Spored mene losata reputacija Alfa ja stekna so postarite benzinski motori, a mozebi najmnogu so Twin Spark serijata, tie motori imaa problemi so bukvalno sve i svasta, zaradi toa denes e prava retkost da se najde Alfa so Twin Spark motor vo vozna sostojba, a od druga strana ima dosta 156ki 1.9 JTD koi seuste se vozat iako se preku 20 godini stari. Neka se inati koj saka, ama fakt e deka 1.9 JTD/M so 8 ventili i 2.0 HDI so 90ks se ubedlivo najizdrzlivi motori do 2000 kubika, za razlika od precenetite TDI nemaat problemi so Bosch pumpi, trosenje bregasti, pukanje glavi i red drugi sranja. Interesna rabota e sto na primer 1.9 JTD so 105ks ima turbina so fiksna geometrija, dodeka 1.9 TDI PD so 90/101/105ks site imaat varijabilni turbini, em poskapi i pozahtevni za remont em poslabi performansi vadat. Da, prednicata im e slaba strana na 147/156 ama ima i mnogu drugi koli od drugi marki koi imaat takov tip na prednica pa ne vidov tolku da se jadat bubrezi za tie koli.
Лошата репутација Алфа ја стекна и со катастрофалните проблеми со рѓосување кој ги имаше во 1970-тите и рани 80-ти. Баш поради ова на запад угледот им падна многу и од марка која имаше огромен респект поради тркачко искуство и успеси стана нешто за кое почнаа да се редат вицеви.
Али тоа со рѓосувањето не држи вода одамна, зошто уште во рани 90-ти го средија проблемот со рѓа и заедно со пежо цитроен и фиат стана една од првите марки кај кои шасијата се поцинкуваше.
За тди митот излезе од времето на голф кец и двојка кога 99 % од Југословените немаа видено и возено подобра кола од застава и лада и слични на нив кршеви...и да голфот беше подобар од Југо, јак успех, југо што е една кола солидна да не зборам.
Исто дизелите што ги имаше во голф 1, 2 и 3 без проблем одеа на тогашната “црвена нафта“ која беше позната како дизел д2...кој тогаш кошташе скоро ич пари...али пак сите дизели од тоа време тоа го можеа...проблем беше што југословенчето немаше лесен достап до други западни коли освен голф и опел кој се составуваа во Сараево и Кикинда...и од тоа остана митот, подобри од југо и лада се...значи врв коли.
Денешните тди врска немаат со тие од тоа време...пробај вози чисто се сомневам дека може да склопиш 50к километра без посериозен дефект (замаец, турбо, дизни, егр, брегаста, итн.)