- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.507
- Поени од реакции
- 8.196
Многу потценета серија со чуден концепт, edgy хумор.За мераклии на добра кринџ комедија во оваа прилика би ја препорачал Peep Show, иако сум свесен дека таквите ја имаат изгледано многу веројатно.
Во кратки црти, POV формат низ згодите и незгодите на двајца цимери од кои едниот е добри ситуиран ама социјално несоодветен или неспособен, не го знам точно терминот ама верувајте ми дека сите знаеме по еден таков, другиот е ленштина безработна што прежива на грбот на првиот со тоа што е малце социјално поприкладен.
Тука се додаваат и внатрешни монолози во real time на главните ликови што ја прават уште поинтересна работата и одлично изградени споредни ликови. Кога ќе зацапа човек во серијава, после одредено време не знае што е смешно што е тажно. Не е за фанови на Френдс или Биг Бенг или Каса де Папел . Треба да имаш облак во душата за да се смееш на ова.
Одлична. Ја препорачувам скроз.
Веќе кога сме кај Британски 2000’ѕ серии и Shameless вреди да се спомне, солидна серија, не како првата, но пак е скроз кул.