Многу е јак овој батхртнес за „координираните напади" врз ОТО, небаре они треба да бидат чувани у стаклено ѕвоно. Не гледам зошто „координираното" напаѓање на било кое верување и филозофско/религиозно движење е поприфатливо од „координираното" напаѓање на ОТО. Колку сакаме ќе го напаѓаме било кое верување и движење ако ни се сака. Етички ќе ја судиме праксата на било кое движење ако ни се сака. На Ипси пена му има фатено устата од критикуење на христијанството, а и христијаните (со хц навреди и „клевети"), па никоме ништа. Абе, ајде, кои се тие двојни аршини, бе?
Па фаќаат со тие скиентолошки пристапи на пријавуење на авторитети и пенење за „клевети" пошо се плашат некој нов потенцијален лик да не прочита, пострахотно, да не види некој што не треба дека се дешаваат сумњиви ствари. Тоа „клевети" е типичен скиентолошки сумњив потег. Кој си ја има мувата на капата, a?
Ова е тема за езотетија и темата опфаќа критика, како и било каква дискусија за езотерија, езотериски движења (тука и надвор) и било шо у тој контекст. Ко што може да се плука по Црквата, нејзините постапки и етичноста на христијаните у државава и подалеку, може да се плука и по шапшаливе што се банда од двајца без тројца, со пракси кои треба да се критикуваат пошто се вика „слобода на говор". Замислете некој екс христијанин у тема за христијанство да дојде и да каже дека неговите, со све попот, го приморуеле да се моли и го терале у село да иде у Црква, ама он успеал да се откачи од сето тоа. Ќе му аплаудираат за храброста да каже какво му било негативното искуство со христијанството. Истото може да го праи Хајперион за ОТО, на пример, на темава посветена на движења ко нивното. Побогу, може да ги пише сите тајни пракси ако сака. Таква неможност за прифаќање критики, 0 транспарентност, пријавуење на авторитети и кукање за санкционирање на све такво, кажуе многу за нивниот селективен однос кон слободата на говор. Не е ни битно дали критиките се точни, полуточни, така, ама не баш така... Голем кур, тука, во Религија, сѐ и сешто се пишувало за христијанство што нема благе везе и ред други такви примери.
Клевети, бе, па еднаш поодамна падна муабет и за тужби. xD
Кој сакал можел да иде... Па кој кур... Кој сака може да иде и у Скиентологија, на пример. Тоа не ги праи срциња под дифолт... Кој сака може да иде у било кој култ.
Нема, бе, колку сакаме ќе плукаме, ќе фалиме или ќе дискутираме за Форчан, Оспенски, за ОТО, за гностици, за Гурџиев, за што сакаме, до кога факинг сакаме. На Берик, што ми е пријател, сум се дрзнуел најискрено да му го критикуем верувањето кое му значи и бил толерантен кон мојот став, за овие на форум ќе се пазам, да не им ги повредам фрагилните емоции за глупите пракси...
Можам до сабајле да пишуем „ОТО е глупо движење, со глупи нефункционални пракси" и
@Hyperion VI, ако сака, може да пишуе: „Моето искуство со ОТО е срање, его трипаат, имаат вакви и онакви чинови/пракси кои се срање, ова сме морале да го правиме и она... Ова им се глупите тајни..." И погодете што? Има право и смее да го праи тоа колку кур сака! Па гилт трипови му праат, бе... „Ти ни беше брат, сеа не си ни... Срамота, ееј... Лечиш фрустрации на нас..."
Форумските правила се поврзани со навреди кон членови, оф топици (ко ја и Боди што зборуевме сеа за шах) и слични ствари, толку.
Правдата има превез на очите како за староеонските движења, така и за шапшалските новоеонски движења.