Што, и тука со тролање ќе одиме офтопик? Тоа е целта?
Ме прашуваш или си потврдуваш ова со Кроули и Исус или мене ме прашуваш за љубовта за која зборувале овие двајца?
Ако ме прашуваш мене - одговор нема да добиеш. Реков јас, кафе не ти давам не пак нешто повеќе
И што има врска „Љубов“ (не знам зошто со голема буква) со тоа што јас сметам дека не заслужуваш било што сериозно да се дискутира со тебе заради постојаното тролање без веза и постојаното исмевање на сешто глумејќи дека зборуваш било што мудро?
Самиот долета во старт на форумов со лошиот сарказам и сега се повикуваш на Исус и Кроули и љубовта - како да мора некој да сподели со тебе било што инаку... ништо?
Не сме стариот еон - мора да заслужи човек, не „на лепе очи“ како во минатото
Љубовта е глагол не е именка...
П.С.
Јас не сум Кроули ниту Исус инаку...
Да бев Исус, ќе ве ослободев сите од прангите и ќе ви кажев: конечно дојдов да ве ослободам од вашите пранги кои сами си ги наметнувате зборувајќи дека се мои!
Одете и бидете свои и бидете свесни за се што ве опкружува!
И во најосамената ноќ - никогаш не сте оставени насамо, само не можете да видите подалеку од вашиот чекор!
А не со толкување на Октровенија и не знам што - христијаните се повикуваат како се ќе биде судење, мртви кревање итн итн...
Ама тоа, ако јас бев Христос (малку грчки звучи ама па што... на тоа ли ќе гледаме денес кога се е глобализација: една света земја за сите!)
Ти благодарам за конструктивната критика Хепта, ми значи.
За квалитетот на мојот сарказам сум свесен, работам на себе, форумот го користам за вежбање.
Мислам дека не си толку себичен како што се претставуваш, мене ми помагаш многу, во вежбањето...
Љубов со голема Љ како несебична, чиста, како што ти ми ја даде сега... ти благодарам!