Се' за воздушни пушки

Член од
17 декември 2019
Мислења
32
Поени од реакции
18
Здраво. Ме интересира дали може да се нарача airsoft пушка преку интернет и да стигне во Македонија без никакви проблеми? Во МВР се информирав дека откако ќе ја купам пушката (се однесуваше на лично купување од Србија) треба да ја пријавам во рок од 8 дена со фактурата од продавницата со што ја добивам и дозволата за поседување.
mozi se za pari sega + carini ce si platis tamu se a inace mozi
 
Кригла1988

Екипа 4600
Член од
5 јуни 2015
Мислења
57
Поени од реакции
132
Здраво луѓе, сакам да ја купам Gamo Replay 10 Magnum IGT со оптика 3-9x40, 4.5mm-380m/s. Би сакал по детални информации и совети од вас по искусните, дали вреди и како се одржува?
 
Член од
8 ноември 2020
Мислења
30
Поени од реакции
9
Здраво дали некој сака да купи Fenix tk22ue батериите се нови отворени се само да се проверат и вратени се така седат ако некој е заинтересиран ги продавам двете. 1600 лумени
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
9
Здраво дечки, има ли некој претстава од каде може да се купи боца за пцп до 300 бари, тие се истите боци што ги користат за нуркање, пример каде може да се купи опрема за нуркање?
 
Член од
30 април 2020
Мислења
154
Поени од реакции
182
Здраво момци, поседувам воздушен пиштол HK P30 4.5mm. Кога го купував не зедов воздушна пушка заради што испалува 1 фишек и не ми се правеше некој ќеф. Читам дека има Multishot воздушни пушки кои си имаат шаржерче за неколку дијаболи и може да се испукаат повеќе ? Дали сум јанглаш или точно имам прочитано и ако има, дали има кај нас таква да се купи ?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.311
Поени од реакции
15.473

има...скапи се....
 
Член од
2 октомври 2020
Мислења
2
Поени од реакции
0

Jas imam takva puska so sarzer!
5.5mm
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.238
Поени од реакции
1.501
Зошто порака, шо е толку тајно, напиши и овде за тоа е темата
 
Член од
16 јануари 2020
Мислења
19
Поени од реакции
17
Здраво момци, поседувам воздушен пиштол HK P30 4.5mm. Кога го купував не зедов воздушна пушка заради што испалува 1 фишек и не ми се правеше некој ќеф. Читам дека има Multishot воздушни пушки кои си имаат шаржерче за неколку дијаболи и може да се испукаат повеќе ? Дали сум јанглаш или точно имам прочитано и ако има, дали има кај нас таква да се купи ?
Јас имам Gamo Roadster 10x 4.5. Некаде пишува дека е 380м/с, а некаде 305 м/с. Како и да е, пушката е доста моќна и екстра за парите. Ја купив од Микеи 13.500 мкд со 1000 дијаболи гратис, ама гамо дијаболите се шит. Јас користам H&N ги купувам од Германија, тука кај нас немам сретнато да се продаваат. Оптика купив дополнително walter и си купив плус уште еден магацин за 1.100 мкд исто од Микеи. Така да имам на располагање 20 дијаболи со само прекршување на цевката. Значи стварно е кул работа тоа што еднаш полниш 10 дијаболи и потоа само прекршуваш цевката :).
Автоматски споено мислење:

Здраво дечки, има ли некој претстава од каде може да се купи боца за пцп до 300 бари, тие се истите боци што ги користат за нуркање, пример каде може да се купи опрема за нуркање?
Си купи РСР? :)
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
9
Јас имам Gamo Roadster 10x 4.5. Некаде пишува дека е 380м/с, а некаде 305 м/с. Како и да е, пушката е доста моќна и екстра за парите. Ја купив од Микеи 13.500 мкд со 1000 дијаболи гратис, ама гамо дијаболите се шит. Јас користам H&N ги купувам од Германија, тука кај нас немам сретнато да се продаваат. Оптика купив дополнително walter и си купив плус уште еден магацин за 1.100 мкд исто од Микеи. Така да имам на располагање 20 дијаболи со само прекршување на цевката. Значи стварно е кул работа тоа што еднаш полниш 10 дијаболи и потоа само прекршуваш цевката :).
Автоматски споено мислење:

Си купи РСР? :)
Во план сум неделава да порачувам, сметам на царина колку ќе ме скинат кога ќе стаса во МК хахах, Аир Вентури Авенгер во 6.35 калибар.
 
Член од
16 јануари 2020
Мислења
19
Поени од реакции
17
Во план сум неделава да порачувам, сметам на царина колку ќе ме скинат кога ќе стаса во МК хахах, Аир Вентури Авенгер во 6.35 калибар.
Ако не е проблем клај еден линк овде да ја видам шо чудо е и пиши колку планираш да те кошта комплет со се опрема (оптика, пумпа или боца...) оти и мене ми се мати умов за пцп. И секако ко че ја земиш да се јавиш да ја видам :)
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
9
Здравои дечки, на кратко само да кажам дека јас сум разочаран од царинскава управа кај нас и од сите шпедитори кои треба да се погрижат за царинските стапки и сличн. Мојава кратка хорор приказна заврши со изгубени 100 евра на гладно срце, ради тоа што стручниот претходно наведен кадар во царинската управа и шпедициите во државава неможеа да се усогласат со потребните документи за да се заврши процедурата.
Во шпедицијата ми велат дека мора да имам дозвола за воздушната пушка за да можам да ја однесам на царинење (кое чини 25% за царинење на оружје + 18% ддв тотал 42% од целокупната сума на продуктот). Кога појдов во МВР да им кажам за случката и за да побарам дозвола за воздушната, ми кажаа дека мора да имам документи за платена царина. После 8 часа на префрлање на топката, јас сум приморан да им пишам на Холандската компанија која ми ја прати пушката да си ја земат назад бидеќи е невозможно да ја пријавам и царинам пушката во Македонија. (Времето кое го дозволува законот за пријавување на оружје во државава изнесува 8 дена од направеното плаќање на фактурата, во мојот случај пушката беше пратена на 8ми Февруари од Холандија, стигна кај нас во каргото на 11сти, 3 дена, и јас имав 5 дена од кои 2 викенд и никој не работи во институциите за јас да решам невозможен проблем)
Мој совет за било кој што сака да порачува пцп или воздушна во МК, Не губете време и нерви, купете си некоја од опциите кои ги има на лагер во државава, Хатсан, Крал, Гамо, БСА, Екол или од овие кои за скоро ќе стигнат на продажба, Huglu Effecto( Lothar Walther германска цефка, прва во светов).
 
Член од
8 ноември 2020
Мислења
30
Поени од реакции
9
5.11 Tactical Shear Polarized одлични за пукање секаков вив спортови планинарење имаат и врвка за затегнување
 
Kajgana Shop

На врв Bottom