Влада на Македонија

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Noviot gradonačalnik na Plasnica Alija Jaoski e brat na stariot....Ismail Jaoski vikan Pucko
Јухууу, ах колку е само убава демократијата во нашата земја.

Среќа што Пуцко има брат, инаку Пласница ќе загубеше многу ако на негово место дојдеше некој друг.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.481
Поени од реакции
7.840
Ми е страв сега Мицко да не излезе и да каже дека народот во Штип го кажал своето, апсолутен победник е Мицко пошто само 34% гласале, другите 66 бојкотирале и со тоа би го дале гласот за ДПНЕ...

Штета што не тепаше Џими само...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.336
Поени од реакции
15.508
Бизнисот Пуцко Петрол мора да тече, а кој друг може да ти го гарантира тоа ако не бате.
Interesno e sto Pucko mu e prekar na Ismail, gazdata na holdingot(poseduva i 11% od akciite na Rafinerijata Skopje)..... a na eden od sinovite, pomaliot mu go dade toa ime. Sinot se vika Pucko Jaoski :vozbud:
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Учебници по Кембриџ: Како ВМРО ДПМНЕ ја почна, а СДСМ ја продолжи лагата со учебниците вредна 30 милиони евра

Ако мислите дека некој од овие две партии го боли таквото за иднината на Македонија образованието е само да се лапат пари од одредени лица.
Си формирале ДУИ и ВМРО(веќе е под СДС) печатници и си лапаат пари.
Извадок на неколку работи:
Институт Кембриџ тврди дека никогаш не развивал учебници во Македонија затоа што Владата сакала учебници набрзина
Македонските ученици, сепак, не учеле од учебници подготовени по Кембриџ програма. Институтот бил ангажира за развој на програмата, но кога дошол ред за учебниците, тие не биле ангажирани откако се изјасниле дека треба подолго време од само неколку месеци за да се развијат квалитетни учебници. Ова го знаела и претходната власт, а го знаела и оваа.
Овие учебници добиле ниски оценки од Стручна комисија за оценување на квалитетот на учебниците. Претседателот на таа комисија, професорот Ристо Малчески, за Истражувачката репортеска лабораторија открива дека Македонија била една од првите земји што ја примениле новата образовната програма, која до тогаш била применета само во Гана и некои села во Индија.
Ако убаво погледнеме на некој работи:
- Вакцини ќе добиеме по КОВАКС механизамот кој служи сиромашните земји од Африка да имаат пристап до вакцини
- Дадоа дозволи за рудници на секаде за да можат странски компании да си вадат ефтини суровини
- Ако ова е точно тогаш ние имаме образовна програма што тогаш била само применета во Гана и некој села во Индија што вајда имаат повеќе жители од нас
- Попис немаме направено 20 години скоро, заедно во група со Сомалија и други земји што имаат внатрешни конфликти
- И уште ред други работи. А и Џими за градоначалник(joke) :D

Не е ни чудно што не третираат ко некоја афричка колонија. Па ние ги имаме сите карактеристики на затуцана афричка држава. Едино што сме бели.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.499
Поени од реакции
18.521
Учебници по Кембриџ: Како ВМРО ДПМНЕ ја почна, а СДСМ ја продолжи лагата со учебниците вредна 30 милиони евра

Ако мислите дека некој од овие две партии го боли таквото за иднината на Македонија образованието е само да се лапат пари од одредени лица.
Си формирале ДУИ и ВМРО(веќе е под СДС) печатници и си лапаат пари.
Извадок на неколку работи:

Ако убаво погледнеме на некој работи:
- Вакцини ќе добиеме по КОВАКС механизамот кој служи сиромашните земји од Африка да имаат пристап до вакцини
- Дадоа дозволи за рудници на секаде за да можат странски компании да си вадат ефтини суровини
- Ако ова е точно тогаш ние имаме образовна програма што тогаш била само применета во Гана и некој села во Индија што вајда имаат повеќе жители од нас
- Попис немаме направено 20 години скоро, заедно во група со Сомалија и други земји што имаат внатрешни конфликти
- И уште ред други работи. А и Џими за градоначалник(joke) :D

Не е ни чудно што не третираат ко некоја афричка колонија. Па ние ги имаме сите карактеристики на затуцана афричка држава. Едино што сме бели.
Двете деца ми учат по Кембриџ програмата, т.е. едното веќе заврши и јас сметам дека е добра работа, само треба да се корегираат некој работи.

