T
Torchyrus
Гостин
Денеска во разговор со другар, ми напомена дека ќе пости, а постот почнува од 28ми месецов.
Не го прашувам дали е верник, колкав верник е и слично бидејќи тоа е негова работа. Истото се работи и со темава, би сакал да се дискутира само од аспект на прехраната, за време на постите, а нормално и после тоа. Не мора да значи дека треба да се пости само тогаш.
Во темата "Што готвите во моментов" исто така се разви и дискусија за посен мајонез, може да продолжи тука, да беше Шумеча да виде колку оф топик имаме отидено таму, ќе и се крене косата : )))
Моите имаат правено многу одамна посен мајонез, ама ја не знам како оди тоа.
Омилено посно јадење ми е посна сарма.
Слободно споделувајте дали постите, како ви се допаѓа таа храна, кое ви е омилено посно јадење и слично.
На толку многу јадење месо изминатиов период, јас ќе се обидам да постам, па така од мене очекувајте посна храна периодот што следува.

,,,
Инаку постам во петок, три дена за слава и пред Велигден и секако строгите пости. Сакам да фатам еден пост, ама пред Велигден ми се паѓа секогаш роденден, а за нова година не можам да постам. И супер е да се пости, да го исчистиме телото...

).