Најозбилно. Зошто топлес сончање не ви смета, а доење на бебе во јавност ви смета?!
Ниту топлес сончањето ниту пак доењето на бебе во јавност не ми сметаат доколку се одредена ситуација каде што е прикладно да се прават.
На пример топлес сончањето
Не ми смета на плажа каде што е дозволено топлес сончање девојки и жени да си бидат топлес, не ми смета на нудистичка плажа мажи и жени да си бидат голи ко од мајка родени.
Како и да е ми пречи на семејна мирна плажа каде што е забрането топлес сончање да има девојки или жени топлес. Не е прикладно на фамилијарна плажа каде што идат 90% парови или млади семејства (со мали дечиња) да иде некоја тетка или дадичка топлес. Затоа всушност и има плажи каде што е дозволено и каде што е забрането.
Како и секое машко, немам ништо против од тоа да гледам цицки, особено ако се добри и по мој вкус, но не би сакал да ги гледам секогаш и насекаде.
За доењето на јавно место пак ке кажам, не ми пречи воопште, доколку е во некој си „нормални“ услови. Јасно ми е дека некогаш стварно има потреба и мора да се нахрани тоа бебе, сепак сплет на околности, но мора да се гледа најприкладен начин како тоа да се направи.
Те молам само доење у кафич и кафана на маса, доење на улица или доење во автобус не ми ги спомињај како прикладни места.
Доење во парк на клупа не го гледам како неприкладно место доколку е нормално морално. Но мислам дека не е прикладно да вади доилката цицка на мегдан и да му ја бута у уста на детето. Може фино лепо со било каква марама или престилка колку толку да подскрие, да го нахрани бебушот и да си продолжи.
Како и да е, бебињата дур се мали, дур сеуште се дојат не треба цело време да се надвор, да се во движење, да се меѓу мал милион луѓе. Не сум медицинско лице но сепак мислам дека тоа не е баш на убаво за самото бебе.
Едно е потреба, нужна потреба во даден момент, непланирана ситуација, скопски кажано „искрснало“ и мораш, друго е ти да го влечкаш бебето и често да го доиш во јавност и да викаш „а па нормално е“, зашто ви смета и слично.
Да природно е, но не е пожелно ниту до толку убаво и здраво за твоето дете да го влечкаш насекаде и да го доиш толку често во јавност. Сепак доењето на мало дете треба да биде убав и
интимен чин помеѓу мајката и детето
Тогаш зошто ви е необично доењето во јавност?!
Необично е бидејки фала богу не се практикува толку често, освен од ромите нормално, една бебето и висеше на цицка дур дое да проси

Да не се повторувам, баш заради интимноста, заради тоа што доењето го сметам за вид на свет чин помеѓу мајка и дете ми е толку необично да го гледам во јавност.
Никој не збори за форсирање. Во неколку пати спомнав дека ниту една жена нема да се слечи во најголемата гужва на свадба или на слава, за да го дои бебето - друга просторија или дискреција (ако е изводлива и колку што дозволуваат просторот и можностите секако!)
За последното се согласувам. И ја би го вложила сето свое време во животов на тоа мало суштество.
Тотално се сложувам со тебе.
Не гледај лол. Као не те фатив за гла да гледаш мајка како дои. Апсолутно право имаш да неќиш да гледаш и да се отстраниш од просторот.
Ама дека срам те фаќа од нешто природата шо го дава, срам ме фати од муабетот. Али јбг. Сите сме различни.
Здраво

