Мислев, со крената глава во поглед на последниов меч, иако, they rode their luck at times. Немам читано доволно за тоа колку и дали му помогнале со средства во поглед на трансфери, иако сметам дека немаше да испаднат од лига со него. Ги врати у ПЛ, му го гледав тоа интервјуто за Индекс, и делува дека е доста почитуван од локалците. Си кажа и самиот дека е потешко да опстанеш во ПЛ, отколку да влезеш во истата. Сопствениците можеби имаат повисоки цели, не знам.
Кој ќе му го смета за неуспех? На три бода од опстанок се, а нема ни третина првенство поминато. Не верувам дека некој нормален планирал 12 место оваа сезона.
Ај тоа што резултатов со ВБА е реален и он не е магионичар..
Втор неуспех?
Билиќ во Вест Хем дојде летото 2015.
Вест Хем таа сезона заврши на седмото место.
Следната сезона Вест Хем заврши на 11 место.
Потоа, во Ноември следната сезона, тој беше отпуштен и на негово место дојде Дејвид Мојс. Вест Хем заврши на 13 место таа сезона.
Во 2018/19 - завршија на 10 место.
2019/2020 - завршија на 16 место
Во ИСТОРИЈАТА на Вест Хем само двајца менаџери имаат стигнато до седмото место на најдоброто англиско натпреварување.
Славен Билиќ во неговата прва сезона како тренер на Вест Хем и Глен Родер во 2001/2002.
Професионалната историја на Вест Хем ја рачунам од 1919/1920 т.е. после Првата светска војна бидејќи се пред тоа се полу-професионални или регионални лиги и тешко е да се каже која Дивизија е најдобрата дивизија во Англија.
Не знам како може Билиќ да се смета како тренер со две неуспешни сезони, а уште помалку гледам и зошто би било глупав потег да му се даде нова шанса кога гледаме дека еве Мојс не е лош после неуспеси во минатото, Брендан во Шкотска не беше лош, Виљаш Боаш во Франција или нели, фала богу... Мурињо.
Ептен сериозен испадна постов некако а не ми беше тоа поентата
Единствена причина зошто некој не би му дал шанса е дека сепак го стигаат годините и повеќе екипи би требало да бараат помлади тренери, ама ако бараш некој да те води во Чемпионшип или ако си екипа од долен дел во ПЛ..што да не, мислиш нема да извади добри резултати со екипи ко..шо знам, Кристал Палас или Барнли или Шефилд?
Кој ќе му го смета за неуспех? На три бода од опстанок се, а нема ни третина првенство поминато. Не верувам дека некој нормален планирал 12 место оваа сезона.
Па да де, тоа викам, го стигаат годините за да се придружи на другиве стареседелци во лигава што имаат сменето милион екипи и најголем успех им е 13 место Хоџсон, Алардајс, тие се тие, рутинирано стигаат секоја сезона до средина на табелa
Тоа сакав да кажам, го стигаат годините каде полека се доближува до тоа од него да можеш да очекуваш 13 место и тоа е тоа (а дали е уште во таа група на луѓе или не...ќе дознаеме кога/ако добие следна работа )
Пеп со овој ростер на ВБА ќе имаше -3 бода досеа, не е крив Славен за мизеријава во која се, освен ако имал одврзани раце за доведување играчи во што чисто сумњам...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.