниска надворешна температура.
Искрено и мене многу ми се чини, особено што викаш грееш на пристојни 23С.... ноќе 21С...
Дај малку образложи како дојде до рачуницава од 2000 денари?
Ама на вака топло време, скоро и да немавме минусни температури ни навечер....
Во 20 квадрати да модулира со 700-800w треба да имаш големи загуби....а викаш нова PVC дограма...
Штознам, да не ти тиши од некаде а свесно да го игнорираш... провери под врати да не имаш голема луфта.... или некоја штуцна од оџак со решетка за луфтирање па да ја трга топлината константно низ оџак.... или пак аспираторот да буфта со саати во просторијата....
И то што е така така е.... јбг ама можеш колку толку да придонесеш....
Кој верува верува.... кој не не....
Во собата термометрите постојано кажуваат добра темп секогаш +1 степен од таа на климата па ако имам загуби ваљда и тие ќе бидат првиот симптом дека нешто не е во ред
Јас тука од форумот добивам некои корисни информ. инаку ова ми е прво искуство со греење на клима.
Повеќе ми беше дали се ова е во ранг на оваа клима или нешто е згрешено во монтажа (ако е можно да се згреши) и дали таа работи ок или не.