Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Кој знае зашто се самоубил тој.
Ги видел какви се - кој со пушка кој без пушка, кој со ваква, кој со таква капа, кој со униформа, кој со било какви алишта, пушките кој со каивче кој со сиџимче... Не личеле на регуларна војска и затоа се самоубил.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
a za ova mozes da najdes podatoci,,,den-dva pred osloboduvanje na Skopje se vrselo razmena na zarobenici nekade kaj Rakotinci, eden za eden i taka se razmenile (stotina). Nasite partizanite za edno mlado momce maloletnik davale i trojca germanci zarobenici za nego ama germancite nejkele ni da cujat,samo toa ne bilo razmeneto i germancite tamu go strelale mislam deka bilo od Dracevo.
Автоматски споено мислење:

Ги видел какви се - кој со пушка кој без пушка, кој со ваква, кој со таква капа, кој со униформа, кој со било какви алишта, пушките кој со каивче кој со сиџимче... Не личеле на регуларна војска и затоа се самоубил.
tocno taka,bas zatoa, se vratil nazad vo zgradata-stanicata i bum se otepal.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Можеби се убил поради тоа што изгубил од такви. Иако сметам повеќе на комплекс од фактори. Да изгубеле они тука од партизаните, а да победувале другде во тие времиња, не верувам дека би се самоубил, мада не верувам и дека тука би изгубиле од партизаните кога би победувале другде.
Како и да е, во самоубиството на тој човек верувам дека имаат улога идеолошки причини.
Идеолошка причина ти е исто така, кога у сред Европа оној ќе се разнесе со бомба, затоа што мисли дека господ ќе го награди ако убива каури. Нешто му го заматува рациото. Во случајов идеологија.
А можеби и се убил од скроз други, можда лични причини.

Он бил германски офицер и добро знаел дека они не изгубиле од партизаните. Стратешки, на страната на партизаните има огромни воено економски машинерии поголеми од целиот Вермахт и сите со него. Машинерии кои истоваруваат цели групи армии по Африка, Европа, Пацифик и кај ќе им текне, кои се координираат меѓу себе на светско ниво, во ден, во час. Тоа се сили кои целата таа царска бугарска армија што четири години ровари тука, во секунда ја претвараат во сојузничка армија. Од нив изгубил и тоа му било јасно. Не мислел он дека војната е изгубена заради партизаните. Заради тие парталави селани.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Сепак, партизаните не биле толку занемарливи како сила, ама со Германија не би можеле да се справат, доколку Германија се занимавала само со нив.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Сепак, партизаните не биле толку занемарливи како сила, ама со Германија не би можеле да се справат, доколку Германија се занимавала само со нив.
Стратешкото значење на партизанското движење во Југославија е во контекст на задржувањето на неколку германски дивизии на Балканот, кои инаку би биле распоредени, веројатно на Источниот фронт. Инаку, партизаните буквално цело време биле во дефанзива, се до крајот на 44-та.
Додека пак, стратешкото значење на одбивањето на Југославија да влезе во Оската и уфрлањето на балканската кампања, во оскиниот распоред, пред Барбароса, е преувеличено и најверојатно немало никаков позначаен импакт врз Барбароса.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Сојузничко пешадиско вооружување кое било користено од страна на единиците на НОВ на Југославија,



Прегледај го приврзокот 275920

Прегледај го приврзокот 275921


Прегледај го приврзокот 275922


Еве нешто интересно,
Прегледај го приврзокот 275923


Стен (во "лускузна" варијанта со кундак), Колт М.11, Томпсон М1А2, но оваа со посвета за награда, имаш инфо што е последнава пушка, гледам нема репетир-затварач повеќе ми делува на ПАП само тие биле ретки во НОВЈ може некои од Г41 немачките или чак талијанска Берета автомат со тоа селекторот пред окидачот за фул ауто или семи ауто оган.
Автоматски споено мислење:

Сепак, партизаните не биле толку занемарливи како сила, ама со Германија не би можеле да се справат, доколку Германија се занимавала само со нив.
Германците гледале да држат скроз минимален дел од вермахт како окупациски сили пошто им требал аскер на Исток па и по други фронтови. Далеку најголем дел од окупациски задачи ги оставале на колаборанти и "администратори", во случајот со Југославија тоа биле можеби 95% од окупациски сили, само да фатиме да набројуваме разни колаборантски организации ќе треба една долга листа. Слично и талијани кои оставиле нивната окупациска зона во зап.Македонија да се држи од страна на балисти кои биле наоружани и опремени од самите талијани кои губеле маса војска по С.Африка и Сталинград.

