Тоа што не ме убива, ме прави посилен

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
На некој му кажале дека со секој пораз станува се посилен. Одтогаш секогаш бил поразуван, поразуван, поразуван....и поразуван. Преживувал, преживувал како губитник.

Тоа што не ме убива, ме прави посилен:
Поентата во таа мисла е, дека секој има доживеано пораз, дека поразите не може да не убијат, дека не прават поцврсти. Но, има уште една поента која ретко кој ја гледа: од секој пораз треба да се извлече поука за да не се повтори истата грешка.
 
Вистина. Тоа што не те убива те прави посилен - Ако си научил од тоа нешто, ако не - на крајот ке те убие, на еден или друг начин.
 
Барав, барав слична тема, ама ќе да нема.

Неодамна, негде порчитав: „Важно е да се научи како се паѓа“.
Ова се однесува на луѓето кои не можат да се сносат со проблемите, луѓето кои се научени само да победуваат и да бидат на врвот..
Кога нешто лошо им се дешава, тие ептен запаѓаат во депресии, ептен се разочаруваат од животот, и мислат дека нивното „паѓање“ да речам, е крај на светот.
Според вас, значи, вие, како гледате на проблемите кои ги носи животот?
Како губите?Дали се повлекувате во самите себеси и на некој начин почнувате да тоните, исчезнувате, паѓате во депреси или пак сметате дека сте доволно јаки и не го прифаќате и признавате поразот?

Дали поразот ве ослабува, ве опаѓа или пак ве прави појаки?





Мојата омилена изрека....

Како што мислам дека животот треба да го живееме во полна пареа,да го зграпчиме и искористиме денот максимално,да бидеме среќни што тоа можеме да го доживееме,да им се радуваме на малите нешта заедно со нашите најблиски така мислам дека и падовите,лошите спомени,лошите периоди од животот треба да ги носиме со себе некаде сокриени за да не учат на многу важни работи.

Јас сум личност која не сака,не умее и не може да прифати да изгуби некоја драга,важна особа од нејзиниот живот.И освен поразот во најразлични игри (кој го доживувам многу трауматично:pipi:) тоа е нештото кое не можам да го прифатам.Продолжувам понатаму да живеам без таа особа ама загубата тешко ја преболувам.Не се затварам во себе и паѓам во депресии,не сум тој тип ама длабоко во себе ја чувствувам таа горчина понекогаш.

Поразот ме прави посилна во секој случај!На крајот сепак се гордеам со себеси...
 
Toa што не те убива те прави посилен (освен парализа).
 
Ова е најнелогичната и најглупавата изрека што сум ја чула...После секој пораз си скршен, повеќе тажен, разочаран од себе и сите...добиваш лузна која ќе те прати ...Стануваш послаб...понемотивиран...флегматичен..исфрустриран...понервозен..бесен...Едино ако на некому пораз и неуспех му даваат мотивација да биде подобар...Мене поразот ме спушта,а не ме подобрува никако!
УСПЕХОТ е тој што те прави подобар,посреќен,поисполнет и посилен и те мотивира да продолжиш во тој правец со подобро темпо .....а неуспехот те запира и кочи ....
 
Кога тонеш, кога се руши се околу тебе, треба да знаеш да траеш и да гледаш на работите од посветол агол, но за тоа треба тренинг за жал, а тренингот е преку страдање. Коге веќе ќе набилдаш одредено ниво на мачење во животот, тогаш ќе ти стане јасно дека всушност ти си кадарен да пребродиш се што ти се случува.

После одредено време на страдање сваќаш дека сите убави и неубави работи траат одредено време, кое некогаш може да оди со години, а некогаш само со денови. Без разлика на тоа, кога веќе имаш одредено искуство и некако си навикнал да правиш лимонада од постојаното добивање на лимони од животот, ги гледаш работите на друг начин.

Гледаш да уживаш и да се смееш до максимум кога ти е малце така поарно, а кога е лошо, епа ќе се бориш, бидејќи ништо друго и не ти ни преостанува.

Луѓето кои биле повредени и скршени повеќе пати во животот, и притоа успеале да се издигнат секој пат, се тие кои всушност ги држат сите околу нив, без разлика дали ги држат со материјална или со психолошка помош.

Таквите, каде сакаш фрли ги, без ништо да се, пак ќе се кренат и ќе успеат.

За разлика од нив, тие кои не осетиле како е да си доле во калта, потклекнуваат и паѓаат ко круши при првата пречка која им доаѓа во животот. Сечат вени и паѓаат во депресии. Кога немаш тренинг, не можеш да истрчаш ни 100 метри и нема што повеќе да се збори за тоа.
 
Не се согласувам дека тоа што нема да ме убие ме прави посилна!
Некаде ќе пукне, дали физички или психички, негде нешто ќе разори,
ќе остави последици, трагови, рани....
Сепак се зависи од отпорноста на човекот, зависи од трагедијата која што ја доживеал, колку пати му се има случено лоши работи, значи каков живот живее....
Народов е многу покварен, чуден....ако некој човек на кого му се случила некоја трагедија, не кука, не плаче, одма го оговараат, а го жалат тој што плаче нон стоп....

како и да е, сами одбираме дали тоа што не не убило ке не направи рамнодушни, огуглани, отупени, ке го живееме животот или животот ќе не живее нас.
 
Не мора да значи дека посилен. Можеби некој ќе страда и понатаму.

Затоа гледам да не го комплицирам Животот. Да не им давам значење на работите, материјални, физички, психички, да сум постојано над овие.
 
Kako sto pisav ednas, toa sto ne me jaknee, toa me ubiva. Obratno ne.
Читам и си велам колку права вистина има во ова...па и моменталната моја психичка состојба на страв, на неизвесност:(

Корона вирусов не ме јакне ама знам дека ме убива полека....психички, физички....:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom