Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Патем, кога говориме на тема Холивуд и се она што е набројано како наслов на темава, мислам дека вреди да се потсетиме на говорот на Рики на Златните Глобуси 2020. Кое само ,,in your face" беше ова во присуство на цела холивудска фела.

 
Патем, кога говориме на тема Холивуд и се она што е набројано како наслов на темава, мислам дека вреди да се потсетиме на говорот на Рики на Златните Глобуси 2020. Кое само ,,in your face" беше ова во присуство на цела холивудска фела.


Земи во предвид дека ова е одлична забава за сите, они имаат подолга традиција на Роаст, доста се извежбани да примаат шеги на нивна сметка, дури и Кетлин Џенер учевствуваше на Роаст и "машки" прими добри удари.


Се прашувам ако отвориме овде тема Д Роаст Оф ( кајгана едишн ) што ќе се случу.
 
Последно уредено:
Земи во предвид дека ова е одлична забава за сите, они имаат подолга традиција на Роаст, доста се извежбани да примаат шеги на нивна сметка, дури и Кетлин Џенер учевствуваше на Роаст и "машки" прими добри удари.


Се прашувам ако отвориме овде тема Д Роаст Оф ( кајгана едишн ) што ќе се случу.
Па имаше, се викаше Избор за нај Кајганаџија за 2020, и заврши така како што заврши. :D
 
Многу сум ... против cancel култура. Би рекла, со пасија сум против cancel култура. Ама не можам да негирам дека не уживам во драмата. Има алтернатива на ова, едукација. Треба да се стремиме кон подобро, поширокоградо општество ама ова не е начинот. Само за сеир добро е.
 
Претерана работа. Дојде време кога целиот свет стана со „тенка кожа“. Понекогаш човек да се осети среќен што живее во зафрлена држава каде се уште можеме да се пошегуваме и на почувствителни теми.

Најтрагично е што повеќето вакви движења настануваат со чесна намера но подоцна работите одат до екстреми и целото движење станува банално. Најдобар пример е MeToo. Во ред е што гадови како Вајнстин го добија заслуженото. Ама за кратко време се јавија и жени со пресмешн приказни како „ме пипна за лактот“ или „ме погледна заводливо“. Типичен лов на вештерки. Некои се приклучија на движењето само да „бидат модерни“. Слично е и со анти-расистичките и движењата за права на ЛГБТ.

Најлоша работа е што овие работи дебело пуштија корења во области каде не им е местото, како културата и спортот. Ова со процентуалната застапеност на малцинствата како услов еден филм да биде кандидиран за Оскар е скандалозно и еден вид наметната цензура. Ама што да очекуваш од луѓе кои се бунеа дека во серија за Чернобил немало црнци? Други глупости се менењето на раса, пол или сексуална определба на веќе легендарни фиктивни ликови. Нека се снимаат повеќе филмови и серии каде главниот лик е жена, црнец, азијат, геј или лезбејка. Ете немам против. Ама Тор да биде женско, Џејмс Бонд црн, а Бетмен негативците хомоси ми е во најмала рака невкусно.

И уште една работа. Ми се чини дека голем дел од припадниците или поддржувачите на овие движења го прават ова ради личен каприц и ради некаква неисполнета желба да се биде релевантен за околината. Како друг да им е крив што не се родиле во друго време кога овие проблеми стварно биле сто пати позагрижувачки. И ваков човек не може да сфати дека има огромна разлика меѓу навредлив филмски расизам (пример ликот на Мики Руни во Breakfast at Tiffany's) и немање малцинства во филмот пошто во самата приказна нема логика за такво нешто.
 
Повеќето поддржувачи се уствари заради „Bandwagon“ (не знам дали имаме збор за ова). Кај нас имаше многу вакви бендвегон ствари, што им беа сервирани и сите го присвојуваа тоа мислење, зашто тоа е тренд. Ништо повеќе од гнасна психолошка манипулација. Поткрепено со тешка пропаганда и милиони ботови за да изгледа дека тој став е популарен, сите се качуваат на возот, посебно психолошки послабите и луѓе што очајно бараат цел во животот. Затоа разгалени девојчиња ги поддржуваат овие ствари. Додај цензура на оние кои не го делат ставот и овие мислења навистина стануваат релевантни, колку и да се ирационални и психотични.
 
Inaku eve da ima i ednakvost, onie desnichari zabegani so qanon cekajki nekoj nepoznat fiktiven lik na internet da im gi resava site problemi kao demek "ke gi pobedi levicharite, samo veruvaj vo planot" e next level cringe.
Уште се смеам на ова
 
Реалноста е дека постои нешто слично и некој се занимава со тоа. Постои хормонска манипулација масовна манипулација и теорија на заговор. Е сега кој се луѓето одговорни за тоа и какви се тоа е само теорија... Денешно време ако си доволно моќен можеш и со убиство да се спасиш. Гуштери, плава крв, Ким Јанг Ун не одел по в. ц и слично претеризам е веќе.
 
Последно уредено:
131087571_233235101595757_3541895733225615722_n.jpg
 
по сигурно макотрпен брејн сторминг за тоа како да ги вклопат сите можни растројства во еден филм , Аpple го скарабуѓале следново лајно :icon_lol:



Од 7:00 минута.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom