Европа во 2048 година

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење ?

  • Сценарио 1

    Гласови: 6 22,2%
  • Сценарио 2

    Гласови: 5 18,5%
  • Сценарио 3

    Гласови: 6 22,2%
  • Сценарио 4

    Гласови: 10 37,0%

  • Вкупно гласачи
    27
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.572
Поени од реакции
18.605
Искрено не знаев дали да ја постирам во Чек дис оут или тука ...
Што мислите кое сценарио е најверојатно, јас типувам на број 4.

Како ќе изгледа светот во 2048 година: Париз и Берлин се напуштени, Европа е поделена
Оваа слика за иднината за триесет години е опишана во едно од четири сценарија кои ги предвидуваат истражувачите на 13 познати европски универзитети во рамките на проектот на Европската комисија ИМАЈИНЕ.

Сценарио 1: 3Д-печатач и „Тврдина Европа“

Во првото сценарио напредната технологија со 3Д-печатење доведува до голем просперитет низ цела Европа. Автоматизирани се производството и дистрибуцијата на стоки на локално ниво, а економијата се развила во циркуларна економија. Поради големиот просперитет, Европската Унија се проширила и сега во неа се Турција, Украина и Белорусија, што понекогаш предизвикува нови тензии на надворешните граници.

По ерата на Путин, Русија значително ослабела. Во тоа сценарио ќе биде одбран првиот муслиман на чело на Европската комисија во 2035 година, и тоа Швеѓанец со сомалиско потекло. Иако ЕУ поради миграциите станала културно сè поразновидна, сепак, станува поизолирана и протекционистичка. Климатските бегалци редовно се застануваат на границите бидејќи високото ниво на автоматизација значи дека земјите помалку зависат од нискоквалификуваните работници.

Повиците за поголема политичка слобода се сè погласни. Луѓето во оваа Европа чувствуваат лојалност кон семејството, настојувајќи дека нивните деца треба да тргнат на патот кон престижот и просперитетот во поширокото европско општество.

Сценарио 2: Рурален живот со климатски промени

Второто сценарио подразбира уништување на големите градови во кои главно се задржуваат сиромашните граѓани и имигрантите. До 2048 г. урбаните области се гетоизирани места кои се густо населени со луѓе со услови за живот кој најмногу потсетува на денешното секојдневие на мигрантите во Сингапур и социјалните населби во Мелбурн. Понатамошните пандемии и климатските промени раселиле многу луѓе од градовите и крајбрежните области, а руралниот живот станува сè попопуларен.

Борбата против климатските промени е глобален приоритет и технологијата за чисто производство на енергија од следната генерација напредува. Овде нееднаквоста се темели на прашањето кој има начин да се заштити од климатските промени. ЕУ мора да плати многу за „поправање“ на климата на земјите на глобалниот југ поради историските нееднаквости во емисиите на јаглероден диоксид.

Во 2048 повеќе нема капитализам, туку фокусот е на малите заедници, на уметноста и културата, што сè повеќе се диктираат од Азија. Ова не значи дека животот во 2048 година е мрачен. Светот се подготвува за Летните олимписки игри што ќе се одржат во Куала Лумпур, Малезија, а на нив освен спортисти ќе учествуваат и писатели, филозофи и херои во борбата против климатската криза. Европејците, Американците и Австралијците се надеваат на медали, но земјата која се очекува да доминира е Кина, која е светски лидер во борбата за преживување на климатските промени.

Сценарио 3: Дигитална нееднаквост и онлајн-државјанство

Во третото сценарио, големата нееднаквост е помеѓу оние што имаат пристап до напредна технологија и оние што се исклучени од неа. Државјанството станало дигитален концепт, односно луѓето може да живеат во Австралија, а да бидат европски граѓани иако никогаш не стапнале во Европа. Можно е привремено позајмување на вашите права на другите, на пример, за здравствено осигурување или слично.

Повеќето економски активности се одвиваат преку интернет, телекомуникациите се норма, а не исклучок. Поверојатно е дека ќе работите со луѓе од Кина, Мексико или САД отколку со луѓе од вашата земја. Нееднаквоста се дефинира според тоа кој смее да работи и да се собира во виртуелниот простор, а кој не.