Може да се спомене формирањето на елитни СС единици во Босна и Албанија како значаен чекор во правец на outsorce на окупациски задачи, а чат-пат се појавувале и германски специјалци, најпознат е случајот кога самиот Ото Скорцени предводи елитни фалшимјегери за падобранско-воздушен десант на Дрвар за ликвидација на главниот штаб на НОВЈ.
Во целост како што споменаа пред 7-8 страни Берик и Батеман, во големата слика на WW2 балканот игра минорна улога. Таа улога била прилично преувеличана за време на СФРЈ во склад со идеолошките норми на тоа општество.

Тоа во никој случај не ја намалува вредноста на НОВЈ бидејќи се работело за едно од најснажните герилски движења во светот во тоа време, ако за најјако се земе Кинеската црвена армија. Денес се појавуваат ревизионисти кои скроз ја негираат вредноста на партизаните, има тука еден усташа и еден татар кои постирааа бројки на убиени бугари 1941-44 демек премалку за серзионо партизанско движење. А тоа е голема навреда за секој оној кој има претци кои се бореле, кај мене двата дедовци, едниот урбана другиот рурална герила, знам какви последици имал еден од нив, она што денес се нарекува ПТСД, три и пол години глава в торба, не знае кога и дали ќе му тропнат на врата бугарски "администратори" за да го одведат, за да сега некој го претставува антифашистичкото движење во Македонија како "слабо". Никој не зема предвид дека во вардарска мкд имало само околу милион жители тоа време.

Малкумина се расположени за рационална оцена на тоа движење 41-45.
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Кога веќе го спомна Ото Скорцени. Тој бил многу суетен, и повеќе бил театрален отколку што бил толку многу успешен.
Неговата слава најмногу се должи на акцијата за ослободување на Мусолини кој бил затворен во хотелот “Кампо Империјале“ во Гран Сасо. Скорцени заробил некој италјански полковник кој го искористил за да ги примора чуварите на Мусолини за да не пукаат. Скорцени и екипата командоси го ослободиле Дуче без ниеден испукан куршум, а дури поради суетата не сакал извлекувањето на Мусолини да му го препушти (и славата) на никој друг па едвај полетале со огромниот Скорцени со некое мало авионче со малку гориво. Пилотот побарал од војниците да го држат авионот додека моторите не постигат полна снага па така едвај успеале да полетаат. При таа акција носел со себе и фоторепортер од што се гледа неговата голема суета, парадирање и саморекламирање.
Голем дел од неговата слава се должела на неговата појава (бил огромен, русокос, со лузна на лицето која ја добил при мачевање на високата техничка школа) на неговиот саморекламерски карактер кој уште повеќе го потенцирал после неговото бегство во Аргентина и пишувањето на самофалбаџиски книги во кои нормално тој е “главниот“ и нормално - нема некоја голема воена акција во која тој не “учествувал“. :)
Починал во 1975 година.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
648
Поени од реакции
550
Кога веќе го спомна Ото Скорцени. Тој бил многу суетен, и повеќе бил театрален отколку што бил толку многу успешен.
Неговата слава најмногу се должи на акцијата за ослободување на Мусолини кој бил затворен во хотелот “Кампо Империјале“ во Гран Сасо. Скорцени заробил некој италјански полковник кој го искористил за да ги примора чуварите на Мусолини за да не пукаат. Скорцени и екипата командоси го ослободиле Дуче без ниеден испукан куршум, а дури поради суетата не сакал извлекувањето на Мусолини да му го препушти (и славата) на никој друг па едвај полетале со огромниот Скорцени со некое мало авионче со малку гориво. Пилотот побарал од војниците да го држат авионот додека моторите не постигат полна снага па така едвај успеале да полетаат. При таа акција носел со себе и фоторепортер од што се гле неговата голема суета, парадирање и саморекламирање.
Голем дел од неговата слава се должела на неговата појава (бил огромен, русокос, со лузна на лицето која ја добил при мачевање на високата техничка школа) на неговиот саморекламерски карактер кој уште повеќе го потенцирал после неговото бегство во Аргентина и пишувањето на самофалбаџиски книги во кои нормално тој е “главниот“ и нормално - нема некоја голема воена акција во која тој не “учествувал“. :)
Починал во 1975 година.
Се е точно за неговата суетност, ама човекот има јака биографија и среќа во животот, од фронтмен на нацизмот, да се извлечеш од ВСВ со бегство од затвор здрав и жив ,па до службата кај Насер во Египет (веројатно било интересно на средбите меѓу Тито и Насер знаејќи дека Скорцени му бил советник на Насер, а претходно го ловел Тито во Дрвар) па се до службувањето во Аргентина кај Хуан и Евита Перон. Мене кога читав за него ми беше интересно што човекот бил австриец ама неговата фамилија била по потекло полска.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Скорцени не учествувал во Дрвар. А од затвор избегал со “мала помош“ на Американците.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Па учество во планирање се рачуна ваљда како учество.
Па и Вернер фон Браун, Клаус Барби и бројни други херои на НАСА и ЦИА уживаа долги децении слободен и удобен живот, дали во помагање на мисиите за слетување на човекот на Месечината, или во безбројните државни удари и помагања на секој злосторнички режим во Латинска Америка, без амин од Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД, тешко дека ќе имаа толку убави и долги животи.

