Прегледај го приврзокот 275724
а дали примети дека има додаток на Витамин К2? ако при инфицирање со SARS-CoV-2 се зголемува токму тој фактор на коагулација со високи вредности и можност за создавање на тромб (лаб.испитување на д-димери високи вредности), а Вит К токму спротивен ефект се индицира при хеморагии (крварења) да се коагулира крвта? знаеш каков проблем ќе си можел да направиш, што мислиш?
... после колку години се сетивме ова околу исхрана и сонце дека не е доволно, до сега како опстанувавме без суплименти со Вит Д3? ова сега поради коронавирус еуфорија за високи дози на Вит Д3 кој се применувал оправдано само и само против рахитис и остеопороза и ништо друго, а се уште има одбивност на многу медицински лица да ја разгледат причината на појава на дијабетес, покачен крвен притисок, хипо/хипертиреоза (ендокрини болести) токму поради недостаток на Вит Д3 во организмот?
Прегледај го приврзокот 275729
...колку лабораториски анализи се прават за негово докажување дали е во недостаток (дефицит) или во вишок (суфицит), вишок на Вит Д3 влече и калциферација во телото посебно во бубрегот (hypercalcemia,hypercalciuria) па преку ноќ кога ќе се создадат ренални камчиња да не се чудиме, или ако некој пие терапија за срце (гликозиди) со Витамин Д3 можни се појава на аритмии, не е само така земи пиј нема гајле,
Прегледај го приврзокот 275731
- примена на суплименти со Вит Д3 - Да! ама под контрола колку, кога и за кого!
Па види вака пратејки ги студијте во светот оддамна се збори за важноста на витамин д, тоа што вчера стигнало кај нас незначи дека порано не постоело. Си има докажано во колкава доза е безбедно.