Со избори и на мирен начин овие не си одат од власт, тоа треба на секој да му е јасно. Единствениот начин е потешкиот, со насилство како што и дојдоа на власт, па и со војна. Е сега друго е прашање дали ќе дојде до тоа и дали сме способни за тоа.
Јас не мислам дека они се каде било толку стабилни колку што изгледа на прв поглед, во најголем дел заради нивната комплетна власт врз сите медиуми и ковид кризата која во моментов им ја маскира целата разнишана структура. Тоа е и причината зошто во Македонските медиуми нема една реченица за протестите во Албанија, во Бугарија, слабеењето на позицијата на Ѓуканович во Црна Гора, протестите во Франција во Германија. Целата пропаганда е да се направи параноја кај населението со ковид пропаганда, каде они се толку исплашени за својот живот така што ќе немаат можност да размислат дека они веќе скоро година дена НЕ ЖИВЕАТ и со тоа да се не се наполни народот со гнев.
Они ја немаат способноста да го изградат системот на Грујо и ДПНЕ и затоа користат вакви простачки фори за да се одржат на власт.Али тоа има страшен контраефект ( повторно не само кај нас), слично како со комунистичките власти во 1980-90. Целиот систем се дискредитира и народот губи секаква верба во него и во иднината која он ја ветува. СДС со нивните простачки фори пробувајќи да се задржат на власт комплетно ги дескритираат ЕУ и Америка, а тоа се нивните идеали, исто како и комунистите што си ги имаа своите. Да на краток период функционира но прашајте ги комунистите како ситуацијата од наизглед стабилна во 1985-86 може да ескалира масивно за само 1-2 години кога обичниот човек изгубил каква било верба.
И за крај едноставно мислам дека ги немаат финансиите ова се они да го покријат уште некој временски период . Кредити повеќе не знам колку и можат да земаат. И да распродадат се не би собрале ни блиску до доволно пари за да ги покријат трошоците на подолг рок ( без ЕЛЕМ и МЕПСО не гледам што има тука во вредност од 1-2 милијарди евра). Чим првите плати во државни фирми почнат да каснат и субвенциите не можат да се исплатат и почне да снемува струја зошто се нема пари да се увезе, тоа ќе биде нивниот крај.
Пред некој месец прочитав најдобра реченица на ова што се случува кај нас. Парафразирам и тоа доста:
"Пред 5 години бев човек незаинтересиран за политика за кој националните прашања воопшто не биле тема за разговор, за 5 години они успеаа од мене да направат ултранационалист каде што тоа е главното прашање".
Не разбираат мислам колку се зафркнати ако народот изгуби верба во идеалот "ЕУ/НАТО". Мислам дека и не разбираат колку ДПНЕ пробува да им ја спаси кожата со нивните обиди за широка влада каде што ете сите ќе бидат виновни.