Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Ти си злобен човек зоки, а мислев дека си ми пријателче.:(
Има концепт " Таф лов ", јебига некад тато мора да е строг со детето, за негово добро.

Те сакам... али се шо кажав за чипот е точно, планот е за 3-4 год. да почне...
 
H

Hyperion VI

Гостин
Има концепт " Таф лов ", јебига некад тато мора да е строг со детето, за негово добро.

Те сакам... али се шо кажав за чипот е точно, планот е за 3-4 год. да почне...
Сепак гледам надеж за помирување меѓу тебе и @Ron Burgundy.
Штета е такво пријателство да фрлите во вода.
Ви посакувам што поскоро да се помирите :angel:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
А колку семејства разрушил поради глупавите војни кои ги водел?!? Колку дечиња останале без своите татковци? Наполеон како воен криминалец е крив за ова
Дали тогаш и крстоносците се воени криминалци?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Дали тогаш и крстоносците се воени криминалци?
И не само они, туку и буквално секоја војска од тоа време, по денешни норми би можела да се нарече воено-злосторничка. Исто како Мухамед, да - по денешни норми е педофил, ама сите кои зборат за него ова, не кажуваат дека огромното мнозинство од тоа време така би се квалификувале.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
И не само они, туку и буквално секоја војска од тоа време, по денешни норми би можела да се нарече воено-злосторничка. Исто како Мухамед, да - по денешни норми е педофил, ама сите кои зборат за него ова, не кажуваат дека огромното мнозинство од тоа време така би се квалификувале.
Немам прочитано било кој друг освен него да се женел со 9 годишни, бар во цивилизирана Европа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Немам прочитано било кој друг освен него да се женел со 9 годишни, бар во цивилизирана Европа.
таму кај он што живеел имало
не бил единствениот
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Сепак гледам надеж за помирување меѓу тебе и @Ron Burgundy.
Штета е такво пријателство да фрлите во вода.
Ви посакувам што поскоро да се помирите :angel:
Побитно од нашето пријателство е Рон да научи правило на десна рака...

Ако сум реален, само со чипот Рон ќе научи.
Автоматски споено мислење:

Немам прочитано било кој друг освен него да се женел со 9 годишни, бар во цивилизирана Европа.
А шо прајме со сегашните цивилизирани европјани кои сакаат да прифатиме дека педофилијата е нормална сексуална ориентација?
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
Побитно од нашето пријателство е Рон да научи правило на десна рака...

Ако сум реален, само со чипот Рон ќе научи.
Сега се каам за моите трансхуманистички идеи
за чипирање изложени во другите теми.
Све тоа беше само демонско влијание.

Пошто окултистите и сатанистите се откажаа од мене,
а јас сепак сум добар играч.
Решив да се префрлам во противничката репрезентација ;)
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
820
Дали тогаш и крстоносците се воени криминалци?
Секако,и тие биле еден вид на воени криминалци,секој кој живее од меч од меч и ќе загине,знаеш кој го рекол ова?
 
Член од
26 ноември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
1
Ако доаѓа, ќе дојде на крајот на светот, односно на крајот на личниот свет на поединецот, бидејќи секој човек е свет за себеси. Луѓе кои поминале низ кома рекле дека виделе тунел и пријатно светло на неговиот излез кое било израз на Господ. Иако е премногу хипотетички вака сево ова...
Во секој случај пораката во Евангелието е бидете како Исус, секој на свој начин, да ви служи како пример, а не како идол кому ќе му се поклонувате, а ќе правите како ќе ви текне.
 
H

Hyperion VI

Гостин
Ако доаѓа, ќе дојде на крајот на светот, односно на крајот на личниот свет на поединецот, бидејќи секој човек е свет за себеси. Луѓе кои поминале низ кома рекле дека виделе тунел и пријатно светло на неговиот излез кое било израз на Господ. Иако е премногу хипотетички вака сево ова...
Во секој случај пораката во Евангелието е бидете како Исус, секој на свој начин, да ви служи како пример, а не како идол кому ќе му се поклонувате, а ќе правите како ќе ви текне.
Не знам братче и јас го имам видено тој тунел "пријатен",кога ми откажаа белите дробови(пред година и пол).
Само малку Јеховистички звучиш?