Учебниците по Математика се најдобри, потоа тие по Природни науки и ми се чини тие по Македонски што ги правеле нашиве се очај. Учебниците пред Кембриџ беа КАТАСТРОФА. Секоја будала правеше учебници, не знам дали се сеќавате имаше и смеа со глупости во учебниците со превод од Википедија и тоа од српска Википедија.

Сега е каде каде подобро, плус учебниците се бесплатни за децата. И треба да се воведи Кембриџ програмава и во средно образование.

Ова е само спин, за да го земи некој друг тендерот, и плус пак некоја будала да лапни пари за реформа на образованието.
 
Е ова е друго од некој што има деца кој се поминати низ ова.
Инаку тогаш ВМРО сакаа да стават акцент на природните и техничките науки пошто имавме години кога на правен, економски и филозофски се запишуваа по 1 000 луѓе.
Сега колку е добро незнам, според меѓународните тестови што ги прават секогаш сме во последните. Среќа што Косово учествува во тие тестирања па не сме последни. Светска банка во извештаии ја карактеризира младината како фукнционално неписмена.
 
Проблем со образованието се наставниците. Едно 30% треба одма да се избркаат, без да им се прави било каква евалуација, оти се тотално неспособни.

На уште едно 30% треба да им се остави можност да се подобрат со обуки.

И едно 40% се злато луѓе и врз нив е сиот терет на образованието.

Ама проблем е тоа да се направи, затоа што прво сите се со партиски книшки влезени и второ СОНК ќе рипни и ќе ги брани, па ќе гледаме паради на улици со штрајкови.
 
Ова 40% е голема броја мислам ама реално тука некаде си со мојот став по ова прашање. На какви луѓе им се дава да работат со деца и на кој се државата се потпира за да ги учи и воспитува идните нејзини генерации, не е ни чудо што сме овде.
 
Најверојатно мислиш на средните училишта дека е помал процентот на добри наставници, оти таму треба и поголемо знаење отколку во основно.

Во основно образование е многу побитно наставникот да е добар педагог, па потоа иди знаењето. Во средните училишта е обратно.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
Не би рекол баш дека се небитни. Ако си добие овој, за овие 9 месеци има многу добра шанса да си обезбеди мандат на редовните, а Штип е важен центар и за градовите што гравитираат кон него и директен колец во срце за вмро и ставање пепел на муабетот за “верниот исток''.
Не ми е јасно:sleep: Велите Заев е предавник, никој не го сака, но тој победи на избори, кој лаже сега?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
Noviot gradonačalnik na Plasnica Alija Jaoski e brat na stariot....Ismail Jaoski vikan Pucko
Првиот брат тераше четири мандати мислам. Сега и вториот ако тера толку таман ќе дојде ред и за синот...

Инаку Џими освоил 1100 гласа во Штип и завршил втор. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594

Понатаму Терзиќ обвинува дека властите на, како што вели, новата македонска нација формирана во 1943 година со одлука на АВНОЈ ни на мртвите Срби не им давале мир, „варварски уништувајќи ги гробовите на српските војници и цивили настрадани во Балканските и Големата војна“.

Еве ги и овие се јавија. :D
Како сложно братски си работат сите 3 екипи тоа е нешто чудо. Договори, протоколи, дијагонали, уништувања на српски, бугарски, грчки идентитет од страна новата вештачка нација и што уште не. Горе долу истите муабети се вртат од сите 3 страни.
Како тргнала работава Македонскиот идентитет ќе биде најзаштитен во Велика Илирида. :LOL:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.558
Поени од реакции
85.166
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom