Стварно си упорен, ама џабе е сто пати иста работа да повториш, кога и првиот пат не си во право. За цело време на пандемијава, нон-стоп има доброволци кои самостојно се пријавуваат и веќе по 3-4 циклуси имаат поминато во ковид центрите. Уште од Дебар, првата екипа која влезе во дувлото беа волонтери, еве ти едно име, д-р Вангел Нeчевски, се пријави, доби дозвола од својот директор да го напушти своето работно место, и да оди во Дебар. Знам уште многу колеги кои потоа слично постапија. Еден од нив во моментов е во ковид центарот во нефрологија, 4ти пат му е сега во ковид центрите во Скопје, интернист од Ресен. Треба реклама да направат за ти да ги дознаеш?
Се пријавија доброволно да бидат ангажирани и оние доктори кои сега скоро се стекнале со лиценци. Единствени невработени доктори кои фигурираат во завод, се само приватните специјализанти, кои доброволно се ставија на располагање. Така да, тресеш бесмислици цело време.
Пандемија е, огромен предизвик, во нашава професија вакви моменти се шанса за себеостварување, за подвизи, за авантура. Не си свесен дека докторите се максимално амбициозни луѓе, со огромно его и суета, со високи лични цели. Хуманоста е во сржта на професијата, на дејноста, но мотивите се секогаш лични, и фала богу што е така, Леброн Џејмс не е најдобар зошто сака да му помогне на тимот, туку зошто е најдобар на теренот, а кога лично ќе се надградиш, тогаш и тимот просперира.
Сега и во тенџерето со манџа ќе им се мешаш? Земаат 26000, ама плаќаат околу 100000 годишно за специјализацијата, плус 60000 за предавања, плус 60000 за специјалистички испит. Книги, храна, превоз, смештај итн. не се ни битни. Станува збор за 30 годишни доктори, повеќето веќе во брак, со деца. Лекуваат луѓе, а самите немаат право на лекување. И тебе ти е тоа во ред. Ау, како ли само не се мразиш себеси кога ќе се погледнеш во огледало. Страшна фрустрација, мизерна.