Исус си кажува јасно во евангелијата дека само преку вербата во него се стига до Отецот.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Поимот Антихрист не означува некој кој е против Христа, туку некој кој е негов Антитип, т.е.некој кој го имитира и го зазема неговото место.
Автоматски споено мислење:
Точно, тоа првично го спомнав, но има амбивалентно, сугубо значење со поширок контекст...
,, 18. Чеда, последно време е. И како што сте слушале дека ќе дојде антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час.
19. Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но се јавија, за да се знае дека сите не се наши.
20. А вие имате помазание од Светиот, и знаете сè.
21. Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку дека ја знаете како и дека ниедна лага не доаѓа од вистината.
22. Кој е лажец, ако не оној, што одречува дека Исус е Христос? Тој е антихрист, што Го одречува Отецот и Синот.
23. Секој, што Го одречува Синот, нема и Отец; а кој Го исповедува Синот, има и Отец.
24. И така, сè што чувте во почетокот, тоа и нека остане при вас; ако она, што го чувте најнапред, остане во вас, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот." 1. Јован 2
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа. Па затоа, утешувајте се еден друг со тие зборови.
1. Солунјаните 4:16‭-‬18 MK1990
А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молам, браќа, да не се поколебате лесно во мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден. Никој да не ве измами ни по каков начин; оти оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта, кој што се противи и се превознесува над сѐ, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог. Не помните ли дека, уште кога бев при вас, ви зборував за тоа? И сега знаете што Го задржа Него да се открие во Свое време. Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено, додека не се отргне оној, што ја задржува сега; тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање ќе го истреби оној, чие јавување, по дејството на сатаната, е со секаква сила и знаци и лажни чудеса, и со секакво неправедно измамување меѓу оние, кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение. И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата.
2. Солунјаните 2:1‭-‬12 MK1990
https://bible.com/bible/1696/2th.2.1-12.MK1990
Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.
Откровение 13:18 MK1990
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.280
Поени од реакции
10.171
@filip007 зошто не ми одговори на прашањата, ме игнорираш???
батали ги овие мангупиве, шегаџии со големо срце:)
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Јас уште не сфаќам зошто дојде и првиот пат:гик::toe:....

Друга работа е што ме замина е зарем сите луѓе беа грешни, зарем немаш некоја чиста душа без гревови?