Вака, прочитај што и како мислам околу тоа во дискусијата што ја имам со членот погоре.
За тоа што ме цитираше ти поточно
Не ми е мене срам да гледам цицки. Срам или еве кажи го незгодно ми е да гледам пријателка/роднина како ја вади цицката. Не ми е срам жена ми да ја глеам, напротив убаво би ми било, убав чин е доењето, но жена на пријател или сопствена пријателка/другарка, член на фамилија и слично да ми вади цицка и да дои дур седиме на маса, незгодно би ми било. Сепак тоа е нивна
интима и не би сакал да ја нарушувам. Само заради тоа би ми било срам и незгодно. И да, ако ме почитуваш ти како личност мене не би ме доведувала во таква ситуација освен ако не е ептен морално.
Нерелевантно. Нерелевантно оти релативизирате од преѓе. Секој како сака се организира. Јас ако сум доилка нема да гледам ТЕБЕ да ти угодам. Ќе гледам мене и на детето да му угодам. Свадбата беше само хипотетичка ситуација. Така да ако ТЕБЕ ти смета ТИ тргни се. ТИ сврти се. ТИ напрај да не ти смета. Ама то не се постигнува со то да досадваш некој друг да не прај то тебе шо ти смета. Тргни се ТИ зошто ТИ имаш проблем.
И пошто е во прво лице прашањето, јас можам скроз спротивно од ова да постапам. Ама ако некоја реши скроз вака да постапи - има целосно право на то.
Го осеќам феминизмот во тебе.
Не би сакал да ме мешаш со други членови што имаат исти или слични ставови со мене околу оваа тема
Сега, конкретно, нема зашто уопште некој да гледа мене да ми угоди, ниту го сакам ниту го барам тоа. Особено не од некој човек којшто мене не ми е толку близок.
Околу болдираното, што ако на 99% од луѓето на маса ни смета? Сите да станеме да си одиме? Работава е ако ви сметаме можете да си идете.

Нема везе,
осеќам дека чисто од инат ми го пиша ова баш вака, осеќам дека и тебе не ти е по кеиф носење на мал бебуш којшто сеуште цица на свадба.
Сепак, битното прашање е „Дали е тоа здраво и убаво за бебето?“. Тргни на страна се друго, дали е убаво за бебето од 7-8 месеци да биде на свадба, да биде во таа гужва и таа галама?
Ако ти гледаш строго феминистички на ова прашање, правата на жените, да го нормализираме доењето и слично, тогаш пеки, во право си, кој сум јас да кажувам што и како да праиш? Но ако правиме разумен муабет и ти и јас ќе се сложиме дека
не е убаво да се носи детенце од неколку месеци на свадба и да се дои на маса.
Сепак, многу подобро е малце по на страна, поинтимна средина да може тоа мало бебуле да си јаде на раат.

И тоа лично, во прво лице еднина не е злонамерно стаено, сепак пошто дискутирам директно со тебе затоа ти се обратив во п.л.е.
Глеам уше ми го немаш забораено контрањето у тема за хомосексуалност
Ако имам приплод ќе ти кажам. Шансите се дека нема да го носам во јавност и меѓу многу луѓе пошто прашањето ти е во прво лице. Ама ако некоја реши да го носи - има сосем право на то. И ни ти, ни јас, ни незнамкојдруг не можи да го спори то право. Да беше нешто вистина гнасно и нешто за шо треба да се срами некој - шокур ќе сфатев, ама вака? Не. Нема шо да се сфати.
Пак би да повторам, прво лице еднина се обраќам бидејки дискутирам директно со тебе. Никаква лоша мисла или обид за напад врз тебе лично. Сепак обична дискусија е
Повторно, се сложувам со тебе во целост.
Јас само си изнесов свој сопствен став, мое мислење, а гледам дека и ти слично мислиш како мене.
Јас лично не планирам на никој да забранувам, само си кажувам дека мене би ми било непријатно итн.
Пази, родителите на тоа дете се одговорни за него, неговот здравје, понатамошен развој и се останато, јас немам зашто да им се мешам, но мое мислење е дека не треба дете коешто сеуште се дои да се носи по такви веселби и гужви, освен ако не е нели ептен битно, ситуација каде што не иде да се одбие.
И да, јас на пример не би сакал жена ми да го дои така на маса пред сите на свадба, би отишле (и јас со неа) на некое приватно и интимно место каде што ќе може на раат бебушот да си ручка.
За крај, не викам дека доилката треба да се срами. Јас кажувам дека мене лично ќе ми биде на некој начин „срам“. Едноставно непријатно ќе ми биде. Не знам како поинаку да објаснам.
Сепак, мое лично мислење е дека за се треба да си има место и време.
И не, не ми е гајле која кај го дои детето. Иако јас не сум женско и немам сеуште дете сепак имам какво такво мислење на таа тема. Не планирам на никој да забранувам да прави нешто со коешто мене лично не ми штети. Далеку од тоа. Кој сме ние да забрануваме на некој да прави нешто на јавно место...
Имај убава вечер
