Добра тема, малку ја читав. Скопје е ептем добра инвестиција.
Еве ја математиката. Дете да го пуштиш на студии во Скопје мораш немаш некој голем избор. Тоа е 5години х 12 месеце х 150 евра да речеме кирија за нешто културно, а скромно = 10 000 eвра. Ако имаш две деца тоа е 20 000 евра. Додај уште малку тоа е една солидна гарсоњера или еднособен стан. Ако останатиот дел од времето го издаваш станот сам ти се исплаќа. Башка што не го пушташ дете да зе зафркава по домови по кирии со секакви цимери. Тоа е бесценето.
Крај краева факт е дека децата на крај и ќе ти живеат во Скопје после студии што уште повеќе ја зголемува атрактивноста.
Не знам како некои што коментирале во темава си ги замислуваат малите градови, ама мртви се начисто, селењето во Скопје ќе продолжи и тоа како. Додека има кој да се сели разбира се. На пример селењето село град е одамна завршено пошо во селата и онака не живее никој повеќе.
Во помалите градови нема ништо, нема работа како прво. Во слободно време едно игралиште за фудбал без деца и два кафиќи, тоа е се. Зона сумрака.
Сите што ги познавам што отидоа во Скопје чуда направија во споредба со тие што останаа. Луѓе знам што немале ни врски ни ништо сеа имаат работни места што во помал град можеле да ги сонуваат. Еден братучед ни врски ни ништо, не беше ни некој којзнае каков ученик во банка се вработи во Скопје. Ова само како пример, еден куп ги познавам кој архитект, кој правник кај адвокати. Не знам како е тоа вреднувано во Скопје ама во помал град само да спомнеш банка или адвокат и Скопје во иста реченица мислат Господ си лично и персонално.
Се додека и последниот Македонец од внатрешноста не купи барем гарсоњера во Скопје цените ќе растат пошо потребите и исплативоста како што напишав погоре се огромни.