Трета работа...човештвото отиде у не поврат, уништен е во се, економски, еколошки, морално, културно здравствено....напредок има само во технологијата и медицината....така да, душо моја...велиш ќе дојде материјално, од небесата...па и со свемирски брод да дојде, нема ништо чудно да ни биде :)
Во право си, вистинските прашања ги превидов заради овие „со големо срце“:).
Првото прашање: Зошто Исус дојде(по прв пат)на овој свет?
Бог го создал човекот за да живее вечно и да се радува во животот. Му обезбедил рајско опкружување и
се најдобро што било потребно за неговиот живот. Можел да јаде од секое дрво што било во градината,освен од едно(на кое пристап имал Луцифер, ангелот отпадник кој се побунил на небото). Јадењето од тој плод било тест нА ПОСЛУШНОСТ, Т.Е.израз на слободната волја на човекот, кого ќе го избере за свој господар, дали Бога или ѓаволот(змиите не можат да зборуваат нели?) Токму поради тоа последиците од престапот на Божјата заповед биле толку големи. Ѓаволот добил власт врз човештвото и предизвикал страдања, болести и смрт сите векови до сега. Но Бог сепак, во својата милост и љубов што ја имал кон човекот не го оставил да пропадне(иако можел). Адам и Ева уште во рајот добиле ветување дека ќе дојде откупител, Месија, кој ќе го победи и на крај, уништи ѓаволот, а човештвото ќе биде повторно вратено во својата првобитна состојба на заедница со Бога и бесмртен живот. Но за тоа да се случело требало самиот Тој, Творецот на човечкиот род да се симне, да живее како човек и да плати за нашиот грев(бидејќи преку Адам гревот се пренесе на сите луѓе, а преку Христа благодатта(милоста)се пренесе пак на сите луѓе).Но со тоа делото на спасение не завршило. Сега требало повторно да стапи на сцена човечката слободна волјат.е.да се одлучи секој поединец за или против Христа, да ја прифати или отфрли Христовата понудена жртва. Токму затоа е продолжено времето на милоста после Христовата смрт и ѓаволот не е веднаш уништен туку оставен да ги мами луѓето, да предизвикува болка, страдања и смрт кај нив. Но на небото веќе немал пристап бидејќи цело небо и неговите жители(библијата кажува дека има живот и на другите планети како и дека постојат небесни суштества т.е.Ангели кои му останале верни на Бога т.е.не се побуниле заедно со ѓаволот иако тој успеал да прелаже третина од нив) се осведочиле во злата природа на ѓаволот и неговите лажни обвинувања за Бога дека е суров, дека е тиранин, и дека неговиот закон е закон на присила, а не на њубов. Христос со својот карактер докажал дека може и своите непријатели да ги сака, па и додека умирал на крстот, но исто така докажал дека божјиот закон или десетте божји заповеди се непроменливи бидејќи тој не погрешил ни еднаш, па дури и по цена на неговата смрт. Со тоа ни обезбедил две работи:прво:Можност Бог да ни биде милостив и да ни прости за старите гревови и второ:сила да живееме како Него т.е. безгрешно, сила да ги држиме десетте заповеди како израз на Божјето царство во кое ќе живеат спасените. Но сите нема да ја примат спасоносната божја милост излеана преку Христа на луѓето на овој свет. Многумина и покрај се што небото дало за нив доброволно ќе ја одбијат понудената рака и ќе се самоосудат на смрт.Жалосно но вистинито. Но Христос не останал во гробот, Тој воскреснал и се вознел на небсата од каде ќе дојде повторно за да го заврши делото кое го отпочнал, да го спаси она што е за спасување т.е.сите оние кои го прифатиле како свој спасител се покајале и оправдале со неговата жртва и тргнале да живеат нов живот без грев(гревот е кршење на 10 теБожји заповеди). Во друг случај, доколку Бог не интервенира,никој не би останал, т.е. човекот ќе се самоуништи со сите овие наоружувања кои ги има во последната битка т.е.Армагедон, но Бог милостиво ќе го ззаштити и спаси својот народ од целосната апокалипса која ќе му се случи на овој свет. Заедно со живите ќе бидат спасени и воскреснатите мртви праведници како што е цитирано погоре во 1.Солунјаните послание од апостолот Павле.Ете тоа е накратко за првото твое прашање.
Второто прашање, Библијата кажува дека сите луѓе се по природа грешни,освен стекнат носат и наследен грев.Нормално има разлика од поединец до поединец но во суштина нема човек кој никогаш не погрешил, не излажал или не помислил нешто лошо(бидејќи гревот се раѓа во мислите).Единствено Исус Христос живеел и умрел без грев.
Третото си во право, човештвото место да оди нагоре, т.е.да се развива во морален и секаков правец оди надолу, кон самоуништување и тоа му е на Бога јасно.Но сеуште постојат луѓе кои го бараат, се прашуваат зошто сево ова се случува и тие сакаат да бидат спасени од неминовното самоуништување на оваа планета.Затоа Исус е сеуште трпелив и му дава шанса на секого да слушне за него и да го прифати неговото спасение. И да, науката и технологијата одат напред, но и тоа е исполнување на едно пророштво од Библијата кое кажува дека пред крај „Знаењето ќе се умножи“.И навистина она што е постигнато во тие правци(наука, технологија)во последните два, три века, не се постигнало т.е.било статус кво, милениуми наназад.Само еден пример: луѓето војувале со мечеви и копја со векови, од вавилон, па Персија, па Александар Македонски,па Римската империја тоа се можда четири илјади години, за да само за сто или двеста години наоружувањето да достигне до атомски бомби кои можат за час да го уништат светот. Но тоа е, кога ја читаме Библијата,уште еден од знаците за последното време,т.е.за второто Христово доаѓање.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom