- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.735
Гносисот не би требало ниту да се вербализира, а уште помалку емпириски да се потврди. Поентата на сите теуршки и други гностички (на почетокот) пракси, (како и сега), е добивање на знаење со daimonismos, allosiosis, kinesis, entheos, enthousiasmos, theiasmos, apoplexia, ekpexis и ред други свесни состојби (кои се платонски позајмници за квалитативно различни типови на „осознавање) кои ги добиваш вршејќи пракси и ритуали, со цел, разни ентитети отаде материјалниот свет да дојдат, да ти помогнат да се елевејтнеш и твојата Светлина да кидне од светов, преку пост и непоштуење на материјалното (ова е расправано у Халдејските пророштва, Херметика итн.).Колку го имате искусено ова...
The higher meaning of Gnosis is knowledge from experience, especially experience of divinity or that which is beyond the five senses. The word Gnosis does not refer to knowledge that we are told or believe in.
И колку е ова контрадикторно со барање на вистината во книгите?
@Drexel
Гносисот, у теорија, треба да биде ист без разлика на времето, пошо го добиваш отаде световното (од Акаша, од Патерналниот Принцип и/или неговите еманации според теурзите, од Етерот, од колективното несвесно итн. итн.). Тоа што ги праи контрадикторни е дека зборуваат за „антички знаења“ за разлика од „денешните знаења“, но сепак Гносисот е секогаш ист. Зошто мислиш дека се контрадикторни самите на себе? Дали си помислил дека тоа е така пошо ни самите не се конзистентни на тоа што го кажуваат пошо тресат глупости? Веројатно.
Другото објаснување е дека они не зборуваат за „Гносисот“ и неговиот квалитет кој е ист, туку за античките „пристапи“ кои како МЕТОДИ ќе те однесат побрзо до гносисот, отколку модерниот пристап на тоа како треба да стигнеш до Гносисот (според нив, модерните пристапи кон „знаењето“ кое не е синоним со „гносисот“, не оддалечуваат од гностичкото спознавање, а античките се правилните). Ти не знаеш што значи „гносис“. Старите учења, наспроти новите (според нив), не проповедаат „знаења“ во контекст на „гносис“, туку тие учења што они ги глорифицираат, се поврзани со начини на кои стигаш до гносисот.