Снукер

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Од колку е финалето? Само да не се поклопи со Сити-Пул. :(
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Вчера ги гледав околу пола од фрејмовите вклучително и единствениот кој го освои, одамна не сум го видел Трамп толку да греши. Баш сакав финале Трамп-Робертсон како пред три недели на Англиското првенство, но тоа е тоа, се надевам и Ален-Робертсон ќе биде добро финале.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Шампион над шампионите 2020
од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

8 ноември 2020
Седми ден - Финале:

Нил Робертсон 6:10 Марк Ален;

На 34 годишна возраст, Северноирецот Марк Ален за прв пат во својата професионална снукер кариера ја освои титулата Шампион над шампионите, откако во финалето на турнирот Шампион над шампионите 2020 извојува победа над 38 годишниот Австралиец Нил Робертсон со резултат 10:6 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2020/2021 е Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2020, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 16 ноември 2020 до 22 ноември 2020 во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ќе играат 8 фрејмови од 14:00, и после одат на пауза, и остатокот од мечот ќе продолжи од 20:00.
Јас претпоставував дека ќе биде со пауза ама немаше ништо вечерта...
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Јас претпоставував дека ќе биде со пауза ама немаше ништо вечерта...
Се распадна Робо кога веднаш во вечерна сесија не израмни на 5-5 а можеше но при 44-0 за Робо не му се отвори убаво кластерот.
Јас утнав, мислев после 8 фрејмови ќе одат на пауза, сепак после 9 фрејмови правеа пауза, со цел да било сигурно дека некој ќе е во водство затоа на непарни 9 фрејмови одат на пауза.

Ален ги среди тројцата први на ранг листата. Плус има добар меѓусебен скор со тројцата. Често има киксеви со послабо рангираните играчи и затоа е тука каде е во кариера, можел и подобро.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Прати некој северноиpскиов оупн? Ве нема да пишете. Рони моментлано игра против друг противник денеска, втор фрејм се игра. :D

North Ireland Open.

1/8 финале

Трамп 4:1 Гоулд
Саенфкам 2:4 Доналдсон
Холт 3:4 Грејс
Јан 4:3 Ксинтонг
Вуластон 2:4 Картер
Фигуеиредо 1:4 Мафин
Хигинс 1:4 Динг
О' Саливен 4:2 Ун-Нух

1/4 финале (20 Ноември, петок)

Се игра на девет добиени фрејма, паровите се:
Трамп - Доналдсон
Грејс - Јан
Картер - Мафин
О' Саливен - Динг
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Северноирско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 19 ноември 2020 до 22 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

19 ноември 2020
Прв ден - 16-на финале;

Енди Хикс 3:4 Мартин Гоулд;
Нопон Саенгкам 4:0 Стифен Мегваер;
Кајрен Вилсон 2:4 Мајкл Холт;
Дејвид Грејс 4:3 Мајкл Вајт;
Бери Пинчес 1:4 Јан Бингтао;
Бен Вуластон 4:2 Лианг Венбо;
Динг Џунхуи 4:0 Јуан СиЏун;
Алан Тејлор 0:4 Тепчаја Ан-Нух;
Џад Трамп 4:3 Лука Бресел;
Скот Доналдсон 4:1 Марк Ален;
Жао Ксинтонг 4:0 Лукас Клекерс;
Доминик Дејл 2:4 Али Картер;
Игор Фигеиредо 4:3 Жао Џианбо;
Курт Мафлин 4:1 Рајан Деј;
Џон Хигинс 4:0 Метју Селт;
Метју Стивенс 2:4 Рони О'Саливен;

19 ноември 2020
Прв ден - Осмина финале:

Џад Трамп 4:1 Мартин Гоулд;
Нопон Саенгкам 2:4 Скот Доналдсон;
Мајкл Холт 3:4 Дејвид Грејс;
Јан Бингтао 4:3 Жао Ксинтонг;
Бен Вуластон 2:4 Али Картер;
Игор Фигеиредо 1:4 Курт Мафлин;
Џон Хигинс : Динг Џунхуи;
Тепчаја Ан-Нух : Рони О'Саливен;

Денес, петок, 20 ноември 2020, во четвртина финалето на Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Скот Доналдсон;
Али Картер - Курт Мафлин;
Дејвид Грејс - Јан Бингтао;
Динг Џунхуи - Рони О'Саливен.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Северноирско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 19 ноември 2020 до 22 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

19 ноември 2020
Прв ден - 16-на финале;