Добро, некои како Барби на крајот дочекаа некаква симболична правда, не дека жртвите на таквите како него и нивните семејства навистина дочекаа вистинска правда, но тоа е стариот добар американски принцип кој гласи дека не е важно кој кучкин син е главен во тој и тој регион, се` додека е нивен кучкин син.

Ама сите тие зла биле за поголемо добро, па затоа се оправдани, слично како што безбројни зла направени на македонска територија од 1993 година па наваму се за поголемо добро. Само некои - да не речам повеќето - од нас Македонците, сме ќорави за да го видиме со сопствени очи тоа поголемо добро кое произлегува од менување на знаме, име, Устав, преамбула, амнестија на воени злосторници, бришење на историја, на јазик, на национален идентитет, ама тоа е веќе проблем на нас ќоравите.

Од друга страна па и партизаните биле ќорави на бројните благодети и привилегии кои ги уживале под свастиката во периодот помеѓу 1941 и 1944 година, ама никаде не го пишуваше тоа во учебниците по историја. Но не е битно, сега следува процес на ре-едукација и просветлување низ призмата на балкански татарстан и сигурно сите историски мистерии и недоразбирања ќе ги разрешиме експресно исто како и знамето, името, преамбулата и бројни други историски мистерии и недоразбирања.

Слично Конечно решение за бришење на цел еден народ имаа планирано и нацистите за Евреите, и активно го спроведуваа на дело - во Македонија со своеволната, несебична и недвосмислена помош на балкански татарстан, но во Израел тераат некаква поинаква песна во однос на нивната историја, очигледно и на нив ќе им треба ре-едукација и просветлување низ нацистичката призма и низ призмата на сите мирољубиви и добрососедски држави кои извикуваат Смрт за Израел.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
За Дрвар зборев јас, дека учествувал (барем во планирање).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
За Дрвар зборев јас, дека учествувал (барем во планирање).
Сосема те разбирам, и јас зборувам за некои други работи поврзани директно или индиректно со темава, бидејќи живееме во време на негација и одново пишување на историјата од нула, па за да не испадне дека сите сме биле слепи на здрави и функционални очи и на здрав и функционален вид, и за да не испадне дека сите сме биле глуви на здрави и функционални уши и на здрав и функционален слух, одвреме навреме објавувам по некои историски факти на темава, чисто за да има било каков извор на вистински информации и факти за историјата за во иднина кога ќе стапи на сила државната историска амнезија.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Стен (во "лускузна" варијанта со кундак), Колт М.11, Томпсон М1А2, но оваа со посвета за награда, имаш инфо што е последнава пушка, гледам нема репетир-затварач повеќе ми делува на ПАП само тие биле ретки во НОВЈ може некои од Г41 немачките или чак талијанска Берета автомат со тоа селекторот пред окидачот за фул ауто или семи ауто оган.






Не ја контаминирај темата со вакви суштества :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom