Тоа што фали кај нас е елементарна писменост за тоа што се дроги, како функционираат и колкава е нивната штетност. Повеќето, најчесто поради глупа пропаганда и неукост, имаат утната перцепција за дрогите и нивната опасност. Секоја психоактивна супстанција е дрога, вклучувајќи го и алкохолот кој, воглавно, се смета за една од најштетните дроги и на општествен план и на индивидуален психофизички план. Ама сите знаеме дека многумина пијат умерено и не наидуваат на фрки поради алкохол бидејќи не се екстремни случаи на алкоси кои пијат шпиритус, јадат цироза, депресија и алкохолна психоза. Ако алкохолот, според сите истражувања и сознанија, се смета за една од најштетните дроги, не ви текнало дека е можно многу од другите дроги, вклучувајќи го и канабисот, да не се штетни ако се конзумирани у умерени дози?
У Џон Хопкинс више искочија песто милијарди студии за бенефитното дејство на психоделични супстанции за третирање ментални растројства, МДМА и остали психоделици се експериментална терапија у многу земји за третирање депресија, а овде уште мислат дека грас пушат само мрзливи хипици на кои им смрдат чорапите и не се бањаат, ебаве неписмените. Не само овде, поголемиот дел од луѓето, во поголемиот дел од светот веројатно. Кога некој идиот, после 5-ата ракија, ќе почне да паламуди како мрзи наркомани што пушат грас, ми иде да си свирнам куршум у глава. Од друга страна, ги има оние од Зелена Опција што мислат дека грасот лечи рак, аутизам, дијабет и практично секоја болест што постои. Таа искривена перцепција за гането како омнилек, најдобар за секој, е истиот проблем, на другата страна од паричката, исто така поради лични пристрасности и необјективност.
Грасот, како и повеќето психоактивни супстанции, во дадени ситуации, за некои луѓе, може да биде штетен, за други не толку. Има луѓе што не толерираат ТХЦ и јадат панични напади и паранои дури и од два дима. На други им прија и пушат повремено, у социјален контекст или поради определен повод. Трети се стонери што стрепаат и трошат доста пари за гане пошто не можат да бидат функционални без 5 фиша дневно. Некои пушат грас повише од 30 год. и се најнормални луѓе, со најнормални навики, комплетно функционални на секој план. Некои праат 100 mg MDMA на 6 недели, у терапевтски контекст и тоа им помага за балансирање на серотонинот и третирање на симптоми на ПТСД и депресија. Други кркаат 5 табли у една вечер на журка, после се депресивни 2 недели и сјебан им е цел биоритам определен период итн. итн.
Поентата е дека секоја психоактивна супстанција, конзумирана у определени количини, од определени луѓе, на определен начин, може да биде полезна, неутрално бенигна или штетна, зависно од икс фактори. Тоа глупо црно бело размислуење за било што е причина за мал милион мисконцепции и вредносни судови кои не се базирани на едуциран став донесен од објективно согледување на информациите, туку на предрасуди и емоции.