Нареден пат објавиго писмото во целост. Цел живот ви е фалсификат
Фамозното писмо на Гоце Делчев до Никола Малешевски, 5 јануари 1899
Бугарските пропагатори денес многу често го користат писмово за да би ја докажале „бугарската национална припадност“ на Делчев. Но и таа изјава е непрецизна, недоречена, двосмислена, a јас велам и - метафорична.
Имено, подолу посочениот цитат претставува критичка иронија или сарказам. Делчев вели дека бугарското (но и грчкото) име во Македонија е болест, нешто наметнато, и дека Македонците страдаат но не треба да се подадат на таквите болести.
„Отцепувањата и расцепкувањата никако не треба да нè плашат. Жално е, но што да правиме кога си сме болгари и сите страдаме од една иста болест! Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од кои што ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани. Наш долг е, се разбира, да не се поддаваме на таа болест, но колку можеме да влијаеме на другитe?
Сепак имаме нешто и од грчките болести - ,колку глави – толку капетани’… Пустата! Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок. Тешко им на тие што страдаат под овие ,комедии’.“