Штета вчера за со Бутел, напад за победа Дрогата ја избрза на 12 секунди до крај шутна пред време...
Како и да е, докажавме дека можиме да играме со првите две екипи од групата Металург и Бутел.
Плеј оф е загарантиран на третото место, тоа беше целта и на оваа екипа, секоја чест момци ! Екипиште

Нема замерки, Дрогата двете клучни утакмици ги изигра на ниво, Ивановски одличен на гол, еден од најзаслужните за овие 4 бода, Јован стандард гази, стружанецот топ.
П.С. Озбилно овде греењето е проблем со децении, срамота, не е за мајтап работата, не знам која будала овде дозволи СЕХА да се игра и европски утакмици, врши некој контрола на салите или како ? Највероватно кај нас биле во Август.
Не е работата дека Бабиќ изјави сега, па ајде сите да се крениме на нозе и пред Бабиќ беше истото, муабетот е дека ова мора да има некое решение, со тие топовите на плин е чиста заебанција само ! Четири топови по ќошојте не ти загреваат два дена по 24 сати да работат, не пак 1 саат пред утакмица и уште 4 да наместат такви е само резил а никаков ефект.
Со тој котелот шо бидна ? Или го продаде Натка за старо железо ? Знам нешто беше спорно и за него, испорачуваат нешто од кое немаш корист....шта речи.....
-Незнам колку е вистина пред некој ден имаја објавено дека тројката од Металург: Поповиќ, Канкараш и Хорват треба да се нови засилувања, сега дали има нешто или само мува е пуштена не знам....
Поповиќ и тоа како ни треба, светско крило ! Мора под итно да се врати овај, опасен играч, Ојлески без пари ќе му го дајме ние. Канкараш исто корисен играч, би бил одличен за ротација заедно со Кушан, Маркоски и Граџан непотребни играчи за евро утакмици, Хорват мислам не треба, во залез на кариерата, само ќе стави стагнирање на Костески.