Има една работа кај човекот, а тоа е желбата за докажување и посакување на нешто што е туѓо. Ќе зборам од аспект на машкиот род пошо сум машко нормално. Имам многу другари и познаници што се во брак/врска и што редовно си шврљаат на страна. На прашањето поставено од моја страна, ЗОШТО, тие одговараат во 99% од случаите со: Си имам сигурна девојка за озбилно, ова вака на страна си се празнам и си го живеам животот.
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Јас искрено не можам да го разберам ова, можда сум заостанат, прост, старомоден, ама не ми е јасно. Не можам да сфатам да сум со некоја личност 10 години во врска и одеднаш да ми текне да шврљам на страна или пак да ја оставам личноста онака ради реда, без особена причина. Треба да мислат луѓето у такви моменти, 10 години се за некој 1/6 од животот, не е сеедно некој да ти потроши залудно 10 години.(ова ко пример земам со годините за да доловам)
Особено не разбирам луѓе што се женети, со деца со све. Како не им е жал за дечињата, ништо повеќе.
Едноставно е, ако ти се ебе не фаќај девојка/не се жени, или кратко кажано не уништувај живот на друг.
Инаку имам на пример една другарка уште од детство, девојчето едноставно вродено и е да изневерува. Не знам ова како да го објаснам ама како што некој има вроден талент за цртање, оваа има за изневерување. Мислам дека со 1000 души го има изневерено дечко и, што е најтрагично пола свет знае за тоа, могуче е и он да знае, ама ете се уште си тераат така. Пак ќе кажам, ВРОДЕНО и е, таа и да не планира со никој ништо, може онака да си запримети рандом некој лик на кафе/журка/слава/you name it, и ќе си заврши работа самата. Дури и она си признава само што го филува со фразата дека уште е млада и треба да проживее кроз животот.