Поради неколку тенденциозно злонамерни членови, човек мора да се дообјаснува.
Цитатите од други форуми, пренесени целосно без превод е за да нема грешка и манипулација во информацијата.
Сами гледате дека има и такви на форумов.
Таму, во цитатите, беше објаснето за некои модели за кинески производители , од друго место со други корисници, независно од мислењето на овој форум.
Си кажаа, и тоа е и мое лично искуство, кое е пишано на форумов, дека постојат два типа на клима уреди.
Едни што се прилагодуваат на секоја температура, надворешна/внатрешна, секоја зададена разлика за промена на температурата во просторијата, кои ја одржуваат зададената температура прецизно, во дијапазон +- 0,5 степени, можат да работат со ниска потрошувачка под 250 вати, НО СО РЕЛАТИВНО НИСКА ТОПЛИНА од 32-33ц на воздухот од ВЕ. Некои корисници тоа и не го ценат, а на некои им е " услов без кој не се може".
Вакви модели имаат и кинеските производители, и е укажано и таму и низ целиот форум, кој се тие модели.
Други клима уреди, често исклучуваат додека затоплуваат, температурата на собата варира +- 1-2 степени, не работат пониско од 450 -500 вати, значи го гасат компресорот на таа вредност, МЕЃУТОА СЕКОГАШ ДУВААТ СО 45 Ц И ПОТОПЛО.
Некои корисници баш ваквиот начин го преферираат.
Меѓутоа, многу зависи и од просторот, изолација- кубикажа, димензионирање на моделот.
АМБЕР работи многу квалитетно во 50м2 лошо изолиран целосно отворен простор. За таа цена по која беше купена, беше единствен избор, кој во пракса се покажа дека е многу добар избор.
Во врска со монтирањето, моето убедување е дека секој иден корисник мора да се запознае со квалитетно монтирање и неквалитетно монтирање. Дека работењето на климата, перформансите и векот, зависат и од тоа.
А дали има подобро од корисничко искуство.
Секој има право да прочита информации. Секој сам ќе си ги протолкува.
Крајно тенденциозни и злонамерни коментари не кажуваат ништо, сем за тој што ги пишува.