Декриминализација на марихуаната во Македонија

Дали е добар потег да се легализира рекреативното конзумирање на марихуаната?

  • Да.

    Гласови: 47 63,5%
  • Не.

    Гласови: 17 23,0%
  • Можеби.

    Гласови: 10 13,5%

  • Вкупно гласачи
    74
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Тоа ќе биде точно како што си го напишал. Јас ти ја разбирам поентата, само наивно е да мислиш дека овој закон се носи поради вакви или онакви причини... само еден збор - бизнис. Монопол официјално нема да има, тие што сакаат да користат ќе имаат илузија на избор. Мала група олигарси ќе произведуваат, продаваат, и по потреба ќе апсат.

@Botko, имаш доста валидни аргументи ама и погрешни аналогии. Јас не се секирам дека моето дете ќе стане хомосексуалец затоа што се хомосексуалноста е легална, бидејќу тука е природата во прашање. Но секако дека се секирам кога 15-16 годишни копиљаци пушат трева зад училиште и им прават peer pressure на врсниците да пробаат. Тука природата нема да го заштити детето, а во многу случаи ни домашното воспитување нема да е многу од корист.

Сега, ако родителот е кул со тоа детето да му пуши трева или цигари, тогаш секако нема да има мака, но сигурен сум дека повеќето родители нема да се пресреќни.

Дали сакаме децата да ни растат во здрава средина или во средина во која е во ред да се пуши во затворени простории и да се дила трева?
Ради тоа спомнав дека тоа со хомосексуалноста е различен пример, аналогијата беше повлечена за тоа што родителот мисли дека е добро за своето дете, не значи нужно и дека е.

Околу тоа што тинејџери пушат цигари и грас, назначив дека во систем кадешто марихуаната е легална, тоа ќе биде регулирано со закони (18+) како што е сега за цигарите. Грас не е арен за деца, има студии за ова.
Дилањето е проблем и во земји кадешто грасот е легален, а и во земји кадешто не е, проблем со кој се соочува законот. Дилањето на црно е проблем поради сумњивоста на квалитетот на гането и можноста тинејџерите со недоволно созреан централен нервен систем да конзумираат срања.
У држава у која марихуаната е декриминализирана, таа ќе биде достапна за личности кои се 18+ и со проверен квалитет.

Јас лично, според моите сознанија за медицината и моето искуство иам, за повеќето, неконвенционални принципи за тоа што мислам дека е океј да прават моите деца. Конкретно околу проблематиката со психоактивни супстанции и други зависности:
-Не би бил среќен ако се коцкаат било кога у животот (сум имал фрки со ова еден период од животот, да не мислиш дека сум пристрасен).
-Не би бил среќен ако пушат било кога во животот (ја сум пушач, да не мислиш дека сум пристрасен).
-Би бил среќен ако пијат умерено или не пијат воопшто после 18 год. (и со ова сум главел).
-Би бил среќен ако пушат грас умерено или не пушат после 21 год.
-Не би ми сметало ако повремено пробаат кока/амфа, но на поретки настани и со добра едукација што се предности и недостатоци, откако ќе напунат 21 год. Апроксимативно, помалку од 5 пути годишно.
- Хорс, крек, секако, се подразбира што мислам за тие говна...
- МДМА е океј да зимаат у терапевтски или лабав контекст, после 21 год., максимум 100 mg на 6 недели (глеј колку сум прецизен! :D ) пошто МДМА има терапевтски бенефити за здравјето у тие дози и на таков начин, а нивото на стварање зависност ѝ е мало.
-Би ги окуражувал повремено да зимаат психоделици после 18 год. ако сакаат. Впрочем за ова иам пишувано научен труд и ова се психоактивни супстанции кои корелираат обратно со инциденцата на ментални болести (што поише ги праиш, помала шанса имаш да имаш психолошки растројства), секако, земени у правилни дози и обратно корелираат со зависност (што поише ги праиш, помалку сакаш). Воопшто не се невротоксични во умерени дози (има некои групи што се, ама познативе не). На некои луѓе не им пријаат, секако, така да тоа е личен вкус. Нажалост, има мн. негативни митови за овие ствари што тек сеа се разбиваат у науката. ФДА, на пример, дозволи печурки да се тестираат и користат за терапија и ги стаи у класа 3 на дроги, наместо класа 1.

Веруем дека за ова што го пишав, повеќето ќе речат дека сум мрднат, ама кој ги ебе повеќето, веруем дека моите позиции ги базирам на добри аргументи, академски знаења и солидно лично искуство. :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
наивно е да мислиш дека овој закон се носи поради вакви или онакви причини... само еден збор - бизнис.
Неколку фирми започнаа да одгледуваат марихуана легално, имаше и странци меѓу нив, но не се донесе закон да може да го продадат производот легално во странство, а во МК е заситен пазарот кај фармацевтите, и лани се испозатворија некои од фирмите, од прва рака чув дека по фрижидери ја чуваат марихуаната и чекаат откуп, а квалитетот опаѓа со време. Снемаа математика од одгледување марихуана, кога не смеат да ја извезат и да си го наплатат вложеното и трудот. Сигурно и Заев го има истиот проблем, па еве си нашол начин да ја продаде.
Сигурно поразговарал со други, и сфатил дека за донесување закон за продажба на марихуаната во странство ќе има поголем отпор, отколку ова што го предлага. Само бизнис е ова, како што кажува Io Sono Interista.
Дозволете сите да си садат по дома.
Тоа нема да се случи :)
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.488
Поени од реакции
4.324
Страна поназад пиша дека заради алкохолот ние не сме сунетисани. Како тогаш имаме комшии кои се сунетисани и покрај тоа што конзумирале алкохол?
Травата им била помила.....тоа е поентата...
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.298
Поени од реакции
13.184
,,,i so benilot e isto i so operilot i so marihuanata , ili ti bilo voocheno deka i so kapkite za nos nema igrachka oti pochnuvash naesen a zavrshuvash na prolet , ili sam na svoja raka si prodolzhil da gi zimash , i vo dvata sluchaevi ti si toj shto si reshil da postapuvash taka,,,
,,,a okolu sekojdnevieti/opshtestvoto ako ti kaže ili promovira frlanje od karpa dali bi go storil toa,,,
Да ги знам сите нус појави,али тоа е,неможам да дишам без да капнам во нос,и ма своја рака ги зимам.Како мал страдав од крајници и ларенгит,многу.А сега имам проблеми со аденоиди,искривена преграда,воспалителни отоци во носот.Треба операција,а мене ми е страв,и тоа е тоа.Нејсе.
Општеството...мислев тешко бреме е нависнато над луѓето во Македонија,и затоа младите се повеќе се склони кон девијации.
Кај мене у мало,крш беше,до 2002/3 едно игралиште немавме,ни пољанка.Лето се бањавме у Вардар,зимо трева пушевме.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Се гледа дека одмна не си бил млад, без навреда :) Толку многу се пуши кај младите, што е полесно да се бројат оние кои не пушат.Законот може само да им помогне да пушат нешто поквалитетно и проверено, за разлика од прсканиците што ги вртат денес.
За другото колку и да си прав, џабе е се кога имаш општество склоно кон самоуништување и барање брзи начини или скратени патчиња за се.Полесно и поинтересно е да пасува во парк отколку да си го потиш газот на тренинзи или да згрееш столче во читална (патем има доста и ученици што се редовни дегустатори ако веруваш).
Aргументот за квалитет како за чипсот. Тоа што чипсот е легален не го прави помалку или повеќе штетен. Чипс е чипс, каков сака нека е запушува артерии. Е сега некои рекламираат чипс со помалку маснотии и што? Место во 10 ќе ти ги запуши артериите во 9,5 години. Голема придобивка.
Исто и со мара. Предизвикува шизофренија во голем процент особено ако се пуши пред 25. година старост. За другите поблаги ефекти од типот на мрзливост, лузерство, клошањере, криминал и отворање на патот до други дроги да не зборуваме. Значи дали е квалитетно или не пак е штетно многу.

Инаку ти верувам дека има доста ученици и млади кои експериментираат со дроги. И во мое време имаше, имавме и ние кладилници, пијанчења и слично. Проблемот е што еден дел од нив станаа пропалитети и проблем за општеството. Трошок на оние кои не сме тоа. Колку повеќе има пушење трева толку повеќе наркомани и пропалитети по број. Не се знае кој од нив ќе е пропалитетот.

Точно е дека долго не сум бил млад. Ама има работи кои можеби млад човек не ги видел, а јас сум ги видел со свои очи.
Еве конкретен пример ќе ти дадам од време на студии. Имав колега во група одвреме навреме пафкаше марихуана. Супер студент на тежок факултет. Прва и втора година супер ги помина. Прво пафкаше по малку да се опишти. Ќе речеш еј чим тој може да е супер студент можат и други. Дури и на испити се сеќавам доаѓаше напушен и ги полагаше успешно. Ама!!! Во трета година почна одвреме навреме да доаѓа и на вежби напушен. После тоа се изгубивме не се сеќавам што и како знам падна година. Си викаш ваљда една година ништо страшно не е. Е после некое време го среќавам дечкото на улица не можев да го препознаам во што се променил, он ме позна ме поздрави јас никогаш немаше да го препознаам. Исушен, лошо облечен. Му викам како си каде си се изгубивме? Па вика заглавив на факултет не го завршив сеа во една фабрика одам. За тоа дали уште конзумира мара не го прашав, ми беше јасно се...Му понудив дури и да му помогнам да го заврши факултетот, чисто за стари денови од другарство. Имав дома уште книги работи познавав луѓе на факултетот ќе му помогнев пак да се вклучи. Му дадов контакт, рече обавезно ќе ти се јавам. Еве години се поминати повеќе не се сретнавме, не верувам дека го завршил.

Еден друг слична приказна со алкохол имаше. Муабетот ми е да не се почне воопшто оти кога ќе почне човек е само прашање на време и судбина. Не е повеќе во ничија моќ спречувањето последици отпосле.

Затоа маријуаната мора де е криминализирана и строго казнувањето за да е што потешко и поризично да што помалку млади посегнуваат по тоа.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.298
Поени од реакции
13.184
Zosto sekoj tret da pusi?
Затоа шо им е убаво
Автоматски споено мислење:

Ти изгледа како млада не ти давале од дома да излезеш па затоа сега си ко изгорена тука на форумов и не можеш да се контролираш па тресеш глупости.
Млади луѓе, што да прават ако не секс, дрога, алкохол? Ако не да везат гоблени со баба им?
А и ми спомнуваш сексање во ходник, па уште срамота голема лелелејјјјј. Срамота е се што изнапиша жена како тебе во 8000+ коментари, а не млади што решиле да уживаат малце во своите години.
Батали друже,со нејзе нема разбирање...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.350
Поени од реакции
10.247
Ти изгледа како млада не ти давале од дома да излезеш па затоа сега си ко изгорена тука на форумов и не можеш да се контролираш па тресеш глупости.
Млади луѓе, што да прават ако не секс, дрога, алкохол? Ако не да везат гоблени со баба им?
А и ми спомнуваш сексање во ходник, па уште срамота голема лелелејјјјј. Срамота е се што изнапиша жена како тебе во 8000+ коментари, а не млади што решиле да уживаат малце во своите години.
Seks, droga, alkohol, seks, bilo za mladi luge!?
Ti Ili si narkomani Ili nemas popametna rabota u zivotot.
Mojata mladost pomina kako sto treba, vo uzivanje, zabavi, setanje, ucenje, zdrav razum, cista sovest, seksanje bez opasnost nekoj da te gleda Ili slusa....a sega ke visam na forum...sto toa tebe ti preci...I ke se bunam protiv takvi kako tebe sto davas pogresni soveti.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.759
Поени од реакции
5.035
Многу слушате за фирми,бизниси и од прва рака ....а уствари ништо не знаете.

Затоа има луѓе кои се специјализирани за тоа од различни сфери,веќе работат и знаат што прават.

Не се грижете до толку.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Ради тоа спомнав дека тоа со хомосексуалноста е различен пример, аналогијата беше повлечена за тоа што родителот мисли дека е добро за своето дете, не значи нужно и дека е.

Околу тоа што тинејџери пушат цигари и грас, назначив дека во систем кадешто марихуаната е легална, тоа ќе биде регулирано со закони (18+) како што е сега за цигарите. Грас не е арен за деца, има студии за ова.
Дилањето е проблем и во земји кадешто грасот е легален, а и во земји кадешто не е, проблем со кој се соочува законот. Дилањето на црно е проблем поради сумњивоста на квалитетот на гането и можноста тинејџерите со недоволно созреан централен нервен систем да конзумираат срања.
У држава у која марихуаната е декриминализирана, таа ќе биде достапна за личности кои се 18+ и со проверен квалитет.

Јас лично, според моите сознанија за медицината и моето искуство иам, за повеќето, неконвенционални принципи за тоа што мислам дека е океј да прават моите деца. Конкретно околу проблематиката со психоактивни супстанции и други зависности:
-Не би бил среќен ако се коцкаат било кога у животот (сум имал фрки со ова еден период од животот, да не мислиш дека сум пристрасен).
-Не би бил среќен ако пушат било кога во животот (ја сум пушач, да не мислиш дека сум пристрасен).
-Би бил среќен ако пијат умерено или не пијат воопшто после 18 год. (и со ова сум главел).
-Би бил среќен ако пушат грас умерено или не пушат после 21 год.
-Не би ми сметало ако повремено пробаат кока/амфа, но на поретки настани и со добра едукација што се предности и недостатоци, откако ќе напунат 21 год. Апроксимативно, помалку од 5 пути годишно.
- Хорс, крек, секако, се подразбира што мислам за тие говна...
- МДМА е океј да зимаат у терапевтски или лабав контекст, после 21 год., максимум 100 mg на 6 недели (глеј колку сум прецизен! :D ) пошто МДМА има терапевтски бенефити за здравјето у тие дози и на таков начин, а нивото на стварање зависност ѝ е мало.
-Би ги окуражувал повремено да зимаат психоделици после 18 год. ако сакаат. Впрочем за ова иам пишувано научен труд и ова се психоактивни супстанции кои корелираат обратно со инциденцата на ментални болести (што поише ги праиш, помала шанса имаш да имаш психолошки растројства), секако, земени у правилни дози и обратно корелираат со зависност (што поише ги праиш, помалку сакаш). Воопшто не се невротоксични во умерени дози (има некои групи што се, ама познативе не). На некои луѓе не им пријаат, секако, така да тоа е личен вкус. Нажалост, има мн. негативни митови за овие ствари што тек сеа се разбиваат у науката. ФДА, на пример, дозволи печурки да се тестираат и користат за терапија и ги стаи у класа 3 на дроги, наместо класа 1.

Веруем дека за ова што го пишав, повеќето ќе речат дека сум мрднат, ама кој ги ебе повеќето, веруем дека моите позиции ги базирам на добри аргументи, академски знаења и солидно лично искуство. :D
Се е во ред со тоа дека во ограничени количини таа и таа работа не е штетна, и јас те разбирам дека ти би бил среќен ако твоите деца го прават тоа во границите кои ги постави... ама проблемот е што не зависи многу од тебе во кои граници тие ќе ги користат супстанците. Проблемот овде е што општеството не ги штити децата од доаѓање во допир со тие супстанци, туку сега почна и да ги промовира.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.644
Поени од реакции
31.526
Многу слушате за фирми,бизниси и од прва рака ....а уствари ништо не знаете.

Затоа има луѓе кои се специјализирани за тоа од различни сфери,веќе работат и знаат што прават.

Не се грижете до толку.
,,,znachi li ovoa deka ti ne se grizhish,,,
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Многу слушате за фирми,бизниси и од прва рака ....а уствари ништо не знаете.
Лани во декември на интервју за работа се сретнав со вработена во фирма за одгледување марихуана, каде странци биле газди, и на чудење на сите зошто бара друга работа, објаснуваше како стојат работите во тој бизнис. Не реков дека знам сè, туку дека од прва рака чув некои работи
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.888
Поени од реакции
23.484
Се е во ред со тоа дека во ограничени количини таа и таа работа не е штетна, и јас те разбирам дека ти би бил среќен ако твоите деца го прават тоа во границите кои ги постави... ама проблемот е што не зависи многу од тебе во кои граници тие ќе ги користат супстанците. Проблемот овде е што општеството не ги штити децата од доаѓање во допир со тие супстанци, туку сега почна и да ги промовира.
Гревота младите. Не биле заштитени од допир со вакви супстанци.
Бев во Амстердам точно пред година, што да ти кажам. Луѓе се пукаат на улица, се сексаат по ходници, слушаат рокенрол и повраќаат.
Вознемируваат комшии кои по цел ден се на форум со миризбата од тоа тревиштата.
Реков никад више каде е легална марихуаната, пропадната генерација а богами и нација. Ние што до сега се имавме под строги закони, сме пример за холанѓаните како треба да се води држава.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.759
Поени од реакции
5.035
,,,znachi li ovoa deka ti ne se grizhish,,,
Не се грижам.Има луѓе кои работат со години на целата проблематика со канабисот во Македонија.
Лани во декември на интервју за работа се сретнав со вработена во фирма за одгледување марихуана, каде странци биле газди, и на чудење на сите зошто бара друга работа, објаснуваше како стојат работите во тој бизнис. Не реков дека знам сè, туку дека од прва рака чув некои работи
Ти верувам.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Гревота младите. Не биле заштитени од допир со вакви супстанци.
Бев во Амстердам точно пред година, што да ти кажам. Луѓе се пукаат на улица, се сексаат по ходници, слушаат рокенрол и повраќаат.
Вознемируваат комшии кои по цел ден се на форум со миризбата од тоа тревиштата.
Реков никад више каде е легална марихуаната, пропадната генерација а богами и нација. Ние што до сега се имавме под строги закони, сме пример за холанѓаните како треба да се води држава.
Абе може секако да го вртиме муабетот. Пример како тоа Европа губи рапидно од Кинезите? Дали е тоа случајно? Дали беше случајно тоа што Југославија беше најдобриот период за живеење на овие простори во цела историја?
Најбитната причина поради која Југославија се издигна од нивото на обична пустелија е тоа што на децата им се овозможи да учат, да се издигнат.
Додека Кинезите си ги вардеа децата и инвестираа во нив, во образование на млади Европејците изиграваа напредни и екпериментираа со секакви пороци. Е сеа цената ќе си ја платат со ропство према Кинезот.

Во врска со Амстердам. Забораваш дека коа си богат можеби и можеш со некој порок некое време да поминеш неказнето, парите ќе те спасат малку. Ама кога си сиромашен секоја најмала грешка те удира по глава. Затоа Македонија мора да е многу построга од Холандија према дрогите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom