Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Е па еве да ти кажам една тајна. Правник со положен правосуден(маж од моја прва братучетка) кај битолски нотар работеше 3-4 години за 250 евра. Па види ти сега каква е состојбата во државава.
Ама зошто упорно ми ги ставаш правниците во уста?
Темава е корона вирусот и медицинскиот персонал. За тоа дискутирав.

Срамота е за сите! Правници, електричари, доктори, економисти! Не може некој со високо образование да биде помалку платен од некој со средно образование. Хиреархија мора да има. Трудот мора да се вреднува.
 
Јас не омаловажувам ниту една професија. Конкретниот муабет беше за доктори и медицински персонал, а не за правници. Дали правниците, адвокатите и судиите, треба да работат за беспари? Не. Епа исто и со докториве.

Зошто се бунат? Се бунат заради тоа што 30 години треба да работат за да си ги отплатат долговите за своите студии, за на крај некој да им рече дека немаат право на тоа, затоа што работат од хуманост.

Еве, гледај за што зборувам. Доктор по медицина 12 000 денари плата. Чистачка 14 000 денари. Па добро, дали е тоа нормално? Еве кажете ми во која друга држава го има тоа?

Прегледај го приврзокот 275657
Одлив на кадри ,недостиг на работна сила да се запрашаме колку Македонци се заминати во последните 10-20 години ,
 
Ама зошто упорно ми ги ставаш правниците во уста?
Темава е корона вирусот и медицинскиот персонал. За тоа дискутирав.

Срамота е за сите! Правници, електричари, доктори, економисти! Не може некој со високо образование да биде помалку платен од некој со средно образование. Хиреархија мора да има. Трудот мора да се вреднува.
Па вреднат им е на докторите, ама тие хистеришаат дека се најобесправени, кога уствари со мала анализа на пазарот на трудот испаѓаат дека се како бубрег во лој. Ем најплатени, ем никој не ги брка од работа заради куропецање.
 
Ама зошто упорно ми ги ставаш правниците во уста?
Темава е корона вирусот и медицинскиот персонал. За тоа дискутирав.

Срамота е за сите! Правници, електричари, доктори, економисти! Не може некој со високо образование да биде помалку платен од некој со средно образование. Хиреархија мора да има. Трудот мора да се вреднува.

Си се вреднува трудот, правници има мал милион, водоводџии на рака се бројат. За жал си остана тоа учи да не работиш и факултет студирање по секоја цена.
 
Ама зошто упорно ми ги ставаш правниците во уста?
Темава е корона вирусот и медицинскиот персонал. За тоа дискутирав.

Срамота е за сите! Правници, електричари, доктори, економисти! Не може некој со високо образование да биде помалку платен од некој со средно образование. Хиреархија мора да има. Трудот мора да се вреднува.
Не се согласувам со ова твое излагање, секој со свои заслуги и затоа трудот се плаќа по заслуга ,помина девизата учи за да не работиш
 
Треба да се воведе правило на темава за секое споменување на професорот Вело бан по 1 недела. Професорот Вело е излапена будала, срам е за државава. Какви глупоси изнатреска професорот Вело, чудно е како не почина досега од простотилук.
И да, исто викаше дека немало да има есенски бран, како што викаше дека во Шведска умрено било вирусот и како што викаше дека на автопат го бркале некои со фантомки. Типот е изгубен во свемирот. Веројатно излапел, немам појма.
Значи три недели бан? :)
Ajde Nako prefrli se sega malku na sudiite I nivnata humanost, oti jajcava ni gi otece na site:mad:
Зарем и тебе?
 
Сите знаеме дека здравството не ни цвета ама заради и тој некој процент што чесно и совесно си ја врши работата не е коректно да се глобализира.
Темата е корона и малце се оддалечивте од муабетот...
 
:sick:

Требало ваква да има изгледа

british_model_shows_how_to_eat.jpeg
 
...ги мешате професиите споредбено со различни работни места на истите, дали во државна или приватна институција,
... медицинско лице со завршено високо образование (ги опфаќам сите профили) ако се вработи во примарно здравство кое приватно зема еден платен износ, исто како и правникот вработен кај нотар кој исто е приватник, истите медицински лица ако работат во јавно државно здравство земаат друг износ на плата според склучениот колективен договор за исплата, така и истиот правник да не работи кај нотар туку во судство како државна институција ќе зема друг износ на плата... и на крај тие медицински лица ако работат во еминентни приватни клиники и болници ќе земаат највисок платен износ слично кога истиот тој правник со положен правосуден испит не би работел ни кај приватниот нотар, ниту во обично основно државно судство, туку би работел во Уставен суд или некое С.Ј.О.
... секој се снаоѓа на различен начин да дојде до пари и све е оправдано кога рибата смрди од глава, таму треба да се пресече да биде пример за све друго во позадина ќе се среди по домино систем,
... пример,
споменатиот болнички вратар кој под претпоставка барал сума од 500 ден за пренос на вода до болничка соба, прашање, зошто ништо не се случи, да речеме дисциплински мерки или кривично да одговара, ниту прв ниту последен, ама чик, нека го затворат па има да пропее све кој колку земал од хигиеничарка па се до директорот и тоа неспоредливи парични разлики ќе ризикува некој ? зошто вратарот не би јадел бурек со ,,дај 500ден, да прекршам правило и да пуштам шише вода,, кога истиот тој што носи вода во другиот најлон носи и доручек, а во џебот плико, ама тоа не го кажува... кажува само за ,,ситна риба,, што побара 500 ден, е па додека не ги пријавуваме таму каде иде другиот најлон и плико така ќе биде... и не само во здравство каде е најосетливо, туку и на сите други места каде ,,смрди од глава,,... е тоа е македонски синдром!
Сите знаеме дека здравството не ни цвета ама заради и тој некој процент што чесно и совесно си ја врши работата не е коректно да се глобализира.
Темата е корона и малце се оддалечивте од муабетот...
... ама судството саде пупки со ниеден цвет, :facepalm:
 
Ама зошто упорно ми ги ставаш правниците во уста?
Темава е корона вирусот и медицинскиот персонал. За тоа дискутирав.

Срамота е за сите! Правници, електричари, доктори, економисти! Не може некој со високо образование да биде помалку платен од некој со средно образование. Хиреархија мора да има. Трудот мора да се вреднува.
Затоа што медицинарите највише галамат. И трудот се вреднува не се секирај, искусните доктори си го имаат убаво наплатено трудот, многу повеќе од останатите професии. И ја сум почнал со 12000, не мора да се паѓа у несвест ради тоа. Никој не те тера тоа да го работиш место хигиеничарка, работиш зашто во иднина ќе земаш 10 пати поише од нејзе.
 
И ти мислиш дека така тоа треба да биде?! Без разлика еве, со што и да се занимаваш. Си завршил високо образование и сметаш дека е во ред да почнеш со плата пониска од некој што е со средно образование? Сметаш дека е океј?

Јасно ми е дека мора од некаде да почнеш, ама не ми е јасно како може да глумиме ноншалатност и да прифаќаме таква деградација.

Пак ќе кажам, не потценувам и не омаловажувам ничија професија. Ама мора да постои некое ниво! Зошто си учел ако тоа не се вреднува?
 
Последно уредено од модератор:
Епа токму тоа де. Вие сметате дека докторите и другиот медицински персонал треба да работи бесплатно, само заради фактот хуманост. А медицинскиот персонал бара само пристојна егзистенција.

Студирањето медицина е најмалку 6 години (околу 6 илјади евра школарина), ами книгите? Не зборувам за скрипти од по 100-200 страни, туку книги од 800-1000 страни. Потоа државен испит за лиценца (500 евра). Ами специјализација? 9 600 евра за четири години, до 13 600 евра за шест години во хируршки гранки, односно 3 300 евра за три години, до 11 200 евра за шест години во нехируршки гранки.

И зошто? Немаат статус на вработени лица, не им тече работен стаж, немаат здравствено и пензиско осигурување.

Дали студирањето медицина треба да биде привилегија на богатите?

Мора да се направи целосен ресет на оваа дисторзија на општествените вредности. И мора да се регулира и кој се завршува за да биде доктор или медицинско лице, за да нема такви испади како погоре.
Види вака на интернет секакви примитивци, битанги и партиски ботови пишуваат што сакаат.
Од друга страна човек треба да знае да си ги бира битките. Според мене да се биде лекар во Македонија не вреди, реално не вреди, не е битка во која може човек да победи вака фигуративно кажано. Кој може со учење да заврши медицина може и информатика затоа попаметно му е да си биди програмер или слично нешто. Вреди да се биде лекар во Македонија само под услов да ти е загарантирана работа во некоја добро разработена приватна установа... А такви дали се 10% од работните места. За останатите несреќници кои го имале тој баксуз во животот да станат лекар со учење во Македонија и македонски услови мојот совет е што побрзо да си научат дали Германски, дали да полоожат УСМЛЕ дали да одат Австралија сеедно. Во Македонија додека сте живи нема да видите сатисфакција од работата и животот.

Македонија одамна е отидена во неповрат во врска со здравството. Не е нормална ситуација. Вреднувањето на трудот е произволно и нема врска со пазарни сили или реално со тежина на работата или образованието или учењето, способностите или трудот на поединецот кој ја работи работата. Битангите на битни позиции имаат за цел, да го натераат човек ако може да плати за да работи. Исто како оние робовладетелите по фабриките. Тоа им е цел. Не сфаќаат дека долгорочно им штети таквиот пристап, немаат етика, морални вредности, ништо. Нив ги интересира нивниот џеб. Мавни укради и бегај.

Солидни држави го третираат здравството како инвестиција, особено примарното. И инвестираат, во цигли, опрема, образование, кадар, го плаќаат кадарот за да не им бега. Народот плаќа осигурање или даноци и е задоволен затоа што знае дека во ситуација на не дај боже ќе добие солидна услуга, без врски, мита или плаќања. Македонија од распадот на Југославија па натака нема активна политика на инвестиции. Приватните болници немаше никогаш да постојат да имавме како што треба државни установи. И пред тоа исто беше проблематично се, болниците никогаш не беа како што треба, никогаш немаше инвестиции, а меѓу докторите имаше големи митаџии, резил за професијата.

Секаде во нормални држави најдобрите ученици студираат медицина како најтешки студии со најтешки критериуми за примање на тие факултети и имаат нешто повисоки плати од другите гранки. Не се богаташи ама во просек имаат 3 пати повисока плата од просечната во конкретната држава што им овозможува комотен и лагоден живот, а од друга страна не те става во ситуација да си во оној 1% од општеството значи не си некој богаташ голем. Во УСА на пример имаат интересна ситуација последниве две три години ако гледаш нју градуејтс значи ново завршени спецјалисти на пример спецјалистите по семејна медицина имаат иста дури и повисока плата него специјалистите по кардиохирургија плус бенефиции им ги плаќаат кредитите од студии, им нудат стан, стипендии свашта. Во држава како Македонија тоа нешто е незамисливо. Сега во нормални држави е мода одат по примерот на англискиот Џи Пи.

Само во Македонија е мода да се оди приватно и да се распрашува човек дали овој е добар, да не му заебе нешто.
 
Само што си дојдов во РМ, треба ли да бидам во самоизолација има ли некоја нова мерка за тоа, на граница ништо не ми кажаа. Тука имам член од фамилија кој е позитивен но веќе 5 дена е во болница.
 
WHO COVID envoy warns of third wave in Europe in 2021 – POLITICO :angel:

Наместо да предупредуваат, зошто на пример не кажат еве следете ја Кина, видете како успешно се справија со коронавиусот. :)
А четвртиот бран за кога е закажан? Кај нас типувам дека ќе одиме на 6-7 бранови во наредните 3 години.. :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom