Здравои дечки, на кратко само да кажам дека јас сум разочаран од царинскава управа кај нас и од сите шпедитори кои треба да се погрижат за царинските стапки и сличн. Мојава кратка хорор приказна заврши со изгубени 100 евра на гладно срце, ради тоа што стручниот претходно наведен кадар во царинската управа и шпедициите во државава неможеа да се усогласат со потребните документи за да се заврши процедурата.
Во шпедицијата ми велат дека мора да имам дозвола за воздушната пушка за да можам да ја однесам на царинење (кое чини 25% за царинење на оружје + 18% ддв тотал 42% од целокупната сума на продуктот). Кога појдов во МВР да им кажам за случката и за да побарам дозвола за воздушната, ми кажаа дека мора да имам документи за платена царина. После 8 часа на префрлање на топката, јас сум приморан да им пишам на Холандската компанија која ми ја прати пушката да си ја земат назад бидеќи е невозможно да ја пријавам и царинам пушката во Македонија. (Времето кое го дозволува законот за пријавување на оружје во државава изнесува 8 дена од направеното плаќање на фактурата, во мојот случај пушката беше пратена на 8ми Февруари од Холандија, стигна кај нас во каргото на 11сти, 3 дена, и јас имав 5 дена од кои 2 викенд и никој не работи во институциите за јас да решам невозможен проблем)
Мој совет за било кој што сака да порачува пцп или воздушна во МК, Не губете време и нерви, купете си некоја од опциите кои ги има на лагер во државава, Хатсан, Крал, Гамо, БСА, Екол или од овие кои за скоро ќе стигнат на продажба, Huglu Effecto( Lothar Walther германска цефка, прва во светов).