Енди Хикс 3:4 Мартин Гоулд;
Нопон Саенгкам 4:0 Стифен Мегваер;
Кајрен Вилсон 2:4 Мајкл Холт;
Дејвид Грејс 4:3 Мајкл Вајт;
Бери Пинчес 1:4 Јан Бингтао;
Бен Вуластон 4:2 Лианг Венбо;
Динг Џунхуи 4:0 Јуан СиЏун;
Алан Тејлор 0:4 Тепчаја Ан-Нух;
Џад Трамп 4:3 Лука Бресел;
Скот Доналдсон 4:1 Марк Ален;
Жао Ксинтонг 4:0 Лукас Клекерс;
Доминик Дејл 2:4 Али Картер;
Игор Фигеиредо 4:3 Жао Џианбо;
Курт Мафлин 4:1 Рајан Деј;
Џон Хигинс 4:0 Метју Селт;
Метју Стивенс 2:4 Рони О'Саливен;

19 ноември 2020
Прв ден - Осмина финале:

Џад Трамп 4:1 Мартин Гоулд;
Нопон Саенгкам 2:4 Скот Доналдсон;
Мајкл Холт 3:4 Дејвид Грејс;
Јан Бингтао 4:3 Жао Ксинтонг;
Бен Вуластон 2:4 Али Картер;
Игор Фигеиредо 1:4 Курт Мафлин;
Џон Хигинс : Динг Џунхуи;
Тепчаја Ан-Нух : Рони О'Саливен;

Денес, петок, 20 ноември 2020, во четвртина финалето на Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Скот Доналдсон;
Али Картер - Курт Мафлин;
Дејвид Грејс - Јан Бингтао;
Динг Џунхуи - Рони О'Саливен.
Добро бе и ти си чекал Динг да победи. Кај си со денови? :P
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
За одбележување на Северна Ирска опен е 5 максимум од 147 поени во кариерата на Џад Трамп, но мислам дека Трамп нема да ги достигне оние 15 максимуми од 147 поени на Рони О' Саливен тоа е тешко достижно.

Трамп ќе биде рекордер по бројот на троцифрени брејкови, моментално Рони О' Саливен синоќа го направи 1066 троцифрен брејк, Трамп и Робертсон имаат по 743 троцифрени брејкови но младоста е предноста на Трамп кој е 6 години помлад од Робертсон и Робертсон порано ќе ја заврши кариерата од Трамп еден ден. Самиот Трамп своевремено даде изјава во која истакна дека смета дека ќе стигне до 1500 троцифрени брејкови во кариера. Со оглед дека е на 31 година и е на пола кариера со 743 троцифрени брејкови има шанси да стигне до 1500.

Рони О' Саливен беше во одредени моменти во кариерата несериозен, прескокнуваше многу турнири и со тоа е краток сигурно за најмалку 200 троцифрени брејкови, за време на корона лок-даунот О' Саливен рече дека во оваа 2020/2021 сезона ќе има сериозен пристап и дека ќе игра на секој можен турнир но пак е несериозен, не учествуваше на квалификациите за Германскиот мастерс.

Трамп е инспириран на овој турнир, му се допаѓа трофејот кој го носи името на Алекс Хигинс легендата.

Мене лично меѓу поомилените турнири ми се Шампион на шампионите ( турнирот кој пред две недели се одржа и кој го освои Марк Ален), УК шампионатот ( почнува на 23 Ноември и ќе трае до 6 Декември) и Шкотска Опен - трофеј кој го носи името на легендата Стивен Хендри. Овие 3 турнири баш ги сакам кога се одржуваат.
Автоматски споено мислење:

Добро бе и ти си чекал Динг да победи. Кај си со денови? :P
Да не ти е Динг меѓу поомилените играчи?
Симпа играч е Динг за мене, се надевам еден ден ќе успее да го освои Светското и да комплетира ''Трипл круната''.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Синоќе го гледав Рони и беше прилично добра игра. Дечково од Тајланд е интересен играч, брз, мада му фали искуство и греши тривијални удари... Во секој случај надежен играч..
Ги гледав двата меча на Ален и беа катастрофално досадни. (бар за мене).
Трамп ми е чуден последно време ми остава впечаток дека не е фокусиран.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Уште не знам зошто се облекуваат ко конобари.

Кај гледате? На СК вчера немаше (имам СК1-6). Колку ми беше досадно што земав голф да гледам. Тоа е кулминација на досадата. Ако има снукер на СК може ќе има некаков спас. :angel:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Уште не знам зошто се облекуваат ко конобари.

Кај гледате? На СК вчера немаше (имам СК1-6). Колку ми беше досадно што земав голф да гледам. Тоа е кулминација на досадата. Ако има снукер на СК може ќе има некаков спас. :angel:
Ги даваат на Еуроспорт1.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom