Јас уште не сфаќам зошто дојде и првиот пат
....
Друга работа е што ме замина е зарем сите луѓе беа грешни, зарем немаш некоја чиста душа без гревови?
Трета работа...човештвото отиде у не поврат, уништен е во се, економски, еколошки, морално, културно здравствено....напредок има само во технологијата и медицината....така да, душо моја...велиш ќе дојде материјално, од небесата...па и со свемирски брод да дојде, нема ништо чудно да ни биде
Во право си, вистинските прашања ги превидов заради овие „со големо срце“
.
Првото прашање: Зошто Исус дојде(по прв пат)на овој свет?
Бог го создал човекот за да живее вечно и да се радува во животот. Му обезбедил рајско опкружување и
се најдобро што било потребно за неговиот живот. Можел да јаде од секое дрво што било во градината,освен од едно(на кое пристап имал Луцифер, ангелот отпадник кој се побунил на небото). Јадењето од тој плод било тест нА ПОСЛУШНОСТ, Т.Е.израз на слободната волја на човекот, кого ќе го избере за свој господар, дали Бога или ѓаволот(змиите не можат да зборуваат нели?) Токму поради тоа последиците од престапот на Божјата заповед биле толку големи. Ѓаволот добил власт врз човештвото и предизвикал страдања, болести и смрт сите векови до сега. Но Бог сепак, во својата милост и љубов што ја имал кон човекот не го оставил да пропадне(иако можел). Адам и Ева уште во рајот добиле ветување дека ќе дојде откупител, Месија, кој ќе го победи и на крај, уништи ѓаволот, а човештвото ќе биде повторно вратено во својата првобитна состојба на заедница со Бога и бесмртен живот. Но за тоа да се случело требало самиот Тој, Творецот на човечкиот род да се симне, да живее како човек и да плати за нашиот грев(бидејќи преку Адам гревот се пренесе на сите луѓе, а преку Христа благодатта(милоста)се пренесе пак на сите луѓе).Но со тоа делото на спасение не завршило. Сега требало повторно да стапи на сцена човечката слободна волјат.е.да се одлучи секој поединец за или против Христа, да ја прифати или отфрли Христовата понудена жртва. Токму затоа е продолжено времето на милоста после Христовата смрт и ѓаволот не е веднаш уништен туку оставен да ги мами луѓето, да предизвикува болка, страдања и смрт кај нив. Но на небото веќе немал пристап бидејќи цело небо и неговите жители(библијата кажува дека има живот и на другите планети како и дека постојат небесни суштества т.е.Ангели кои му останале верни на Бога т.е.не се побуниле заедно со ѓаволот иако тој успеал да прелаже третина од нив) се осведочиле во злата природа на ѓаволот и неговите лажни обвинувања за Бога дека е суров, дека е тиранин, и дека неговиот закон е закон на присила, а не на њубов. Христос со својот карактер докажал дека може и своите непријатели да ги сака, па и додека умирал на крстот, но исто така докажал дека божјиот закон или десетте божји заповеди се непроменливи бидејќи тој не погрешил ни еднаш, па дури и по цена на неговата смрт. Со тоа ни обезбедил две работи:прво:Можност Бог да ни биде милостив и да ни прости за старите гревови и второ:сила да живееме како Него т.е. безгрешно, сила да ги држиме десетте заповеди како израз на Божјето царство во кое ќе живеат спасените. Но сите нема да ја примат спасоносната божја милост излеана преку Христа на луѓето на овој свет. Многумина и покрај се што небото дало за нив доброволно ќе ја одбијат понудената рака и ќе се самоосудат на смрт.Жалосно но вистинито. Но Христос не останал во гробот, Тој воскреснал и се вознел на небсата од каде ќе дојде повторно за да го заврши делото кое го отпочнал, да го спаси она што е за спасување т.е.сите оние кои го прифатиле како свој спасител се покајале и оправдале со неговата жртва и тргнале да живеат нов живот без грев(гревот е кршење на 10 теБожји заповеди). Во друг случај, доколку Бог не интервенира,никој не би останал, т.е. човекот ќе се самоуништи со сите овие наоружувања кои ги има во последната битка т.е.Армагедон, но Бог милостиво ќе го ззаштити и спаси својот народ од целосната апокалипса која ќе му се случи на овој свет. Заедно со живите ќе бидат спасени и воскреснатите мртви праведници како што е цитирано погоре во 1.Солунјаните послание од апостолот Павле.Ете тоа е накратко за првото твое прашање.
Второто прашање, Библијата кажува дека сите луѓе се по природа грешни,освен стекнат носат и наследен грев.Нормално има разлика од поединец до поединец но во суштина нема човек кој никогаш не погрешил, не излажал или не помислил нешто лошо(бидејќи гревот се раѓа во мислите).Единствено Исус Христос живеел и умрел без грев.
Третото си во право, човештвото место да оди нагоре, т.е.да се развива во морален и секаков правец оди надолу, кон самоуништување и тоа му е на Бога јасно.Но сеуште постојат луѓе кои го бараат, се прашуваат зошто сево ова се случува и тие сакаат да бидат спасени од неминовното самоуништување на оваа планета.Затоа Исус е сеуште трпелив и му дава шанса на секого да слушне за него и да го прифати неговото спасение. И да, науката и технологијата одат напред, но и тоа е исполнување на едно пророштво од Библијата кое кажува дека пред крај „Знаењето ќе се умножи“.И навистина она што е постигнато во тие правци(наука, технологија)во последните два, три века, не се постигнало т.е.било статус кво, милениуми наназад.Само еден пример: луѓето војувале со мечеви и копја со векови, од вавилон, па Персија, па Александар Македонски,па Римската империја тоа се можда четири илјади години, за да само за сто или двеста години наоружувањето да достигне до атомски бомби кои можат за час да го уништат светот. Но тоа е, кога ја читаме Библијата,уште еден од знаците за последното време,т.е.за второто Христово доаѓање.