Деко реков дека може да ја врати формата, и мислам дека е на пат да го стори тоа, се гледа дека уште има инстинкт особено за удар од далечина. Имаше и една извонредна асистенција до Ди Санто
Мансиен ми остави добар впечаток, имаше улога и при нападите и неколку комцинации 1-2 со Анелка (ако добро запомтив од сабајле)
Освен тоа, Анелка ми делуваше многу мирно, само 1-2 шутеви кон голот
Есиен, по се изгледа покрај Лампард Деко и Микел, немаше некоја којзнае каква улога и не беше забележителен...
Ме интересире шо е работата со Босингва и што беше причина за кавгата меѓу Лампард и некој од одбранбените на Интер?
Жирков нема работна дозвола, Балак повреда на палецот, со Жозе шо е проблемот.
Ди Санто има фантастично чувство за игра, ама нема завршница. Можи да се попрај, ќе го биди.
Мансиен има и брзина и добра работа со топка, зато сметам дека средината е најдобро место за него, на крајот на краиштата, и десен бек можи.
Есиен е најзначаен кога е незабележлив. :icon_mrgr
Работата со Босингва е шо има 27 одлични играчи, од кои 3-4 треба да си заминат (можи и појќе), а Босингва е не е физички најспремен.
Ноќеска го гледаме и Жирков конечно, добил дозвола...
Па пред да дојде Роман Челзи и не бил фаворит никад а сеа гледајте што прави, и какви резултати има ,Единствен спас е сеа на Тери поголема плата да му дадат ако не мислам си оди, јас незнам зс нема уште изјавено дека сака да остане нешто е мутно овде а што ке биде ке видиме
Разликата меѓу Челзи пред Роман и со него е тоа шо; пред него Челзи имаше амбиции за да биди
при врвот (шо се остваруваше пополека), а со него Челзи има амбиции за да биди
на врвот (шо исто почна да се остварува попоплека).
Затоа на секоја споредба на Челзи со Манчестер Сити само иронично се смеам.
Епа би земал 1 милион месечно..а ако е алчен за пари ќе замине...и ако сака да го распие статусот кој го има во Челси моментално,статус на легенда,капитен..ќе замине.
http://www.chelseafc.com/page/LatestNews/0,,10268~1731793,00.html
Ај со среќа нека му е на Јуриј,првиот тренинг...
Јури тренира од ко е дојден, туку сега конечно може да заигра во натпревар, вечер од 02:00 против Милан...:tv:
Пак за Тери глем глупости...
Абе другарчина, има две реални причини заради кои некој би размислувал за трансфер таму. Прва причина, да мисли дека со сити тие засилувања Сити станува многу конкурантен. Второ, одлична плата која те обезбедува за три поколенија нанапред. Тери не е идиот, но не е ни некој генијалец по мое мислење (ко Лампард), па веројатно има помислено за Сити со новите засилувања, за втората причина не ни зборувам.
Но, мислам дека е доволно паметен да види дека Сити треба сериозно да се бори за влез меѓу првите четири, па камоли да се бори за титули, особено со генијот Хјуз. Мислам дека борбата за височините е приоритет за Тери пред парите, па 99% сум сигурен дека ќе остани во Челзи со нов долгогодишен договор, финансиски тежок колку и тој на Лампард (колку и да не ме бендисува тоа).