Оние што имаат и немаат во иднината не се дефинираат според местото што денес се нарекува дом, туку виртуелен простор на кој смеат да работат, играат и да се собираат. Напредната технологија им овозможува истражување, уживање и заработка на привилегираните, додека оние што се помалку среќни се исклучени од овој свет.

Сценарио 4: Лажни вести и поделена Европа

Во последното сценарио Европа е поделена на неколку табори, а лажните вести ја нарушиле довербата во науката и политиката. Во некои земји луѓето гласаат за политичари кои создаваат теории на заговор. Тешко е да се најде договор за изворите што се сигурни. Иако некои региони ги почитуваат „традиционалните“ и верските вредности, на други места постојат бракови со 5 лица.

Некои ги штитат реките и планините, додека во некои региони дигиталните системи како „Сири“ имаат свои лични права, па на злоупотребата на овие системи се гледа како на малтретирање домашен миленик. Општата солидарност помеѓу регионите нагло паднала. Посетителите од САД, Кина или Индија би ја оцениле ЕУ од 2048 како многу заостаната.

Некои заедници имаат напредна идеја за правата на животните со кои се почитуваат чувствата на нечовечките суштества и се третираат како еднакви, додека други се конзервативни. Таа поделеност предизвикува сè почести и погорчливи културни војни, со спорови за прашања како што се полот и културниот идентитет.


 
глупости, никој не може ништо да предвиди каква ќе биде идината, дури и оние геополитички сили кои ги кројат плановите.
 
Едино реално сценарио е многу поголем број на арапи, црнци, пакистанци и индијци.
Истотака реално е дека исламот ќе биде позастапен него сега, особено во Франција, Белгија, Холандија, Германија, Австрија...


imigr.jpg imigra.jpg


Секакви сомнителни фаци моментално се во Средоземно море. Околу 60% се мажи, 25% деца и останатото е жени.
Нивната дестинација е Италија а од таму Северна Европа.
Иако короната помогна малку да се запре овој прилив, сепак од Јануари до денес преку 80.000 влегле во Европа со статус на избеглица.
Само за споредба, во 2015та еден милион избеглици влегле на територија на Европа.
 
Сите овие промени што ги наведе се преголеми за да се случат во рок од 28 години...


Работите нема да бидат многу поразлични од сега освен што посиромашните предели ќе бидат демографска пустина зошто се ќе биде иселено на запад и ќе се возат хибриди или електрични коли.

Војна нема да има на територијата на ЕУ 102.5 %, кинески капитал ќе има скоро насекаде, руското влијание ќе опадне, зошто зависноста на европа од руски гас и нафта ќе се намали уште повеќе, денес што е нормално во Германија ќе биде нормално и во Полска и Словачка...

Зборот ми е работите скоро секогаш се движат многу поспоро во реалноста него во предвидувањата за иднината.
 
Прогноза дека во 2048 година ќе биде во ЕУ и Северо Македонија, до тогаш ќе има 10 години спор со Бугарија поради Гоце Делчев и 10 години спор со Србија поради тоа што имало српски икони во делови од СевероМакедонските Цркви. Потоа во 2050 година повторно ќе се формира Југославија и поради изјавата на Зоран Заев дека "Југославија не разделила со напите бугарски пријатели" ќе не блокира од ЕУ.
 
Светот во 2048: Првиот киборг стапна на површината на Марс.
Северна во 2048: Комплетно реновиран локалниот пат Издеглавје - Слатино. Премиерот ќе го пушти во употреба.
 
До 2048 сите европски земји ќе влезат во ЕУ освен ние и Србија :toe:
 
Во Европа ќе преовладува црнечко и арапско население.
Македонија нема да постои како држава, населението ќе биде драстично намалено како резултат на иселувањето и недоволно наталитет.
Нема да има повеќе верски обреди, минимален или никаков број на верници во храмовите
Поголема слобода на изразување
 
Последно уредено:
Сите теории ми имаат онака предиспозиции за можно реализирање во одреден дел, но исто така имаат и "дупки" (нелогичности), тези за можни сценарија за кои јас лично не верувам да се десат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom