Трансхуманизмот е само најновата технолошка понуда. Волт Дизни (криогенички смрзат у капсула) рачунал дека, једног лепог дана, технолошки ќе биде одмрзнат и ќе му се напраи физиолошки ремонт за да пичи у вечност. Чика Волт не се надал на АИ него на едикоеси технолошки изведено воскреснуење. Од феноменолошка перспектива, ни Т+ ни криогеничко заледуење не се суштински ништо поразлични од мумифицираните фараони. Древните Египтјани биле убермахери за мумификација, и тоа у третиот милениум пред Христа. Јебитачен ноухау и технологија за тоа време. А богами и за малце подугачко. Бесмртноста (и, следствено, деификацијата) отсекогаш се пробуеле со некаква технологија. Во контекст на деификација, дали и како ќе се фузионираме со АИ се епифеноменолошки техникалии. И пак во тој контекст, минатото не се брише, само се препишуе и се пакуе у нова амбалажа. Нормално, не сите амбалажи се фенси и џиџани. Некои се демоде или селски, некои се поинфлуенсерски.
Сагласен сум по сички вопроси. За мене, концептот на Бог којшто се секира за сите нас може да биде корисен, па чак и да е тотална измислица. Мене ми брка работа христијанскиот концепт. Ова е бајаги прежвакано, задњиот кој ова поштено го образлага е Џордан Питерсон. Волтер арно рекол: И да нема Бог, би било неопходно да го измислиме. У принцип, умно е да се открива мудрост и аир од секоја пракса. Кејс ин поинт: Џордан Питерсон. Неколку форумски пацери се тркаа кој поише да го испљука Јордана пошо он искача од калупот на неолибералниот хор папагали шо трујат по сите западни катедри по хуманистички дисциплини. Парчиња мудрост и корисни концепти и пракси ќе најдеш во сите учења што ги нареди. Черипикингот може да брка работа ако се фокусираш на доблесните парчиња, и баталуеш небулози и баења. Зимаш шо е корисно за тебе и ти помага да видиш и разбереш поише. Затоа, конструкти као правда, еднаквост, или етика (кои иначе у реалност не постојат никаде) се неопходни за да може елементарно да функционираме како цивилизација. Бог е некаков уберконструкт во кој се сублимирани овие и ред други неопходни идеализации. И секој вредносен систем иманентно содржи некаква (финитна) етичка делимитација. Чак и слободната воља (со извичници!!!!) има сајбија: љубаф! Не бива иначе.